А - Баерн прв, Атлетико втор. Скоро па никакви шанси за изненадување. Нешто мислам дека Атлетико од што се клети ќе му извадат барем еден добар резултат на Баерн, може и ќе тепаат во Мадрид, по што секако ќе кикснат некоја со другите екипи...
Б - Иако е незгодна групата, Реал нема да испуштат да бидат први. Интер би требало конечно да мине како втор, ама кај нив никогаш не е сигурно. Ако некој ги зафркне мислам ќе биде Шахтјор, тешко Борусија нешто да направи, евентуално да биде трета.
Ц - Сити втора година со боза група. Како лани, ќе почнат со 3 од 3 победи и после ќе се зафркаваат. Тука очекувам да биде интересно за второ место меѓу Порто и Марсеј.
Д - Ливерпул лаганица први. Аталанта оваа година би ги ставил пред Ајакс. Имаат добра игра како лани плус и една година поискусни. Ајакс дури мислам дека се преценува заради прекланската неверојатна сезона. Митјиланд се ботови.
Е - Бош група. Вака од прва Челзи имаше среќа ама мене нема да ме изненади Севиља да завршат први. Им одговара некако ваква група а имаат победувано со екипи кои биле сметани за фаворити. Рен не верувам нешто посебно да направи. Краснодар се мистерија за мене.
Ф - Уште една бош група. Тука може ќе биде најизедначено. Дортмунд ми се нај фаворити за пролаз, би требало да завршат први. За второ чекам борба меѓу Зенит и Лацио. Не очекувам ништо посебно од тие две екипи па имаа среќа што се најдоа во ваква група. Бриж веројатно последни.
Г- Како што пишав кај нас во фан клуб, ептен ми е драго што Барса сега ќе игра со Јувентус. Ем да видиме дали сме кадарни да се носиме во ЛШ со поголеми екипи после катастрофата од летово, ем и да се види дали Јувентус е стварно толку добар или може да се сили само на екипите од Серија А. Тука треба само да се одлучува за кој ќе биде прв. Динамо исто очекувам да бидат сигурно трети.
Х - Оваа е најтешка група. Освен Турците било кој може да мине. ПСЖ мислам сепак ќе биде прв. Како што се настрвени за одмазда очекувам да ги отворат Јунајтед како паштети. Јунајтед типувам ќе биде втор, пошто сепак Лајпциг се ослабнати од лани. Ама видовме дека не се за потценување.