Ајакс како игра ау ау, капа доле. Кажав уште со Реал дека не е случајност еве и вечерва, само среќата и Шчесни не спасија. На крај дури можевме и да победиме да влезеше она на Коста. Јувентус го играше она што го играше и Реал, против овој Ајакс не ти вреди и да победиш. недај боже да им појде во Торино како во Мадрид ќе поминеме како Реал. Жално е само што ќе им се распадне сега цела екипа се ќе продадат, а да го задржат овој костур на тимот зимаат ЛШ сто посто во следните години, каква уиграност, течна игра за мерак да ги гледаш ако сум фан на Јуве. Ова што вечерва го извадивме е премија. Гледам некој го коментираше Ругани, најдобар беше вечерва не му даде на Тадич многу простор сосема солидно одигра. Колективно Ајакс беше многу многу подобар и заслужи да победи. И тоа над Бентанкур беше чисто туркање, судено милион пати ама ете вечерва не го свирна, така да сите дебати како требало како не, дали игра со рака требало да се суди или не се џабе. Како му е кејф на судијата така ќе си суди.