4-0-0
17:2 Гол разлика
Јас бев тој што највише плукаше по Нагелсман пред да почне сезоната.Беше критикуван и во предсезонските натпревари и мене дури ми ги дигна нервите што све можно што беше изгуби и си реков овој упропасти све што се градеше последнава деценија во Баерн.
Ама еве сега може да си грицнам од к..... и да кажам дека дечкото за 3 месеци го однесе Баерн на друго ниво..
Не велам дека се непобедливи(Менхенгладбах по поби тоа убедливо) , имаат мани сеуште , ама чоекот секоја утакмица има некој новитет , му доаѓаат луди идеи како онаа против бенфика на гости.Мајчинот го извади нз кој беше на десен бек и го стави ГНАБРИ , кој некогаш игра и како шпиц.ФАКИНГ ГНАБРИ го стави на десен бек и тоа испадна ФЕНОМЕНАЛНО.
Им дава шанси на сите , ротира одлично и уигрува 18 играчи цело време.(освен Кимих , него му ја испи крвта)
Има капацитет да стане страшен тренер.
Ако ја среди одбраната како што треба , јас тука со крв потпишувам дека никој неможе да не добие во двомеч до финале.Ни англиската 3ка , ни ПСЖ , ни Реал.Само многу е битно тоа првото "Ако" што го пишав.
Многу е вртикапа Упемекано , еднаш ке изигра на светско ниво , следна утакмица ко аматер од 5та германска регионална лига, многу избрзува , има непотребни излети и 50 % од головите што Баерн ги има примено идат на негов грб.Дејвис и Хернандез се машини и се секогаш на врв на задачата а десен бек е посебна прича.Моментално на десни бекови се : Суле - добар(ама он е стопер и е факинг спор така да...), Павард - хахаххахахах , Станишич - неискусен и он е само замена така да пред озбилен предизвик е Нагелсман со десната страна од одбраната..
Средината , крилата и напред дечкото што за некое време ке ја освои Златната топка за последните 2 години не треба да се коментираат..
Тие се врвот на напаѓачкиот фудбал моментално.
Премногу сакам да освојат сезонава од причина што има многу јаки екипи како
Ливерпул , Сити , ПСЖ , Челзи , Реал
Позади нив Јуве , Манчестер , Атлетико
Има и екипи што можат да изненадат како Ајакс.
Нека доаѓа фебруар побрзо