UEFA Champions League 2014-15

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Одлична утакмица, Јуве пријатно ме изненади, реално беше и очекувано Барса да победи и тоа е тоа.
Сериозни сте со муабетиве дека Јуве имале тим за иднина и ова им е добра увертира за следната година, поискусни ќе биле за финале? Пола тим им е за во пензија, а знаејќи ги жабарите тешко дека ќе биде јака пара дадена за да се донесат класа играчи, така да мислам дека е многу тешко да повторат ваков успех во Европа.
Највеќе ми е мило за Луис. Од мртвилакон наш Ливерпул, успеа да стигне до триплете и да даде гол и вечерва.[

Јувентус оваа година заработи 100м со се финалето, 50 добивме бонус од сопствениците плус имавме други 50 (на почеток така изјавија кога не знаеја како ќе се одвива сезоната), обртот го кренавме од 160м на 380-400м во 2 години. Немаме стар тим. Буфон и Пирло кој не напушта и Евра (играше толку многу оваа година поради повредата на Асамоа кој не беше регистриран за ЛШ).

Ругани 20, Mората 22, Дибала 20, Заза и Берарди (кој наводно ќе се вратат), Переира кој е 24, Маркизио и Видал по 28 + Kедира исто, Погба 21 и денес потврди Марота дека не оди никаде па макар ако треба со сила ќе го држиме.
“His position is different. Pogba has a multi-season contract, is growing year on year and we need quality players to improve the team.

“In this case, the desire of the club is predominant over that of the player. Our rapport is excellent, we don’t want to sell him, there are no negotiations and we have no intention of starting any.”

Одбраната Киелини е 30, Бонучи 27, Ругани го спомнав погоре и Касерес кој е 29 е да и Лихштајнер е постар 31. Во генерала костурот на Екипата е млад, ќе следат успеси сигурен сум дека ова е само почеток за то со гла можам да гарантирам.

Иначе СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ИГРАЧИТЕ НА БАРСА И СУАРЕЗ кој изјавија дека ова му била многу тешка утакмица и една од најтешките досега исто така секоја чест за сета почит досега која ни ја покажаја и секако ја добија.[DOUBLEPOST=1433641855][/DOUBLEPOST]
Да ти кажам само нешто искрено, сеа се тешиш вака, ама кога ќе ти текне за година-две ќе ти биде уште повеќе мака. Јас таман се излечив од поразот од 2009та, не акнаа и во 2011...сеа страв ќе ми биде Манчестер да се пласира во ново финале. Ќе цркнам во случај да изгубат и трет пат по ред. :D
Не го сваќам брат како тешење поради проста причина што до пред 8 години бевме втора лига, 2 години 7мо место и се вративме покрај сето ова стигнаве до финале и докажавме дека не стигнавме случајно барем според мене. Срцето го оставија на терен нашите играчи, да нападот на Барса е страшен и заслужено победија ама најереален резултат беше 1-2 барем според мене.

Газдите ни вложуваат 4 пати ни се зголеми обртот на пари и имиџот играчите конечно сакаат да дојдат во Јуве. Јас не велам дека в година ќе играме финале или дека ќе ја победиме Барса ама оптимист сум и сигурен сум дека ќе бидеме посилни и барем ќе стигниме четврт финале секако ако не сака среќата =)[DOUBLEPOST=1433642541][/DOUBLEPOST]
11108956_840269609361202_5381797964777428936_n.jpg
 
Последно уредено:
@RickyLFC9 дај бе кажи некој збор за хејтерите на Суарез :D
Суарез сам им кажа :D

Не сериозно, тука е моментот кај што треба да кажам:

- ВИ РЕКОВ?!

Ама нема да кажам, пошто он им кажа.

Luis-Su-rez-celebrates-hi-007.jpg
 
Сакав да пишам на долго и на широко, ама кога ја видов сликата на Пирло и Чави едноставно нешто од внатре ме сопре да тегнам и филозофирам. Не знам зошто, ама мислам дека е поради фактот што фудбалот го видов на една слика.

Инаку во кратки црти, Јуве во еден дел од натпреварот покажа дека неслучајно се наоѓа во финале, но во еден дел посебно на почетокот покажа дека со исти квалитет финале наредната или понаредната година нема да има. Потребна ни е квалитативна инекција, која што тимот ќе го однесе од ова ниво кое се базира на борба, жар и обид на ниво кое ќе се базира на квалитет. Квалитетот е единствената долгорочна гаранција во фудбалот. Барса е жив доказ за тоа.

Инаку судењето беше беспрекорно, со забелешка дека Видал веројатно можеше да добие втор жолт, но со оглед на тоа дека е финале други се критериумите. Немаше пенал за Барса во 9тата минута кога топката го погоди чинам Лихштајнер во раката, сосема случајно. Покрај тоа раката му беше во природна положба. Исто така немаше и слободен удар за Јуве, онаа ситуацијата врз Погба. Имаше мал контакт со телото, недоволен. Исто немаше и пенал во дуелот Алвес-Погба. Нејмар очигледно после ударот со глава, топката му заврши во раката која го промени правецот на движење и заврши во голот. Правилно поништен, иако пред шест години Адријно во едно миланско дерби даде апла исти гол кој беше признаен тогаш.

Меси не знам што би значело да биде одличен во некој натпревар, но ако денешниот му го оквалификувате како слаб тогаш да се крстам Јуве против Барса никогаш повеќе да не се сретне. Директно влијание врз првиот, а посебно врз вториот гол. Постојано трчаше и навлекуваше играчи и беше конкретен до максимум. Единствената слаба точка на Барса денеска беше одбраната, посебно во очи ми падна лошиот натпревар на Маскерано. Мората го претрча два-три пати, а и со топката во нозете беше прилично лош.

Тоа е тоа, честитки до фановите на Барса за титулата, апосолутно заслужена.
 
:pos::pos::pos: Третиот па бил смешен.

Па реално ако правиме муабет, така ќе да е... сите отидоа во напад, оставајќи го Буфон сам на својата половина. Во некои нормални услови (читај - да не беше 90-та минута) не верувам ова да се десеше :)


П.С Ваква одбрана само Џиџи знае да направи, и никој друг!!! :place:

AQW94i.gif
 
Последно уредено:
Па реално ако правиме муабет, така ќе да е...
П.С Ваква одбрана само Џиџи знае да направи, и никој друг!!! :place:

AQW94i.gif

Не не , зборот ми беше голот во никој случај не беше некој никаков "ќелав'' гол , па да биде смешен. Нормално Јуве си бараше втор гол и нормална реакција беше да нападнат сите , со што се отвори простор на Барса за школски против напад , и си го решија натпреварот.

Уште пред 2 дена пред финалето јас реков , единствено од што ми е страв е Буфон да не стане октопод или да ги мотивира другите да гинат за секоја топка. Така и се случи , единствен кривец е што финалето не се заврши уште во прво полувреме.
 
Барса треба да си направат самите своја лига и да играат таму сами со себе. Нема смисла веќе ова :D Честитки до фановите на Јуве особено G@rfield, вчера добро го поднесе поразот хахах :D (тие од Реал нека го пушат :свиркам:)
 
@DeviAngel цела одбрана е прилично лоша, како капак на се Буфон си оди а тој беше класа голман реално и ги правеше дефанзивциве подобро отколку што се. Вчера бранеше феноменално, малку голмани можат таква партија да пружат. Лихштајнер е реално ограничен во напад и како прва опција не е реално да се очекува да се освои ЛШ со него. Евра е стар, Бонучи киксер, Касерес веќе 30 а цела сезона повреден. Треба тотален ремонт ако сакаат повеќе, поготово што сега ќе го нема Буфон позади последната линија
 
И сега прашањето е Пеп или Енрике???
 
п.с Ракитиќ е најјак, каков баланс и дава на Барса чудо, сите работи у везниот ред ги врши, Бускетс само рутинирано позади него. :cuc:

Следен на тапет, Марк Андре Тер Штеген.
За 5 години ако продужи да брани на вакво ниво, а ќе продужи пошто е шваба и има прејак ментален склоп, има да биде Ноер и Буфон у едно.
Сезонава бранеше 2-13 утакмици и на едно 90% од тоа што го имам видено беше маестрален.
Поготово вчера, на тие години, во финале да браниш со таква смиреност без ниту еднаш да ја рогнеш топката напред а те напаѓаат 3ца противнички играчи, да играш добро со нога и со рака треба да си стварно јак. (y)
Башка и одбраните му се врв, какви паради праи да ти е мерак да го гледаш. Имаше една ситуација у прво полувреме Видал мислам дека пуцаше над гол, дечково напраи парада и ми се чини дека три минути ``лежеше`` у воздух. (y)
 
И сега прашањето е Пеп или Енрике???

Енрике го усоврши проектот на Гвардиола. Далеку се поконкретни и поопасни. Успехот од првата сезона му го повтори , е сега дали ќе заврши славно како него со еден куп титули ќе видиме.

Како и да е , и двајцата беа скоро без никакво искуство во гигант , а испишаа историја во првите сезони. Гвардиола воопшто немаше водено екипа , освен Б тимот на Барса. :cuc: За Енрике оваа сезона е одскочна даска во кариерата. И да не го повтори целосниот успех на Гвардиола , после Барселона ќе заврши во некој топ европски тим. Ништо чудно да се врати во Италија и да го води Јуве. :D

Иначе кога освои Баерн 2013 , наредната сезона неочекувано отпадна од Реал. Кога освои Реал , ептен неочекувано отпадна од Јуве. Баш ме интересира кој ќе не отпадне наредната сезона , типувам на Челзи. :icon_lol: Или пак ќе се деси чудо и ќе ја прекинеме таа црна традиција.
 
Последно уредено:
@DeviAngel цела одбрана е прилично лоша, како капак на се Буфон си оди а тој беше класа голман реално и ги правеше дефанзивциве подобро отколку што се. Вчера бранеше феноменално, малку голмани можат таква партија да пружат. Лихштајнер е реално ограничен во напад и како прва опција не е реално да се очекува да се освои ЛШ со него. Евра е стар, Бонучи киксер, Касерес веќе 30 а цела сезона повреден. Треба тотален ремонт ако сакаат повеќе, поготово што сега ќе го нема Буфон позади последната линија
Има 3 играчи над 30 год и пак си запнал тотален ремонт...И буфон мислам не си иде годинава.
 
Има 3 играчи над 30 год и пак си запнал тотален ремонт...И буфон мислам не си иде годинава.
Барзаљи, Лихштајнер, Евра, Касерес цела сезона повреден, Буфон ако си оди на што остануваат? Сторари и Бонучи? Бонучи е далеку од прв стопер ако се сакаат успеси во Европа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom