Факт е дека е неуспех тоа што не пројдоа групи Интер и нема што тука да се објаснува, ама мене ко нивни фан ми е мерак што докажаа дека може да се надигруваат и со најсилните екипи во Европа. Лани на пример имавме две срамни изданија со Барса, срамно издание на гости со Тотенхем, бледо издание на Меаца иако тепаа на мускули, и одлично издание против ПСВ на гости и брукастично на Меаца. Оваа сезона само првата против Славија беше очаен меч, на сите други Интер играше одлично.
Нормално, тиња чувство е што и покрај добрата игра не си обезбедил пласман даље, ама барем покажаа дека можат да се надигруваат. Сепак, Интер е тим кој до лани 9 години немаше играно во ЛШ, така да не е смак света вакво сценарио иако ќе повторам, неуспех е и не смееја да го дозволат ова.
Иако десеткуван, Интер вчера имаше доста шанси и буквално сами се сјебаа. Лукаку јебига, три зицери промаши, не знам што повеќе сакаше... У право е Видук, Икарди не промашува такви работи, али се деси што се деси со него и немаше враќање назад. Не можам лошо да зборувам за Лукаку затоа што игра одлично сезонава, дава голови, игра за тимот, се труди и не се лингури со понашањето. Јебига фудбал е ова, Барса ништо не играше али даде два гола, нормално кога нема да ги искористиш шансите следува казна.
Имам пар замерки за Конте, вчера почнува со Бираги и Дамбо (лево и десно) и после го вади Бираги а го става Лазаро место него.

Скроз неупотреблив е Лазаро лево, а Дамброзио нигде не е употреблив, насекаде е лош и срамен. Исто и за мечот со Дортмунд, имаш два гола предност на полувреме и губиш на крај, а барем нерешено да извадеше ќе пројдеа даље.
Тоа е тоа, останува сега фокусот на Серија А, имаат топ сезона и резултати до сега, не гледам зошто не би продолжиле со истите и понатака. После Нова Година се враќаат и повредените, Барела, Сенси и Санчез, играчи кои премногу значат за тимот моментално.