UEFA Best Player in Europe 2011-12

Според мене главни фаворити се Чави, Роналдо, Меси, Пирло и можеби Иниеста.
 
Меси ќе ја добие. Си има преголем кредит кај гласачите и не верувам дека некој ќе го симне во скоро време. Роналдо можеби заслужи да земе оваа година, но тоа нема да се случи, барем не додека не освои ЛШ, ЕП/СП, лигата и купот одеднаш.
 
Gluposti zivi nominaciive ali bi sakala Iker da ja zeme nagradava.
 
Исти се гласачите од лани мислам дека Меси ќе ја земе. Туку каков е овој играч Дејвис? :pos:

Нормално ќе нема играчи на Баерн пошто секаде беа ранерс ап :icon_lol:
 
Според мене, како Мадрист навивам како прво да је земе Кристијано Роналдо, но исто така би сакал наградата да ја земе и Икер Касилјас, кој според мене е сепак еден од најзаслужните за успехот на Реал Мадрид и Шпанија ова година.

Со ова не кажувам дека Меси, Чави, Иниета, Агуеро или било кој не се заслужни, но ете по долго време би сакал наградата да ја добие Кристијано Роналдо.

article-0-05E004D5000005DC-993_306x500.jpg
 
Торес го има на листата, а го нема Марио Гомез :facepalm: . Ќе ја земе наградата пак Меси евентуално Роналдо или Пирло.
 
Ја би сакал Пирло да ја земе(чисто навијачки).
Ако гледаме индивидуално, Меси ја заслужува најмногу. 73 голови во една сезона, рекорд срушен.
Ако гледаме на тимски план, тогаш најмногу шанси му давам на Касиљас, а после него исти шанси би им дал на Иниеста, Чави или па Роналдо.
 
После фијаското со Снајдер...некако и не ме интересира овој глуп избор за најдобар фудбалер.

Е со ова потполно се сложувам со тебе.

Од фактот што Шнајдер не зема најдобар фудбалер на 2010 година, туку не само што не зема туку и не беше ставен во списокот на 3-цата најдобри, а во тој список беа Меси, Чави и Иниеста.

Во 2010 година Шнајдер успеа да ја освои Лигата на Шампионите со Интер, со кој беше главен во водење на напаѓачката игра на тимот, а подоцна и со репрезентацијата на Холандија успеа да ја одведе до финалето на СП во Јужна Африка 2010.

По ова одлука на ФИФА што таа година Шнајдер не беше најдобар, повеќе наискрено ми се одмили да гледам кој ќе биде најдобар играч на годината.
 
Чави - Меси иако јас би сакал како за промена од лани годинава да изберат голман од тука би ги издвоил Џо Харт, Ноер (шо го нема -.-) Чех, Касиљас. Незнам кој е критериумот ама на пример Торес имаше срање сезона а со својот клуб освои ЛШ, ФА Куп и златна копачка на ЕВРО 2012. Сепак не верувам до толку да шекнале па него да го прогласат за најдобар играч за 2012 :D
 
Демек ќе земеше некој од Баерн, ако имаше номинирано. После толку дебакли сезонава и на нив верувам им е сеедно дали се меѓу 30те најдобри, кога јасно е дека Меси, Иниеста или Роналдо ќе земат. Кој и да е сосема заслужено, според мене пак Меси.
 
Наградава веќе неколку години уназад е :гомце:

СПОЈЛЕР:Меси и К.Роналдо ќе си ја трејдаат наградава следниве 10ина години макар и ништо не направиле цела сезона
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom