Пишуваш издржани мислења, ама проблемот е што очигледно е дека (пре)малку го гледаш Јувентус, па откако си ги гледал денеска наеднаш Алегри ти изгледа како мајстор. Реалноста е далеку од тоа, особено минатата и оваа сезона. Јувентус во Серија А има тим светлосни години поквалитетен од останатите. Ајде тоа на страна, овој тим има навика и рутина да победува, противниците пола се откажани уште пред да почне мечот. Мислам погледни го составот некни против Удинезе и гледај ја утамицата. Едноставно Јувентус е предобра средина за менаџирање. Има многу малку притисок од управата, а ако не ти чини напаѓач од 90 милиони како Игуаин, тогаш ќе го дадат без пари и ќе го донесат... хм хм, Роналдо. За уште 100 милиони и плата која ни тој не знае колку изнесува.
Јувентус точно дека нема пораз во Серија А, но во ЛШ има три на 8 утакмици. Со едниот во групата од Јанг Бојс ризикуваше прво место во групата, со оној пред три недели да не зборуваме. Аталанта во купот иста така не исфрли брутално, со 3-0 ќотек без пола шанса да имаме. Далеку е сезоната од онаква каква што тимот има квалитет да биде, само големата разлика со лигата ја затскрива оваа работа. Нема да биде крај на светот ако не се освои ЛШ оваа сезона, ама дефинитивно ќе биде крај ако видиме уште една утакмица како онаа во Мадрид каде што тим со Роналдо и Дибала во составот не креираше ниедна шанса за 90 минути.