Низ нетов еден тон негативни коментари за Симеоне и Атлетико, дел оправдани, дел форсаторски како што беа форсаторски и оние контра Алегри и Јувентус после првиот меч.
Вака, Симеоне веќе долги години го води Атлетико и од мидтејбл тимче го направи гигант во европскиот фудбал, што секако само по себе е достигнување за почит. Откако е тренер на Атлетико има освоено Примера покрај мега јаките и финасиски појаки Реал и Барса, две ЛЕ, две финалиња ЛШ од кои едното несреќно изгубено, другото на пенали, и да не набројувам за купови, суперкупови и слично. Не може после една лоша утакмица да е дно од тренер, да е пичка, да е лигле, незналица и слично. Чудесно е како се менува мислењето на просечниот навивач од меч во меч, се кладам утре Чоло да ја плесне Барса на Кампот ќе има еден тон падобранци каде ќе се смеат на Валверде а ќе го возвишуваат него.
Симеоне денес дојде да ги одбрани двата гола предност од првиот меч, што по мене е сосема исправна и коректна одлука, јебига не се сите Гвардиола и Клоп па да напаѓаат секој меч и да играат ултра офанзивно, само проблем беше начинот на кој ги бранеше тие 2-0. Тука ја еба Чоло работата, криминална му беше тактиката денес и заслужува секакви критики за тоа. Али тие критики ги заслужува за денешниот меч, не за целокупната кариера. Едно е дали некому се допаѓа фудбалот што го форсира Чоло или не, друго е да го негираш како тренер покрај толку успеси со тим составен од играчи чиј квалитет е послаб од оној на останатите гиганти во европскиот фудбал.
Чисто за пример, и мене не ми се допаѓа фудбалот што го форсира Алегри ама човекот освојува 250 години по ред серија А, игра две финалиња ЛШ, стига 3 гола предност на Бернабе против Реал и да не набројувам даље, глупо е да се зборува од инает пошо одреден стил на игра не ти се допаѓа. Пеја и Кимо, забрането ви е да ми го спомнете Анчелоти, секад ќе форсам за него и не кур умарајте.
