Untitled 31 Movie Per Day Challenge

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.422
2/31 Mile 22

Ова го почнав синоќа (пак најден случајно на Netflix), ама сум заспал, па еве на 23.03 го догледувам. Многу лош филм! Марк Волберг и Меги Ри од The Walking Dead се американски оперативци со мисија да префлат еден Азијат кој поим немам каква улога играше освен што знаеше некаков пасворд со кој требаше да деактивираат некакво нуклеарно оружје, од точка А до точка Б, оддалечени 22 милји една од друга (од таму глупавото име на филмот), додека група bad-guys Азијати што повеќе личеа на Мексиканци (???) им попречуваа во мисијата, а притоа и Русија беше замешана (на почетокот на филмот на радио се пренесуваше некаква вест за руско-украинскиот конфликт, претпоставувам од 2014). И целото ова беше исто интересно ко да гледаш Кантер страјк. Досадно до бесвест. Од што ми беше досадно, дури и не се вложив дополнително да сфатам кој што е, како Русија е замешана, кој чиј агент е, и што по ѓаволите се дешава. Не го гледајте! 3/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.209
23 (1998)


Реков дека посебно ми се свиѓаат европски филмови снимени во 80-90те години од минатиот век, со целиот тој социјален статус во кои се наоѓаат тие земји. Надвор од Британија слаб сум со ваквите филмови и посебно ми е мерак кога неочекувано ќе налетам на таков.

Германија 1985та година, едни млади дечки, анархисти по убедување, на некој начин опседнати со бројот 23 и приказните за илуминати и масони, преку ситни хакерски финти влагаат во системи и се забавуваат со тоа, интересно им е но ништо опасно и ништо големо во тоа што го прават. Додека не добијат понуда за малце посложено и покомплицирано хакерство каде во игра влагаат големи играчи со што и влогот е голем во работата за која се задолжени. Не е ова филм за гикови и нивното мајсторство со компјутерите иако тоа е главната тема која го движи филмов. Опфатен е и психолошкиот товар што го носи задачата, теориите на заговор и слично.

Дечково на сликата е тој од Копилињата на Тарантино што ќе ги измеша прстите и ќе добие метак у јајца. Ова е негов деби филм и многу добро ја изнесе улогата, баш добар настап со што му даваше динамика на самиот филм кој е малце спор и можда неинтересен но има некој интересен тек и трилер со што те држи у внимание.

Посебно ме израдува фактот што ова правено по вистинска приказна.

Се мислев дали 3.5 или 4, на крај поради актерот, вистинската приказна, атмосферата ќе му стаам 4ка.
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
23

Истиот сме го гледале, ми се свиѓаше и мене, интересна плус вистинска приказна.
Од некои искрени идеали завлагаш во некои трети работи и забораваш и се губиш од тоа шго си бил, станав вујко, а овој бил и креаторот на вирусов Тројански Коњ(или ја создал основата).
Илуминати, 23, хакери, кока, параноја.. солидно, 7/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.209
24 Weeks (24 Wochen) (2016)


Ниеден торент не работи и таман да се откажам, @123456 ми помогна и ми го прати.

Германски филм од 2016та година. Се работи за еден пар, дечко и девојка која е трудна но докторите ќе им кажат дека нивното дете ќе се роди со даунов синдром, малце покасно ќе откријат и срцева маана. Они двајца тоа го прифаќаат и одлучуваат детето да се роди и да го израснат.
Се додека не се постави она прашање, нели, зошто мора да се роди такво. Тоа е и поентата на филмов, ги поставува оние прашања кои беа многу актуелни тоа време ако не се лажам, за абортусот.
Добро се прикажани и двете страни на паричката што би се рекло, не наведува на една страна иако на почетокот помислив дека тоа и ќе се дешава, што би ме нервирало. Вака, изедначено.
Дискутирана е оваа тема ама би било интересно преку филм да се разговара за истата. Само еден од форумов го има гледано филмов според летербокс, ама тој не е активен мислам. Ако не најдам боље и ако не го забораам доека ми дојде редот, може да го добиете у филм клубот.

4/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.209
25 Watts (2001)


Сакав тој 25км/ч германскиот што е на листава да го гледам, ама не постои на интернетов. Боље документарецот за Bad на Мајкл Џексон да глеав него ова подоле што ќе го зборам. Најдов и еден полски ама тој го остаив за Полска коа ќе дојде на ред у европската Филмовижн тема.

Овој е уругвајски, ете нека ми стои у листата дека и од Уругвај иам гледано филм.

Саат ипол трае ама изгледа ко у Интерстелар коа ќе забегаат у водата овие. Од 12 саат го глеам, на 540 рати ебате.
Тројца дноцковци се моткаат натака навака низ Монтевидео, нешо праат, безделничат, ништо онака, нешто интересно да речеш. Црно бел мртов филм, бар у боја да беше да глеав нешто низ Уругвај вака куровми ебате, скапав од досада.
Комедија некоја што знам, можда има некоја поента, некоја социолошка критика или што кур знам, не сум Диего Форлан па да сум запознаен со социјалниот статус на Уругвај од почетокот на новиов век.

1 ќе му стаам, ми е гајле.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Вчера вонредно беше, македонско-италијанска копродукција се гледаше, после тоа немаше шанса за филм.

Twenty-Four Eyes

Нова учителка доаѓа во едно местенце во Јапонија и создава силна поврзаност со 12те деца од нејзиниот прв клас, за време на школото и после.
Дејството започнува во касните 20ти и преку учителката, која патем беше срцка, го следиме нејзиниот и одредени настани од животот на децата во еден тежок период на сиромаштија и војни, но ништо од тоа не е прикажано, цело време сме со учителката и нејзината искреност и добрина.
Може да се гледа и како анти воен филм и како филм за цврстината и отпорноста да се турка и покрај многу тешкотии и трагедии.
Добра глума, меланхоличен саундтрак и атмосфера ама специфично измешано и со ведрина и позитивност.. Убаво ме допре 8/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
25th Hour

Едвард Нортон треба да оди во затвор на подолго време и го следиме последниот негов ден на слобода и неговото преиспитување на минатото, сегашноста и стравот од иднината.
Ми беше интересен иако скоро од секој аспект освен што имаше добро имаше и по нешто слабо. На моменти чудна монтажа, вишок сцени, сценарио што варира, голем дел од споредните ликови на моменти делуваа многу шаблонски...
Сепак ликот, а и самата изведбата на Едвард Нортон успеа да ме натера да се грижам за него и да ме држи заинтересиран скоро цело време.. 7/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.209
Денес ќе играм педерски пошто на изборот има еден кинески и еден Боливуд. Мислам не е проблем што се такви иако траат повеќе од 2 саати, колку што тајмингот е лош, сабота а сонце пука надвор.
А и ко за беља баш Норвешка се падна у Филмовижнот а баш од таму имам на тапет едно 3-4 филмови што ми се планирани уште пред Нова година.

Плус, можам да си дозволам малце луксуз пошто се тркам сам со себе секој ден од први март навака. А и секако никого не го интересира темава нит па што праам јас во истата и дали се придржувам до небитните правила кои сам ги поставив.
Ама перфекционистот во мене не дозволува да се откажам па така за денес одбрав 2 филма. Кратки.

Имам гледано 3-4 кратки филмови од Скорсезе и Нолан во минатото.

Првиот од двата денешни е
Apartamentul 26 (2013)

Романски, као трилер фантазија ќе му дојде некако. Една девојка изнајмува стан и не може да искочи од него. Има интересна музика у позадина што дава интересна трилер атмосфера, малце параноја, страв, паника. Аматерски ама океј изведено.

Не знам да гледам кратки филмови и не знам да паметувам на истите. Тоа е тоа, се срамам само, али кој кур коа можеше Анон една година у мувиспотинг да стави 900 кратки филмови, можам и јас тука. hhh

Другиот
11 Minutes 26 Seconds (2014)

е британски, направен како документарец за една исчезната 17 годишна девојка каде интервјуирани се мајката, таткото и нејзината другарка. Сите тројца различно се однесуваат и различно ја прифаќаат ситуацијата додека случајно не се открие еден момент кој е малце збунувачки ама пошто е краток небитен јутуб филм, ме боли кур.

Поздрав и се гледаме утре со Џаред Лето како го пука Џон Ленон.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.730
Поени од реакции
33.422
А и секако никого не го интересира темава нит па што праам јас во истата
Не е точно тоа! Јас ја читам секоја рецензија и си ставам во watchlist филмчиња.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Special 26

Вика според вистинска приказна, инаку многу интересен хајст филм, ама 2-3 песни и еден сосема непотребен дел со романса ми зезнаа малку работа во уживањето... 6,5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.209
Chapter 27 (2007)


Aу колку лошо. Непријатно лошо. Најнепотребниот, најдосадниот и најглупиот филм воопшто снимен. Најглупата идеја за проект во историјата на сите идеи на човековиот мозок. Филм за убиецот на Џон Ленон. И ништо друго. Што е ова? Зошто некого би го интересирало ова?
Саат и дваесет минути траат ко 2 дена.

Чист 1.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Поради промената кај мене наведена во една од речениците за филмот гледан на 23ти, јас тука го завршувам предизвикот, здравје ќе ги догледам во некој нареден период... Нека слави Џонтра титула :D
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.209
28 Days Later... (2002)



Tомас Шелби односно Килијан Марфи бега од зомбиња.
Филм на Дени Бојл каде се случува еден хаос со инфицирани мајмуни од кои ќе се развие вирус кој ја напаѓа крвта и се пренесува преку истата.
28 дена подоцна, Џим се буди од кома и сфаќа дека нема никој околу него, набрзо се запознава со двајца преживеани и одат натака навака во потрага по неинфицирани луѓе и спас од ситуацијата.

Не ми беше интересен, касно ноќеска го пуштив, сеа пред малце го догледав. Досадно, ништо посебно, онака мех.
3.

Поради промената кај мене наведена во една од речениците за филмот гледан на 23ти, јас тука го завршувам предизвикот, здравје ќе ги догледам во некој нареден период... Нека слави Џонтра титула :D
Добро е и до тука што ме следеше некој, јас очекував сам да се дружам низ темава. :D
Од 25ти навака се влечам и јас, пред откажување сум ама ај имам слободно време до крајот на месецов па ќе издржам.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.209
29th Street (1991)


Вистинска приказна за Френк Пеш, италијански-американец од Њу Јорк, добитник на награда од 6.2 милиони долари на првата американска лотарија.
Десно на сликата е Френк, кој иначе е и актер и во филмот ја има улогата на неговиот брат. Тој у средина (Дени Ајело) им е татко а тој лево го игра Френк Пеши.

Драма комедија, од оние класичните драми за италијанци у Њу Јорк, ко Гудфелас, Bronx Tale, тој стил само што овде има доста комедија и лабав тон. Негде пишуваше ко микс од Гудфелас и Its a Wonderful Life. Се приметува копирање на Мартин Скорсезе, со наратор, добра музика и слично.

Добар филм стварно, многу слаба популарност има низ интернетов, едвај го најдов да го гледам онлајн, на торенти не постои.

Приказната е таа, животот на Френк со семејството пред да добие на лотарија, доста добар емотивен крај има и стварно делува нереално се ова што му се случило на Пеш. Најсреќниот човек на светот. Не хепи, туку лаки.
Починал минатиот месец на 6ти февруари.

3.5 сеа за сеа до следно гледање, здравје со поубава снимка и боље момент. Филм што вреди да се погледне, во секој случај.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.001
Поени од реакции
55.209
Zero Dark Thirty (2012)


Вистинска приказна за неколку годишната потера по Осама Бин Ладен.
Два ипол часовна драма-акција со Џесика Честеин во главната улога.

Добар филм, опфатени се околу 10тина години во периодот после 9ти септември до конечното убивање на лидерот на Ал Каеда.
Си водеше истрага ЦИА, немам некои замерки, неам ни некои претерани пофалби. Нема многу многу акција односно пукање и слично, воено-детективска-трилер-акција вака да испаметувам малце.

Тоа е тоа нема што многу да се коментира.

3.5 оценка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom