Еден од корејските филмови што цел живот ми стоел у watchlist, само се натегав да го пуштам и се за некој друг се одлучував. Да не дрлавам многу оти реално се што ќе спомнам plotwise може да биде спојлер, а верујте не сакате да знаете спојлери пред да го гледате филмов.
Одлична кинематографија и глума, сосема нормално нешто за корејски филм. Добар хорор амбиент со неколку језиви моменти, али со предобро темпо.
Нигериски филм на нетфликс . Политички трилер со фокус на мито и корупција и обид да се искорени тоа. Заплетот е поврзан со избори и гласачки ливчиња и генерално филмов уствари потсеќаше на нашево дупче.
Сепак делува дека филмов е правен од некој што генерално знае што сака да раскаже ама нема доволно искуство/знаење. Продукцијата делуваше малку евтино, сумњива глума со исклучок на еден-двајца... Севкупно слабо, ама гледливо, 5,5/10
5 дена поминаа а ми скурчи веќе да морам да гледам филм и згора на тоа да морам да гледам филм каде изборот е лимитиран и морам да се одлучам за еден од тие 2-3-4-5 понудени. Ама перфекционистот у мене гарант ќе ме движи уште некое време а ништо чудно и да победи на крај па така да го завршам месецов со 31/31. Ментален сум малце у главата коа ќе се зафатам со некои вакви заебанции. Една година се решив да гледам филмови од најразлични земји на светот, па забегав со све и свашта, не знам кај ми е листата баш да видам колку успеав да изгледам. Небитно.
За филмов.
Боби потекнува од богато семејство на угледни музичари меѓу кои и тој самиот е пијанист, но, му здосадил таквиот стил на живот па одлучил да го напушти семејството и да живее нормален живот, да речеме. Има девојка, работи на нафтена платформа, има пријатели, едноставно го живее нормалниот мирен просечен живот. Но, по една средба со сестра му ќе мора да се врати во родното место за да го посети татко му кој е тешко болен.
Во оваа спора драма следиме карактеризација на еден себичен, дрзок, арогантен, надмен и човек разочаран од животот кој го изгубил правецот и лута во потрага по себеси и она што го исполнува.
За мој вкус малце споро а и сум гледал поквалитетни и поинтересни филмови на слична тема. Не е лош филм ама не е ни нешто уау.
Џек Николсон си го носи ликот како што треба, за што е почастен и со номинација за Оскар. Негова прва. Филмов има вкупно 4 номинации меѓу кои и онаа за најдобар филм на годината.
Претходната ноќ малку спиев и денес цел ден сум ко поспан, филмов го пуштив пред 2 саати и не трепнав.
Морален и филозофски ролеркоустер со врвно сценарио, глума и камера.
Преовладуваат дијалози, слични вибрации на My Dinner With Andre, The Man who fell on earth.. само копа подлабоко во човечката душа и морални дилеми.. 9/10

Финско-руски филм. Филм што уште еднаш ми покажа дека европското кино последните 10 години е далеку пред Холивуд. Ова всушност е реалниот Before Sunrisе . Предобра камера, многу ми се допадна. Глумата исто на ниво. Ми се допадна амбиентот во возот, го гледам јутуберот Bald and Bankrupt кој патува низ екс СССР земјите и токму патувањата се во вакви возови. Ми се допадна ликот на Лјоха. Тоа е денешниот неразбран, изолиран обичен човек кој што утехата ја бара во пиење и нема храброст да се отвори пред некој.
Прво мислев да го репризирам 6то сетило, па ми текна дека можам да го репризирам било кога а целта на темава беше да се гледаат филмови што ретко кога би ги одбрал у рандом ден. А и, 6то сетило е интересен два пати, првиот пат коа те остава шокиран, вториот пат за да ги увидиш ситните детали и приказната со веќе познат спојлер, трет пат може и да не ти е добар. Ја 2 пати го иам глеано.
Мислев и овој над мене, викам таман финци ќе слушам, интересен јазик, убаво ќе ми биде ама прочитав од Злате во темата за Оскари дека скоро цело време се збори на руски и викам ај батали а и некако ме мрзи денес да гледам спора драма.
Така да, се одлучив за The Six Million Dollar Man (1973)
Филм претходник на мини серија со истото име. Саат и 15 минути трае и ми се виде таман избор, пошто ме мрзи да глеам филм денес, има фудбал а и ме фаќа некоја досада од мртвово време.
Стив Остин е астронаут, тест пилот во Наса, на една од вежбите ќе доживее катастрофална несреќа каде ќе остане без нозе, рака, око, едноставно речено тежок инвалид. Еден од големците ќе нареди да се склопи човеков како знаат и умеат, со модерна технологија, протези, вештачко око, да се оспособи да постои и да работи за службата.
Милиони и милиони долари се потрошени на негова рекреирање и рехабилитирање.
Го претворија во робот со чувства и емоции или познато како киборг, кој подоцна ќе го користат за разно разни потреби.
Не е лош филмов, од денешна гледна точка е мех, ама за тоа време можеби имал поголема тежина.
Како што кажав, снимена е и серија по истата идеја.
Супер филгуд филмче. Во зграда со релативно богати семејства во Франција, живеат у поткровје(шестиот кат) и собарките за секој стан, иначе Шпањолки. Филмов е фокусиран на еден од богаташиве, кој е заглавен во секојдневен, ладен и досаден живот, кој после заминувањето на старата слугинка и доаѓањето на новата (помлада и убава) почнува да се интересира за топлиот и жив шести кат.
Не очекував нешто многу и баш бев пријатно изненаден од филмчево, насмевка скоро цело време.. 7,5/10
Ме мрзеше да барам филм на своја рака па избрав нешто од понудените на прва страна. Изборот се сведе на овој филм или Seven Years in Tibet. Мислам дека не згрешив.
Ретко гледам филмови со Вил Смит, ама тие што му ги имам гледано ми биле одлични. Е сеа, филмов почна малце тапа и мислев дека ќе биде некој досаден филм. Трае цели 2 часа, а во првите час и половина уствари немате појма што се случува, ниту пак зошто. Мене ме остави збунет, цело време мислев дека пропуштам нешто од приказнава или пак не сфаќам што се случува.
Последните 30 минути се одмотува клопчето и станува јасно зошто уствари Бен (Вил Смит) го прави сето тоа. Нема да откривам ништо друго. На повеќето гледам веќе ви е логнат на LB, тие што го немате гледано топла препорака.

Се имам истурено од плачење на филмов, баш се присетив на него кога исто така се истурив од плачење на еден корејски филм Oasis пред некое време. Да не беа седумте самураи на листава, ќе го прегледав овој. Али долго време му се токмам на Седумте самураи.
Шведски филм, популарен меѓу Кајгана филм фановите. Рицар заедно со својот придружник се враќаат дома, после Крстоносна војна. По пат се среќаваат со неколку интересни лика кои што им се придружуваат на патешествието. Ова се последните денови од животот на Рицарот, кој што е посетен од смртта (himself). Рицарот предложува на смртта да играат шах (ова е јако ) и во зависност од победникот ке биде исполнета неговата желба, соодветно- живот и смрт. Мене лично не ми се допадна многу филмот. Ги мразам тие религиски тупења и говори. Во тоа време тоа било нормално, да. Нај, така, добар лик ми се издвои придружникот на Антониус(Рицарот), знаеше да внесе некој позитивизам.
Самата порака на филмот е јасна:
Ова е втор филм на Бергман што го гледам во краток период. Пред некоја недела го гледав Autumn Sonata, и таму умрев од досада. Не ми лежи неговиот стил, дефинитивно. 3,5/5
Убава емотивна драма со Вил Смит и Росарио Досон во главните улоги, и малце Вуди Харелдсон.
Не би сакал и јас да откријам што е поентата на филмот иако режисерот не ни има намера да го сокрие тоа. Јас го сконтав уште во сцената кога Бен изнајми соба во мотелот и го отвори весникот.
Со оглед на тоа што е чиста драма не очекував некој пресврт и нешто неочекувано, само чекав да видам дали е тоа тоа.
Бен е човек што навидум случајно влегува во животите на рандом луѓе и им помага односно сака да им помогне на истите. Приказната е повеќе централизирана на неговиот однос со Емили и нивното постепено заљубување. Покрај тоа следиме уште 2-3 приказни кои не добиваат толку многу внимание.
Мене тие делови некако ми сметаа пошто одзимаше од времето а јасно беше дека режисерот сака да не вовлече во љубовната романса помеѓу овие двајца што следи во продолжение.
Не ми сметаа толку многу колку што го трошеа времето а не беа нешто особено разработени.
Јас на друг начин би го изиграл ова, со мала доза на мистерија. Ама, идејата на режисерот е сосема друга и не сака да го гледате филмот само за да го дочекате плот твистот односно за да ви се разјасни нејасното. Кој ќе сфати рано ќе продолжи да го следи истото а кој не, ќе биде изненаден. Има погодок тука и во двата начина.
Спор тек има филмот, чиста драма и доста емотивен приказ на една морална одговорност.
Искрено мене ми беше малце досаден и не ме допре нешто посебно емотивно. Ама поштувам.
Неам многу филмови изгледано со Вил Смит али од секад сум го ценел, 3 филма иам изгледано со него и во сите три бил супер. Росарио Досон ми е многу секси појава.
На истава тематика ми текнуваат уште два филма во различни жанрови.
Комитава ги нема гледано, бар според летербокс и сеа се мислам дали да му откријам или да чекам да заборави и некако да му го подметнам вториов филм во спојлерот.
Ќе ги стаам у спојлер (а и за вас што го немате гледано филмов погоре, да не ви се упропасти) па ако сака нека ги отвори, само што едниот е со плот твист и ќе му се уништи дојамот.
Hard Eight хехе утре може да го глеа.
Тука преку крими трилер ПТА ни прикажува една грижа на совест и исправање неправди од минатото.
Другиот прејак филм и еден од моите омилени е The Machinist
Каде преку мистерија и плот твист ни се разјаснува состојбата во која се наоѓа господинот Кристијан Бејл.

Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.