UEFA Champions League 2010-2011

Кој ќе ја освои Лигата на Шампионите?


  • Вкупно гласачи
    171
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Чекај, јас не сфакам, некои тврдат дека утакмицава била не фер?! Ма дај, треба да не гледаш, а да слушаш манчестер радио :icon_lol:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Кога Манчестер ќе добиеше топка судиите свиреа! Кога ќе фатеше Барселона топка штама и колку прекршоци направија меѓу кои и еден пенал, тие поминаа неказнето!!! Жалам ама утакмицава не беше фер, да изгубеше Манчестер на фер начин ќе ви честитав на сите фанови на Барса.

Комунистине уште ве лажат :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Честитки до фановите на Барселона, заслужена победа чиста како солза!
Меси и Виља дадоа убави голови :)
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Честитки до фановите на Барселона за уште една титула.браво дечки,моментално сте намбер 1.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Нека ни е честита титулата, сосема заслужено, Барса покажа дека е најдобра во Европа и во светот моментално.

VISCA EL BARCA !!!!!!
VISCA CATALUNYA !!!!!
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Да не пишувам пак реферати, само ќе го копирам мојот пост од фан клубот на Јунајтед :)

Најпрво, честитки до навивачите на Барса, заслужена победа, чиста како солза :)

Пишав во мојот review дека сум задоволен од оваа сезона, само мала замерка најдов што не успеавме да ги победеме сељаците во ФА Куп, али било-поминало... Потајно се надевав на успех и дека ќе успееме да ја разбиеме играта на Барса, но не беше така... почетните 15-тина минути игравме пресинг и контролата на играта ја имавме ние, ама пресинг 90 минути, може да резултира со срцеви удари кај некој од нашите :icon_lol:... Немавме посериозен шут на голот, се на се немаше ниту 7-8 центаршутеви во нивниот шеснаесетник (а, една екипа треба да има најмалку 25 во тек на игра), немаше пробиви по крилните позиции на што сме навикнати, тоа е тоа... После првиот гол (кој според мене е грешка на Видиќ при маркирањето на Педро), набрзина се вративме во игра, но вториот гол не закопа, според мене грешка на Царот, кој рака на срце, не го напаѓам, би ми пишал Господ грев ако кажам нешто такво, Фала ти за Се ВДС, се најубаво во понатамошниот дел од животот :)... додека третиот гол беше некаде 20 асистенција на Нани оваа година во сите натпреварувања :icon_lol:

Барселона е екипа која има перфектна генерација, која секој ден, секој месец, година, се повеќе се доградува и буквално со врзани очи ќе играат, посебно тројката Чави-Иниеста-Меси, неверојатно... За тренер го имаат Гвардиола, млад, перспективен тренер, кој има своја визија за играта и внесе новитет во фудбалот, нешто што го немало претходно, Браво, Секоја чест... Ретко кој тренер успеал во вакви битни натпревари да го надигра Ферги, а тој веќе два пати го прави тоа, во три години... :wink:

И, едноставно нешто што според мене е позитивно од денешниот натпревар е тоа што влеговме во овој меч да се надигруваме, не паркиравме автобус пред гол, и друго што ми се допаѓаше беше чистиот фудбал кој се играше (освен 2-3 старта при крајот на Керик и Валенсија :))... Не надиграа поштено, таа нивна игра со кратки пасови ги убива како физички, така и психички противниците, и се сомневам дека некој ќе најде лек за оваа игра на Барса (единствено лани Интер, ама тука големо влијание имаше факторот Среќа :))... Од таму каде што требаше да бидеме најопасни, денес ние бевме најслаби... Не сакам да ги напаѓам играчите, ниту пак да пцујам по нив, знам колку е тежок поразот во Финале... Кога губи екипата, сите се криви, но денеска би ги издвоил Чича и Валенсија како најслаби, кој тотално се загубија и ја одиграа можеби најслабата утакмица од кога се во Јунајтед... Имаме прилично млад тим, надополнет со искуство, а на клупата Легенда, така да ова не е последно Финале за нив, имаат уште многу што да покажат овие Момци... :)
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
mi se svigja postot na grobarot :)

neznam nekoj kako moze da ne bidat zadovolni od sudijata koj sto ne napravi nuti edna greska
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Кога Манчестер ќе добиеше топка судиите свиреа! Кога ќе фатеше Барселона топка штама и колку прекршоци направија меѓу кои и еден пенал, тие поминаа неказнето!!! Жалам ама утакмицава не беше фер, да изгубеше Манчестер на фер начин ќе ви честитав на сите фанови на Барса.
неможеш да кажеш дека судиите им помогнале вечерва,еднставно ве надиграа и треба да се признае,штета што тука повеќето фанови на барса се со интелегенција -15
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
mi se svigja postot na grobarot :)

neznam nekoj kako moze da ne bidat zadovolni od sudijata koj sto ne napravi nuti edna greska
Па баш без ни една грешка не беше, ама не влијаеше на победникот.

Секоја чест. Не знам дали се најдобрата екипа во историјата и не знам дали Меси е најдобар играч во историјата, немам 200 години па да знам, ама откако јас гледам фудбал оваа екипа на Барселона е најдобра и Меси е најдобриот играч. Единствена негативна работа кај овој тим е глумењето, педерското понашање на терен. Стварно немаа потреба од тоа, така ќе беа многу попочитувани (не дека ќе им значи нешто тоа на нив или пак на навивачите).
Тоа е, разочаран сум, но во исто време и горд на Манчестер Јунајтед, тимот кој си го сакам 10 пати повеќе по она што се случи синоќа. Најкриво ми е за Ван дер Цар, не заслужи да има ваков крај на кариерата...
Ферги барем имаше муда и проба да игра фудбал. А сеуште го нема кажано неговиот последен збор во фудбалот и Манчестер Јунајтед ќе се врати, ќе се врати на голема врата!
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Вака на новиов Форум да им ја честитам титулата на Барса.Инаку Манчестер катастрофа изигра,во ништо не парираше со нејзината игра.
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Факт е дека едини тим што би можел да им парира на Барса е Реал, доколку не ги купат пак судиите Барселона. Во финалето си тепаа заслужено ама со Арсенал и Реал.........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom