Најлесни противници добија Реал и Баерн дефинитивно.
Еве според мене кој би требал да иде понатаму.
Олимпик Лион - АПОЕЛ
Иако сите го фаворизирате Лион али тука ништо не се знае,не за џабе дошол до тука Апоел..А башка ако не тепа Лион дома тешко дека ќе дојде до победа на гости..Моја прогноза Лион - Апоел 60- 40 % шансите.
Наполи - Челзи
Искрено тежок противник за Челзи,Наполи доста се уиграни и можат да изненадат,али се зависи како ќе одиграат во Италија,пошто во Англија тешко дека ќе поминат со најмалце два гола у мрежа.. Наполи - Челзи 40 - 60 % шансите.
Милан - Арсенал
Според сите нас најдобриот дуел е меѓу овие две екипи.Според мене шансите се повеќе на страната на Милан пошто Арсенал нема кој знае каков тим оваа година..Првиот натпревар ќе одлучи кој иде даље.. Милан - Арсенал 70 - 30 % шансите.
Базел - Баерн
Баерн иде без проблеми даље,а и имаат голема мотивација пошто финалето е кај нив оваа година..Базел - Баерн 1 - 99 % шансите.
Баер Л - Барселона
Очекувам мал отпор од Баер,нема така лесно германците да се предадат на Барса..Првиот натпревар ќе реши кој ќе иде понатаму.Баер Л - Барселона 20 - 80 % шансите.
Цска - Реал
Иако никој не очекува отпор од Цска јас мислам дека ќе го има,али Реал е голем тим би требало лесно да ја реши оваа работа..Цска - Реал 20 - 80 % шансите.
Зенит - Бенфика
Зенит доста пати изненадил ништо чудно и овој пат така да биде..Бенфика ја знаеме како добра екипа али некад и знае да разочара ненормално.Зенит - Бенфика 50-50 % шансите.
Марсеј - Интер
Интер голем клуб али догинава не е така силен како што беше и не би ме изненадило Марсеј да иде понатаму..Се ќе зависи како ќе изигра дома Марсеј па после да ја бара среќата и во Италија..Марсеј - Интер 40 - 60 % шансите.