UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не се сеќавам дали сум пишувал на форумов за тоа ама Челзи никогаш не сум ги сакал како екипа. Голем дел пошто беа првата „пластична“ екипа, ама најмногу во првиот мандат на Мурињо кога створија и некое европско ривалство со Барселона. Интересно е што откако гледам фудбал, 20 и кусур години, до сега се немаа сретнато со Реал. Многу пати сум се прашувал ако играат овие две екипи меѓу себе за кого би навивал, пошто стварно имаше периоди кога драго ќе ми беше Реал да им одржи лекција.

Еве сега и тоа го дочекав, дуел Реал - Челзи. И ич не се мислам. Веројатно прв пат во животот скроз ќе навивам за Челзи. Моментално нема ниеден играч на Челзи кој не го поднесувам или нешто слично. А и Тухел ме изненади ептен со резултативе. Од толку што не се замарам со Челзи оваа сезона, ги имам гледано само 3-4 пати. Мада искрено ќе биде многу тешко да се елиминира Реал во ваква ситуација кога ја кренаа формата и се на праг на финале.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280

А ти како си пројде на славата по повод елиминацијата на Реал, прослави ли? Ќе те разберам ако не си славел, сепак полициски час и ковид мерки има па знаеш, забранети се собири.

Може ќе се среди ситуацијава до почеток на мај па ќе можеш со останатите Барса фан бојс да си прославите. Само внимавај, училишен ден е, да не се успиете следниот ден за прв час хемија на Zoom.
 
Е јебига сега, Филипче ме заеба, полициски час е... Ај друга прилика :)
Шала на страна, нема причина за некој форс. Убаво си пишав ја "ако Ливерпул мине", не дека ќе минат сигурно или дека имаат некои големи шанси. Ама ете сега немаше corner taken quickly. :(
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Битно поминаа, што има врска дали пеналот бил пресвртница или не, какво ти е ова мислење?
Стерлинг и Жесус со нивните промашени зицери досега ги коштаа Сити срамни елиминации во ЛШ. Сите зборуваат за поразот од Лион и се сеират со Пеп, а никој не зборува за промашувањето празен гол на Стерлинг при активен резултат. Сега на негово место играше Фоден кој постигна два гола на двомечот и Сити конечно стигнаа до полуфинале.
Не испаѓаа поради поединци, туку поради пристапот кон играта. Сити може да направи 20 шанси против Лион/Монако/Дортмунд, ако игра како што играат нормално во ПЛ, нема тогаш да одлучува една футка од Стерлинг. Далеку од тоа дека тој е кривецот и далеку од тоа дека им требал Фоден минативе години за да поминат.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Јас сум најголем хејтер на Винчини ама иако завршниот пас му е нула тешко е да се задржи, пребрз е. Единствено ако игра во одбрана со двајцата па Џејмс да помага назад.
Секако дека ќе помага Џејмс во одбрана, бек е - тоа му е примарна работа. Баш ради тоа реков дека не си ги гледала Челзи, Тухел игра со 3 штопери (третиот штопер е уствари Азпиликуета), и 2 бекови во функција на wing-backs а до нив е канте + Жоргињо/Ковачич. Кога ќе ја склопиш целината, имаш доста дефанзивен и компактен тим кој е тежок за пробивање + буши на контри.

Да не должам со анализи на Челзи, доста подобри се од Ливерпул во дефанзива и нема да пројдат лесно реалци како со Ливерпул. Јбг, нема кој не ги научи лелепул дека бековите им спијат напред, а Трент е слаба карика па да се таргетира тој дел.Офанзивно Челзи не се асално воиграни за да се опасни, па примат ќе дадат на одбрана со тоа што ќе бушат на контри.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.845
Поени од реакции
7.650
Абе мајсторски си изигра Реал, настрана лошата форма, како му ја криеја топката и овие да ги бркаат по цел терен.
Зидан лекции му држи на Клоп како се игра кога имаш водство.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.442
Се до последните неколку меча на Реал, не бев убеден дека Зизу тактички може да парира на некои екипи/тренери. Почнувам да го менувам мислењето за келавицата дека беше успешен само зашто го имаше факторот Роналдо у God mode у нокаут мечеви и дека наследи скоро па готов тим.

Иако Барса и пул се на пониска разина од тимовите кои мелеа се пред себе, сепак, премногу добро ги имаше анализирано, сходно на тоа, и тактиката на терен беше на место. Сити или ПСЖ ке му бидат литмус тест, ако ги поминат Челси.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Навремени интервенции на одбраната и Куртоа во god mode, комбинирано со лоша реализација/среќа (кога е Салах во прашање првото ќе да е). Истата приказна ко со Рома, излага еден на еден со голман, може да бира кај ќе шутира и на некој чудесен начин му ја бранат. Ливерпул се најдоа во две ситуации каде нивен играч се наоѓа во ситуација еден на еден со голман, првата Салах и втората Фирмино мислам. Али и да е среќа, како викаат, среќата ги прати храбрите.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Блед е Реал, знаеш и самиот. Под некои други околности ни тие, ни Челзи не би конкурирале за финале, но не се они криви што Сити, ПСЖ и Баерн беа извлечени во другата половина на ждребот. :))
Не го разбирам коментарот и кои се тие други околности.
Зошто за еден Сити е нормално да игра финале, а на Реал и Челзи едноставно им се погодило?

Мене баш ме чудеше тоа што Сити на многумина им беше и им е главен фаворит за освојување. По кој параметар? Во ред, формата и позицијата во лига може да се земе предвид, ама апсолутно не е пресудна. Како да не сме гледале фудбал години и години. Во ЛШ и особено во сама завршница, ништо не важи. Сите почнуваат од нула.

Доколку пак ја земеме предвид кампањата на Сити во ова натпреварување и ја споредиме со оние на Челзи и Реал, не гледам никаква спектакуларност и остварена предност, напротив.

Челзи лесно ја помина групата, ја урниса Севиља на гости 0:4 и се пласираше во 1/8 финале. Таму Атлетико Мадрид. Можете да мислите што било за нив, но без разлика на лошата форма во моментот, Атлетико прво е голем тим, второ потенцијален шампион на Шпанија. Фантастичен ростер, одличен тренер. Никој жив не сака со овие да игра во нокаут-фаза.

Од друга страна, Манчестер Сити имаше уште послаба група отколку Челзи, па и Реал, а во 1/8 финале се сретна со Борусија Менхенгладбах. Четвртата по квалитет преостаната германска екипа во ЛШ. Заебанција. Во 1/4 финале, Сити се соочи со Борусија Дортмунд. Внимавај, Сити игра два меча пред полуфинале со екипи кои не се топ четири во ебениот Бундес. Ниту во овој двомеч не беше импресивен, на искуство, односно неискуство на противникот помина понатаму.

Добро, Челзи исто така во 1/4 финале имаше на хартија ,,слаб" опонент, иако тој Порто го елиминираше првакот на Италија (каков и да е) и дојде помеѓу елитата како првак на својата земја.

Реал покрај Аталанта, лански четвртфиналист и тотално непријатен противник (да речеме на рамниште на Дортмунд), во 1/4 финале се соочи со Ливерпул. Каков-таков, тоа е Ливерпул. Никој не сака да игра со Ливерпул, никој не сака да игра со шампион на Англија.

Затоа и не ми е јасно ова со ждрепката и среќните околности по овие два тима, но и изразената фаворитска улога на Сити непоткрепена со цврсти аргументи.
Најсилен состав? Можеби. Ама ако беше така, уште во септември да ја затворевме темава, бидејќи Сити на папир е многу силен и Сити уште во првиот дел од сезоната ја освои Премиер Лига.
 
Последно уредено:
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Не го разбирам коментарот и кои се тие други околности.
Зошто за еден Сити е нормално и би било штета доколку не игра финале, а на Реал и Челзи им се погодило?

Јас мислам дека ова страшно непочитување спрема мега силниот Челзи најмногу се должи на фактот што кога последниот пат Челзи играше против Сити на Стемфорд Бриџ, Сити им пикна 3 гола во 10 минути и им ја скри топката. Можеби и се лажам.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Па добро де што се чудите, секоја година на форумов се Шити на Пеп фаворити. Претходно дури беше таму, Бајерн 04 беше фаворит. Сега ќе му ја дупнат глата Мбапе и Неј, па после пак од наредна година ќе бидат фаворити.
 
Последно уредено:

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.357
Поени од реакции
3.132
*Фоден е спремен да се надигрува против Мбапе....заебано ќе биде....Сити се' каде, каде, по организиран тим...(али за тоа е тука ќелавицата со некоја "ш" тактика и псж одат понатаму:D)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom