Ако падне метеор над Македонија и сите умреме да знаете дека јас сум крив. Ја изглеав КОНЕЧНО. Бидна. После ваква серија, наредно шо очекувам е да најдам закопана торба со пари на некој нарко дилер. Филозофијата шо Расти ја има за животот е дефинитивно тоа што плени во серијата како и миситичноста која постојано лебди околу него. Некогаш го доживуваш ко таткото на универзумот кој пенетрира низ неговите вистини, клишеа и луцидни соништа без лубрикант, а некогаш ко фиданка на ветрот, расцутана пуполка у март (Поздрав @Енџреј) која е сјебана од мразот. Харелсон пак е феноменален во клишето - просечен цајкан кој размислува со курот и гнете џиновски крофни. Воглавно клише. Нема нешто шо не сум видел. Се шлепаат на тоа шо Меконахи се ѕвероса последниве години.
Покрај нив двајца тешко и да пркне некој друг лик. Најјаки ми се феминистките кои ја хејтаат серијава ради тоа шо жениве у серијава или се мртви или се курви или се мртви курви.
![Пукам од смеа! :LOL: :LOL:](/styles/default/xenforo/smilies/laugh.png)
Веројатно и спомнавте (не се сеќавам дали читнав у темава) од тука иде притисокот за жена детектив во втората сезона.
Пејзажите мочурливи се ок. Ја прават атмосферата уште попохована. Се е фино спакувано и те држи без да трепнеш пред екранот до финалето.
И финалето е ок. Онака Ок. Ама баш онака. Веројатно проблемот во перцепирањето на финалето како млако е во мене. Или во нас. Веројатно сите очекувавме поинтелегентен расплет, а не некоја инцестоидна напалена свиња да е убиецот, ама јбг тоа е. Од крајот, меѓу сите тие геј романтики меѓу Расти и Марти, кога збореа за светлината и темнината, сепак успеаа да разбудат во мене еден поинаков поглед на небото ноќе.
Значи имаш небо. Темнини и мракои. А ѕвездите ти се ко пукнатини, ко процепи, ко точки каде темнината е искината, а кои наговестуваат дека позади сета таа темнина сепак постои светлост, која секако е поголема. Ко кога си во театар и све е темно, али тук там позади пердето и завесата, ѕирка светлината од рефлекторите. Ете така сум ја доживеал.
Тешко на тие шо ќе ги наследат Меконахи и Харелсон во втората сезона
![Пукам од смеа! :LOL: :LOL:](/styles/default/xenforo/smilies/laugh.png)