- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.981
- Поени од реакции
- 116.672
Од сево ова ќе се сложам дека слабата лига му одмага на Интер во средбите со квалитетни противници во ЛШ, за другото не баш. Не зезај, го направи Атлетико од гомно подоле што не е точно. Ќе се сложам дека сезонава Атлетико е под нивото на кое играле претходните години каде важеа за ептен поцврста и позаебана екипа, ама на крај краева тренерот им е тука, стилот на игра е тој и верувам сите фанови на тимови на кои можеше да им се падне Атлетико во 1/8 финале посакуваа да не им се падне од проста причина што во елиминациони мечеви знаат да бидат заебани ради стилот на игра. Нема да се сложам дека Интер бил надигран затоа што не беше, единствено Атлетико покажа многу поголема желба, жар и инает и затоа поминаа понатаму. Глеј како спинуваш малце, викаш Атлетико утнале чисти шанси, а Интер бе мајсторе? Не се важат на Интер чистите шанси? Два пати сами со голман Турам и Барела, во продолжението Турам со глава и Лаутаро со глава, за првиот меч па да не правам муабет, 3-4 чисти зицери утна Интер. Не ги глеј работите само од една страна и не формирај мислење само од еден меч, зашо Интер лани едвај трето место заврши позади Наполи и Лацио а играше ЕГАЛ меч во финале со Сити, затоа и ти реагирав на коментарот.Да испаднеше Интер од Барса, Реал, Баерн Минхен, Сити или Арсенал (од овие кои беа во 1/8 финале ЛШ) немаше да кажам и пишам ниту збор, оти овие се или големи/квалитетни клубови кои може да изиграат секогаш на високо ниво без разлика на тековна форма.
Ама за ваша жал Интер испадна и објективно вчера беше надигран од Атлетико, без разлика тоа што натпреварот стигна до пенали. Мислам, зборуваме за Атлетико Мадрид кој секогаш играл дефанзивен/повлечен фудбал, кој секогаш има проблеми кога треба да брка резултат, за Атлетико кој е 4то место во Ла Лига и кој се мачи со противници од типот на Кадиз и Алмериа и многу веројатно ќе се пакува во 1/4 финале и тоа ќе им биде максимумот за оваа сезона.
Очајната лига (која стварно е очајна сезонава, како речиси никогаш досега) има негативно влијание и врз Интер кој што буквално нема шанса да игра против квалитетен противник и да се тестира во текот на сезоната, па кога излегоа на терен против Атлетико на гости изгледаа како од небо да паднале, особено откако влезе Депај и во 3-4 наврати им направи проблеми какви што не виделе во 30 меча во Серија А. Доволно е да погледнеш колку шанси вчера створи Атлетико, даде 2 гола и имаше чисти шанси од изградена игра (не од контри) да го реши уште во регуларен дел, а од друга страна да видиш дека во Серија А Интер прима по помалку од пола гол на меч.
За лани не ја отварај темата, секоја чест за играта во финалето, ама патот до таму и самите сте свесни дека беше сплет на околности и слаби противници.
Али ова размислување може и од друг аспект да се погледне, што фајде што ПЛ е најјака лига кога едвај два тима имаат во нокаут фаза во ЛШ? Затоа ти кажувам нема правила во елиминациони мечеви.