UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

Член од
14 април 2012
Мислења
31.856
Поени од реакции
63.621
Не е дефинитивно одлучено дека ќе прави операција.

Ваљда ќе пропушти групна фаза и ќе тера елиминации со маска.
Бреј, Романо дно пробил изгледа. На твитот што го избришал, пишуваше дека инфото е од Француската Федерација.

Едит. Сум го оставил табот отворен заради избришаниот пост на @Tyler Durden , па може да направам принт скрин.

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.232
Поени од реакции
57.025
А која друга екипа има повеќе класа играчи, кои се моментално во врвна форма?
Уште со прашањево спинуваш маме му ебам. :D
Маубетот почна од таму каде што Сака Зулу рече дека Англија била прв фаворит пошто имала 3-4 играчи кои се у одлична форма на што му реплицирав со исто толку па дури и повеќе италијанци кои истотака се у одлична форма.
Ги потценува тие од Болоња и Торино а у Англија има играчи од Евертон, Кристал Палас, Њукасл и слични боза екипи.

Е сеа италијанците може имаат 2-3ца класа играчи, англичаните 3-4 и не се уопште толку многу прејаки фаворити пред оние што бранат титула и што ги тепаа у финале истиве надувани фаворити.

Франција според мене има најдобар тим со класа играчи со све, комплетна екипа, сеа Дешам што трипа малце е друг муабет, најјаките 11 на Франција се појаки од сите екипи.
Да не мислиш дека Италија ја праам главен фаворит.

Ти што мислиш за составот на Англија? Кои се класа играчи таму?
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.535
Поени од реакции
43.000
Почна да учиш англицизми а? :kafence:

За Англија, ако одиме по мојата дефиниција за класа, т.е. да има изиграно бар неколу години на високо ниво и да биде апсолутен лидер во тимот кој игра (да го носи на грб народски кажано), како класа би го квалификувал само Кејн. Меѓутоа ако им го погледнеме првиот тим, имаш бар уште 4-5 души што имаа одлични сезони од СП 2022 навака и полека се наметнуваат како главни во нивните екипи. Фоден, Белингам, Сака, Рајс, кај сите овие има голем потенцијал, само не сум сигурен и дали има доволно искуство за да кажам дека Англија е главен фаворит. Бидејќи знаеме веќе дека вакви турнири се добиваат и на желба и искуство, не само на хартија. Мада кога ќе видиш, сите беа дел од тимот што стигна до финале во 2021, Фоден и Белингам освоија и ЛШ од тогаш, Рајс освои турнирско натпреварување (Конференција) со Вест Хем и стигнаа до 1/2 финале во ЛЕ, така да и не се до толку млади и неискусни. Секако тука се и Стоунс и Вокер кои кога не беа повредени беа стандардни во Сити.

За клупата се сложувам, ама тука е крив самиот Саутгејт. Можеше да земе некој од Грилиш, Медисон, Рашфорд, колку и да не биле во топ форма сепак се играчи кои решавале сами утакмици, за разлика Езе и сличните на него. Пример Рашфорд во 2022 баш на СП крена форма, па ја пренесе и во Јунајтед таа сезона. Претходно беше помртов и од сезонава.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.409
Поени од реакции
109.082

Па и во Италија имаш многу такви играчи. Бастони, Барела, Димарко, Пелегрини, Фратези, Жоржињо, Киеза, Ди Лоренцо, Донарума, па најново и Скамака, сите имаат освоено титули, кој европска, кој лигашка, кој и двете, и што праиме сеа? :D Го разбирам Џонтра зашо ви коментира така и у право е, веќе години наназад се хајпаат Енглезите пред првенство и на крај дно допираат. На прошлото требаше од Данска да испаднат али ајде се протнаа некако па затоа против Италија им се врати ко бумеранг таа пенал серија. Убаво си пишал за да освоиш турнирско такмичење ти треба тактика, желба и искуство, а Англија од овие ја има само желбата и кај пар играчи искуството, за тактика не може да кажам.

Франција вчера со 50% гас си тепаше рутински, а вака кога ќе го погледне човек целиот тим стварно имаат 2 квалитетни постави да извадат и да бидат конкурентни со сите. Не знам по кој основ кладилниците ја ставиле Англија за прв фаворит али ајде. Јас дури и Шпанија би ја ставил пред Англија зашо тактички се појаки од нив.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.619
Поени од реакции
21.884
За мене еден многу битен фактор во репрезентативните купови несомнено е чувстовото за државата, дисциплината и единството во тимот.
Можеби затоа Белгија долго време нема никакво посебно достигнување и затоа одредени држави кои би ги рекол ''почисти'' секогаш делувале подобро од останатите иако Белгија и те како има искуство и индивидуалци кои можат комотно да исплескаат било која екипа. Ми се чини дека и поразот вчера на Белгија од Словачка беше повеќе на мотивација и срце на терен отколку некој си квалитет кај словаците или неквалитет кај белгијците кои реално немаа баш среќа синојќа ама разликата ја направи тоа што го зборам.
Франција ќе остане како исклучок заради исклучителните резултати ама тоа е затоа што Франција секогаш во своите редови имале топ состав и биле дисциплинирана екипа, работеле во единство. Тоа кај Белгија не го гледам ниту 10%. Ми делуваат на рандом собрана екипа црнци кои првин викаат од каде им се родителите а потоа они каде се родени и каков пасош имаат.
Затоа и Македонија како држава не треба да се замара дали некој си со презиме Демири или Ејупи роден у Хрватска, Шведска или Швајцарија ќе игра за државата во која се родила баба му туку предност треба да се даде на оние кои навистина се чувствуваат македонци. И не може некои грниња ко Озил кои Германија му дале живот каков не би можел ни да си замисли во Турција, да земе да офка цело време и да се слика со Ердоган.
И пеење химна мора да е задолжително бе. Ќе ти ебам ја тебе клошарот од Чаир што протестира против државата каде сите негови роднини се вработени во државна администрација. Државата што му овозможи да живее без да биде газен од србинот на Косово како гомно од запрежна кола.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.535
Поени од реакции
43.000
Па и во Италија имаш многу такви играчи. Бастони, Барела, Димарко, Пелегрини, Фратези, Жоржињо, Киеза, Ди Лоренцо, Донарума, па најново и Скамака, сите имаат освоено титули, кој европска, кој лигашка, кој и двете, и што праиме сеа? :D Го разбирам Џонтра зашо ви коментира така и у право е, веќе години наназад се хајпаат Енглезите пред првенство и на крај дно допираат. На прошлото требаше од Данска да испаднат али ајде се протнаа некако па затоа против Италија им се врати ко бумеранг таа пенал серија. Убаво си пишал за да освоиш турнирско такмичење ти треба тактика, желба и искуство, а Англија од овие ја има само желбата и кај пар играчи искуството, за тактика не може да кажам.

Франција вчера со 50% гас си тепаше рутински, а вака кога ќе го погледне човек целиот тим стварно имаат 2 квалитетни постави да извадат и да бидат конкурентни со сите. Не знам по кој основ кладилниците ја ставиле Англија за прв фаворит али ајде. Јас дури и Шпанија би ја ставил пред Англија зашо тактички се појаки од нив.
Не ја коментирам Италија воопшто, правам муабет само за Англија, бидејќи гледам дека се оспорува како фаворит. Да не се разбереме погрешно, никој никаде не вика дека е убедлив фаворит, но факт е дека барем на хартија има еден од подобрите состави на првенството. Еве на бет365 Англија и Франција имаат по 5 коефициент, Германија 6, а Шпанија и Португалија по 7,5.

И реално пред старт на турнирот шампионот би го барале меѓу овие екипи. Тоа што едните имаат малку помал коефициент од другите не е бидејќи се подобри, туку имаш Белингам и Мбапе хајп моментално со освојувањето на Реал на ЛШ и трансферот на Мбапе, па сигурно ќе има луѓе ќе залетат да ги играат како прваци. А тука кладилниците секако гледаат и да се заштитат со коефициентот.

Ама ова во никој случај не значи дека некоја од овие ќе го освои првенството. Италија гарантирам дека не беше во топ 5 претходното ЕУРО, Португалија исто така во 2016 не беа нешто сјајни пред да почне турнирот (а богами и во текот на истиот, буквално на сила минаа и низ групите и во нокаут фазата), Грција 2004, Данска во 92ра, итн, итн.. Така да, искуството ни кажува дека не секогаш фаворитите освојуваат, а со оглед на тоа што за мене нема некој изразит фаворит, воопшто не би се зачудил пак да добиеме некој шампион од сенка. Крај краева, нека има интересни утакмици и убав фудбал, па ако сака и Грузија нека освои. Ќе кажев Албанија, ама сепак не. :icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.409
Поени од реакции
109.082
Не ја коментирам Италија воопшто, правам муабет само за Англија, бидејќи гледам дека се оспорува како фаворит. Да не се разбереме погрешно, никој никаде не вика дека е убедлив фаворит, но факт е дека барем на хартија има еден од подобрите состави на првенството. Еве на бет365 Англија и Франција имаат по 5 коефициент, Германија 6, а Шпанија и Португалија по 7,5.

И реално пред старт на турнирот шампионот би го барале меѓу овие екипи. Тоа што едните имаат малку помал коефициент од другите не е бидејќи се подобри, туку имаш Белингам и Мбапе хајп моментално со освојувањето на Реал на ЛШ и трансферот на Мбапе, па сигурно ќе има луѓе ќе залетат да ги играат како прваци. А тука кладилниците секако гледаат и да се заштитат со коефициентот.

Ама ова во никој случај не значи дека некоја од овие ќе го освои првенството. Италија гарантирам дека не беше во топ 5 претходното ЕУРО, Португалија исто така во 2016 не беа нешто сјајни пред да почне турнирот (а богами и во текот на истиот), Грција 2004, Данска во 92ра, итн, итн.. Така да, искуството ни кажува дека не секогаш фаворитите освојуваат, а со оглед на тоа што за мене нема некој изразит фаворит, воопшто не би се зачудил пак да добиеме некој шампион од сенка. Крај краева, нека има интересни утакмици и убав фудбал, па ако сака и Грузија нека освои.
Не се оспорува како фаворит, него како ПРВ фаворит, прави разлика во тоа. Зборуваме пред турнирот како беа поставени работите, а беа поставени така што Англија беше прв фаворит. Си правиме тука објективен и реален муабет, ама искрено не може да сфатам во кој универзум Англија има подобар тим од Франција, небитно што ќе се деси на првенствово и дали Франција ќе заврши пред Англија. Исто Германија пред Шпанија и Португалија ми е нон сенс, никако не се подобри од нив, али ваљда победата у прво коло си го направи своето, само ќе видиме кога ќе им дојде тактички спремна екипа и кога ќе почне Сане да се дрибла со рекламите, а Хаверц да прета како риба на суво кога ќе го јадат јаките дефанзивци, дали тогаш ќе бидат топ 3 фаворит. :D

Во право е СК-92, за репрезентација најбитно е сакањето на државата и дресот, глеј ги жабарите само како се внесени секој меч, ете убаво си рекол ти во постот прошлото ЕП никој не ни помислуваше дека ќе освои Италија па освоија, така да хартијата не игра премногу улога во турнирски такмичења. Али ок ние овде пред да почне ЕП и кога е во првата фаза мора да праиме муабети врз база на хартија, така да ќе видиме на крај кој ќе биде во право.
 
Минимална беше разликата меѓу Англија и Франција пред турнирот, ама пак ќе кажам, може да доаѓа и од нефудбалски причини. Ќе видиме каков ќе биде Мбапе после повредата и дали ќе отсуствува и колку, бидејќи искрено ако останат на Дембеле или Коло Муани да им решаваат утакмици, лошо им се пишува.

Германците се сепак домаќини, а и со Крос имаат некоја друга димензија во играта. Реално единствена екипа што покажа фантастичен фудбал до сега, иако и противникот им беше најумрен од сите. Ама и тоа немора да значи ништо.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.533
Поени од реакции
6.185
Уште со прашањево спинуваш маме му ебам. :D
Маубетот почна од таму каде што Сака Зулу рече дека Англија била прв фаворит пошто имала 3-4 играчи кои се у одлична форма на што му реплицирав со исто толку па дури и повеќе италијанци кои истотака се у одлична форма.
Ги потценува тие од Болоња и Торино а у Англија има играчи од Евертон, Кристал Палас, Њукасл и слични боза екипи.

Е сеа италијанците може имаат 2-3ца класа играчи, англичаните 3-4 и не се уопште толку многу прејаки фаворити пред оние што бранат титула и што ги тепаа у финале истиве надувани фаворити.

Франција според мене има најдобар тим со класа играчи со све, комплетна екипа, сеа Дешам што трипа малце е друг муабет, најјаките 11 на Франција се појаки од сите екипи.
Да не мислиш дека Италија ја праам главен фаворит.

Ти што мислиш за составот на Англија? Кои се класа играчи таму?
Во стартна 11ка на Англија од Италија би влезел едино Барела во среден ред и Бастони, Димарко, Донарума во одбрана. На сите други позиции Англија има поквалитетен играч. Не би ги ставил како прв фаворит на првенството но во дуел со Италија да, барем на хартија се. Сепак побитно е како играчите се надополнуваат и функционираат на терен отколку кој има појак тим на хартија.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.978
Поени од реакции
5.573
За мене еден многу битен фактор во репрезентативните купови несомнено е чувстовото за државата, дисциплината и единството во тимот.
Нема врска ова, Шпанија имаа најдобри резултати кога цел тим им беше од Каталонија.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.978
Поени од реакции
5.573
А Каталонија каде е?
Се заебаваш, Каталонците не се идентификуваат како Шпанци, дури во периодот кога беа најсилни на фудбалски план имаа референдум за отцепување.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.858
Поени од реакции
9.122
Нема врска ова, Шпанија имаа најдобри резултати кога цел тим им беше од Каталонија.
Вака лаички на прва, каталонци од златните генерации на шпанија се Алба, Пујол, Бускетс, Пике и Чави. Ајде нека е и Валдез. Те молам објасни кој е тој цел тим?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom