Да не пишувам пак реферати, само ќе го копирам мојот пост од фан клубот на Јунајтед
Најпрво, честитки до навивачите на Барса, заслужена победа, чиста како солза
Пишав во мојот review дека сум задоволен од оваа сезона, само мала замерка најдов што не успеавме да ги победеме сељаците во ФА Куп, али било-поминало... Потајно се надевав на успех и дека ќе успееме да ја разбиеме играта на Барса, но не беше така... почетните 15-тина минути игравме пресинг и контролата на играта ја имавме ние, ама пресинг 90 минути, може да резултира со срцеви удари кај некој од нашите
... Немавме посериозен шут на голот, се на се немаше ниту 7-8 центаршутеви во нивниот шеснаесетник (а, една екипа треба да има најмалку 25 во тек на игра), немаше пробиви по крилните позиции на што сме навикнати, тоа е тоа... После првиот гол (кој според мене е грешка на Видиќ при маркирањето на Педро), набрзина се вративме во игра, но вториот гол не закопа, според мене грешка на Царот, кој рака на срце, не го напаѓам, би ми пишал Господ грев ако кажам нешто такво, Фала ти за Се ВДС, се најубаво во понатамошниот дел од животот
... додека третиот гол беше некаде 20 асистенција на Нани оваа година во сите натпреварувања
Барселона е екипа која има перфектна генерација, која секој ден, секој месец, година, се повеќе се доградува и буквално со врзани очи ќе играат, посебно тројката Чави-Иниеста-Меси, неверојатно... За тренер го имаат Гвардиола, млад, перспективен тренер, кој има своја визија за играта и внесе новитет во фудбалот, нешто што го немало претходно, Браво, Секоја чест... Ретко кој тренер успеал во вакви битни натпревари да го надигра Ферги, а тој веќе два пати го прави тоа, во три години... :wink:
И, едноставно нешто што според мене е позитивно од денешниот натпревар е тоа што влеговме во овој меч да се надигруваме, не паркиравме автобус пред гол, и друго што ми се допаѓаше беше чистиот фудбал кој се играше (освен 2-3 старта при крајот на Керик и Валенсија
)... Не надиграа поштено, таа нивна игра со кратки пасови ги убива како физички, така и психички противниците, и се сомневам дека некој ќе најде лек за оваа игра на Барса (единствено лани Интер, ама тука големо влијание имаше факторот Среќа
)... Од таму каде што требаше да бидеме најопасни, денес ние бевме најслаби... Не сакам да ги напаѓам играчите, ниту пак да пцујам по нив, знам колку е тежок поразот во Финале... Кога губи екипата, сите се криви, но денеска би ги издвоил Чича и Валенсија како најслаби, кој тотално се загубија и ја одиграа можеби најслабата утакмица од кога се во Јунајтед... Имаме прилично млад тим, надополнет со искуство, а на клупата Легенда, така да ова не е последно Финале за нив, имаат уште многу што да покажат овие Момци...