UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Очигледно не си спремен. Епа јебига, ќе го јадеш за сите Реаловци
Он ќе добие и extended верзија со едно сочно Дахахахахахаханихихихихи
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Пишете Барса ќец да освои.
Сигурно, загарантирано.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Кога ќе се знае дали и колку публика ќе има на стадионите?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Нели вчера УЕФА дала препорака да можат да се вратат, мислам 30%? Ама сепак зависи од држава до држава!
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.312
Нели вчера УЕФА дала препорака да можат да се вратат, мислам 30%? Ама сепак зависи од држава до држава!
Од ден на ден се менува ситуација. И во Англија кога делуваше дека ќе ги опуштат мерките, тие воведоа нови построги.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
А - Баерн прв, Атлетико втор. Скоро па никакви шанси за изненадување. Нешто мислам дека Атлетико од што се клети ќе му извадат барем еден добар резултат на Баерн, може и ќе тепаат во Мадрид, по што секако ќе кикснат некоја со другите екипи...

Б - Иако е незгодна групата, Реал нема да испуштат да бидат први. Интер би требало конечно да мине како втор, ама кај нив никогаш не е сигурно. Ако некој ги зафркне мислам ќе биде Шахтјор, тешко Борусија нешто да направи, евентуално да биде трета.

Ц - Сити втора година со боза група. Како лани, ќе почнат со 3 од 3 победи и после ќе се зафркаваат. Тука очекувам да биде интересно за второ место меѓу Порто и Марсеј.

Д - Ливерпул лаганица први. Аталанта оваа година би ги ставил пред Ајакс. Имаат добра игра како лани плус и една година поискусни. Ајакс дури мислам дека се преценува заради прекланската неверојатна сезона. Митјиланд се ботови.

Е - Бош група. Вака од прва Челзи имаше среќа ама мене нема да ме изненади Севиља да завршат први. Им одговара некако ваква група а имаат победувано со екипи кои биле сметани за фаворити. Рен не верувам нешто посебно да направи. Краснодар се мистерија за мене.

Ф - Уште една бош група. Тука може ќе биде најизедначено. Дортмунд ми се нај фаворити за пролаз, би требало да завршат први. За второ чекам борба меѓу Зенит и Лацио. Не очекувам ништо посебно од тие две екипи па имаа среќа што се најдоа во ваква група. Бриж веројатно последни.

Г- Како што пишав кај нас во фан клуб, ептен ми е драго што Барса сега ќе игра со Јувентус. Ем да видиме дали сме кадарни да се носиме во ЛШ со поголеми екипи после катастрофата од летово, ем и да се види дали Јувентус е стварно толку добар или може да се сили само на екипите од Серија А. Тука треба само да се одлучува за кој ќе биде прв. Динамо исто очекувам да бидат сигурно трети.

Х - Оваа е најтешка група. Освен Турците било кој може да мине. ПСЖ мислам сепак ќе биде прв. Како што се настрвени за одмазда очекувам да ги отворат Јунајтед како паштети. Јунајтед типувам ќе биде втор, пошто сепак Лајпциг се ослабнати од лани. Ама видовме дека не се за потценување.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.963
Поени од реакции
25.276
20 октомври:
Челзи - Севиља
ПСЖ - Ман.Јун.
Лацио - Дортмунд

21 октомври:
Ман.Сити - Порто
Ајакс - Ливерпул
Баерн - Атлетико Мадрид
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ние на ПСЖ гарант му вадиме нерешено кај нив,а може и ќе ги збуфтаме, дома мислам дека е поризична за нас! На крај краева не е важен толку резултатот со нив, него со Лајпциг и со турците!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom