Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.997
Ако сакаш резултат, немој нагло. 6:57 е споро темпо, ама не е страшно. Треба да го зацврстиш трупот, стомачни и грбни. Праи такви вежби колку можеш, посебно за долна зона на стомачни и за страничните кофери (ако имаш килажа).Немам сила засега да истрчам 5км трчам по 2км пон,сре,пет еве денес имав време 6:57мин/км а последното трчање т.е во понеделнико ми беше на 8мин/км.
Исто битно е силна нога, посебно бутови. Тоа со чучњеви можеш да го постигнеш. Има најразлични зависно од поставеноста на нозете.
Пиј магнезиум (само во разумни количини, пошо премногу предизвикува дијареја) и витамин Ц.
Добро трчање бара и добар сон, доволно хидрација и доволно сол во исхраната. Некои пијат и кафе пред трчање, ама мислам дека тоа може и контра ефект да има затоа што е диуретик и ја собира водата од цел организам.
Што и да праиш никако нагло. Срцето не ти навикнато, другите мускули, тетивите не ти се доволно затегнати - со брзање само беља можеш да напраиш. Кондиција за долги дистанци се гради систематски и долго време.