UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.624
Поени од реакции
21.908
Нема врска ова, Шпанија имаа најдобри резултати кога цел тим им беше од Каталонија.
Мешаш баби и жаби.
Првин Каталонија како што кажа Рикен е составен дел од Шпанија и сигурно има голем број од каталонци кои се претставуваат како шпанци и се горди со тоа.
Второ, тие играчи немаат друга репрезентација која би ја преставувале. Они може да се прават Че Гевара во своето приватно време ама кога се работи за нацијата се знае...а и освен еден-двајца што низ историјата изјавиле нешто за Каталонија, другите и да немаат воопшто интерес. Од друга страна како пример земи го Јасир Асани кој е роден и израснат во Македонија, трениран во Вардар а направи се за да игра за Албанија. Тој сигурно и дремел на трибина со шверцери и пеел контра Македонија иако има и настапувано за младите селекции.
Трето, мојот пост ги таргетираше повеќе играчите со различна боја на кожа и вера.
Има многу голема разлика од каталонци во Шпанија и ова што го зборам. Да имаше текст шпанската химна ќе видиш како ќе ја пееа сите во хор.
А и еве гледам си го спомнал референдумот. Провери ги бројките на референдумот, само 2.2 мил гласале од вкупно 5.3 мил. Тоа е далеку од - "не се идентификуваат ко шпанци"
Разгледав и сега малку, последните анкети покажуваат дека едвај 30 и нешто проценти од населението сакаат отцепување од Шпанија. Ако ваква анкета се спроведе во Тетово и Гостивар мислиш процентот ќе биде 30-40%? Или па Република Српска, Санџак, делови од Црна Гора...?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.809
Поени од реакции
13.409
Во стартна 11ка на Англија од Италија би влезел едино Барела во среден ред и Бастони, Димарко, Донарума во одбрана. На сите други позиции Англија има поквалитетен играч. Не би ги ставил како прв фаворит на првенството но во дуел со Италија да, барем на хартија се. Сепак побитно е како играчите се надополнуваат и функционираат на терен отколку кој има појак тим на хартија.
Значи 4 играчи би биле од Италија, а 7 од Англија. Ова не е толкава разлика како што сакате да ја претставите. На ова додај го и тоа што Спалети и со мозочен удар би го земал пред Саутгејт. Да, Англија е поголем фаворит од Италија, ама мене поентата не ми беше дека Италија е подобра, туку дека е потценета.
Ако треба да рангирам фаворити, тоа би биле Англија и Франција во прв ешалон, па Германија, Италија и Португалија во втор. Шпанциве ми се многу преценети, тоа брзо ќе го видиме во директниот дуел со Италија.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.529
Поени од реакции
5.561
Во стартна 11ка на Англија од Италија би влезел едино Барела во среден ред и Бастони, Димарко, Донарума во одбрана. На сите други позиции Англија има поквалитетен играч. Не би ги ставил како прв фаворит на првенството но во дуел со Италија да, барем на хартија се. Сепак побитно е како играчите се надополнуваат и функционираат на терен отколку кој има појак тим на хартија.
Англија ради хајпот секогаш и го јадела што на терен што навивачите надвор на улица и по пабови.

Коа збориме за на хартија, Англија секогаш ќе биде фаворит или во топ 3 само заради тој хајп. Следам и Премиер лига и Серија А и верувај на терен, на око и не дека толку е голема разликата како на хартија.


Да не го тупам со реферат,
Италија дефанзивно е за класа подобра, Англија Офанзивно е за класа подобра.

Средниот ред за мене е најдискутабилен, Италија ми има подобро избалансиран среден ред со Жоржињо и Барела - Фратези пред него. Рајс ми е единствениот класа Везњак кај Англија, и освен ако не сме ат нешто формациски ќе имаат дупка на тоа место до него пошто ни ТАА ниту една од другите опции што ги има Англија не може да ја покрие позицијата. Белингам си е предобра 10ка и тука Италија нема играч којшто би можел да се спореди. Убиствен играч, еден од најдобрите на негова позиција.

Само заради формацијата средината би им ја дал на Италија, заради балансот. Пошто ми фали 1 играч а Италија ми е комплет таму. Иако Белингам и Рајс се светска класа играчи, нема збор за тоа.


Иначе, мислам дека овој состав на Англија е може најслаб на хартија може во последниве 15тина години.особено коа ќе им ја видиш и клупата (комплет сите играчи што ги понеле)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.441
Поени од реакции
35.993

...како што се гледа од снимката кафич/паб си имаше закачено српско знаме каде српски навивачи највероватно го резервирале целиот објект групно навивачите да се освежат, кои тоа дошле и ја испровоцирале цела ситуација на тие што си пиеле во резервираниот кафич/паб ??

:pistoldz:
 
Последно уредено:

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.922
Поени од реакции
24.563

...како што се гледа од снимката кафич/паб си имаше закачено српско знаме каде српски навивачи највероватно го резервирале целиот објект групно навивачите да се освежат, кои тоа дошле и ја испровоцирале цела ситуација на тие што си пиеле во резервираниот кафич/паб ??

:pistoldz:
Имаш посебна тема за ова, повели.

Оваа тема е за фудбалските натпревари и случувањата кои што се случуваат на теренот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.441
Поени од реакции
35.993
Имаш посебна тема за ова, повели.

Оваа тема е за фудбалските натпревари и случувањата кои што се случуваат на теренот.
...знам, постирав таму со коментар и подолг пост, овде само информативно како што погорниот член постирал за „косицата со меме“, а не ти пречи си реков да ја видите и тепачката, ништо страшно од едно видео ако го има и тука!:(
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.272
Поени од реакции
11.820
Португалија вечер момци... Запамтете ми го зборот.. Финале не им бега..
Сомнителни се само поради тоа што то имаат Мартинез на клупа. Типот до сега нема ниту еден позначаен успех. Од рангот на Мацари е типот. Златната генерација на Белгија ја водеше, и добри бе во групи ама никако да го направеа тој чекор плус со него.

Составот им е боли глава, заедно со Франција најсилни репки.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.529
Поени од реакции
5.561
Сомнителни се само поради тоа што то имаат Мартинез на клупа. Типот до сега нема ниту еден позначаен успех. Од рангот на Мацари е типот. Златната генерација на Белгија ја водеше, и добри бе во групи ама никако да го направеа тој чекор плус со него.

Составот им е боли глава, заедно со Франција најсилни репки.
Буквално 0 слаби алки имаат во тим. Одлично избалансирани, на секоја позиција покриени со добар играч. Се зависи како ќе се постават ама одличен баланс имаат помеѓу искуство, уиграност, талент и свежина.

Очекувам многу и Роналдо да влијае тука, сигурно ќе сака успех, може последен голем турнир му е веќе. Осеќам ќе пружат борбеност и ќе дадат се од себе.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.104
Поени од реакции
8.378
Србиве се луди, не се нормални, седам со 3ца денес и анализираме ко овде на форумов, и еден вика србиве ги пуштиле англичаниве првите 20тина минути да играат и после од кога овие се измориле (пази се измориле, како да се работи за играчи од македонска лига), презеле иницијатива и штета што не победиле а не направија ни полу шанса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom