Баш зборев со татко ми и еден другар за Меси. Акцијата за третиот гол, Пике мислам ја изби со глава и потоа ја повлече Меси, а од позадина мислам дека Погба го стигаше и му влезе со клизачи али ликов остана на нозе, ја продолжи акцијата и ете падна третиот гол кој ја зацементира победата на Барселона. Глава ставам дека 99.9% од фудбалерите во светот ќе паднеа да беа на местото на Меси и ќе лежеа две минути, ќе доаѓаа болничарските колички... Затоа многу го поштувам Меси, никогаш не паѓа за безвезе, цврст во дуелите и едноставно најдобар. Богами ќе се сложам со Лупхол, сиве овие сезони што се зад нас имав дилеми дали Роналдо дали Меси, али после сезонава дефинитивно може да се каже дека Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Јас Роналдо го почитувам премногу, и искрено он ми е поим за тоа како треба да изгледа прав спортиста, погледнете му висина, градба на тело, начин на трчање,
водење топка и слично, али ова Меси што го прави е ненормално, вон човечките можности. Какво човече е да му ебам тоа Ким Јунг Јонг Пјонг фризурата, метар и 60 висок, ниско тежиште, ситни чекори, али шлепер не може да го сруши.
Иначе пасот на Нејмар до Иниеста за акцијата на првиот гол.