Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Немам сила засега да истрчам 5км трчам по 2км пон,сре,пет еве денес имав време 6:57мин/км а последното трчање т.е во понеделнико ми беше на 8мин/км.
Ако сакаш резултат, немој нагло. 6:57 е споро темпо, ама не е страшно. Треба да го зацврстиш трупот, стомачни и грбни. Праи такви вежби колку можеш, посебно за долна зона на стомачни и за страничните кофери (ако имаш килажа).
Исто битно е силна нога, посебно бутови. Тоа со чучњеви можеш да го постигнеш. Има најразлични зависно од поставеноста на нозете.
Пиј магнезиум (само во разумни количини, пошо премногу предизвикува дијареја) и витамин Ц.
Добро трчање бара и добар сон, доволно хидрација и доволно сол во исхраната. Некои пијат и кафе пред трчање, ама мислам дека тоа може и контра ефект да има затоа што е диуретик и ја собира водата од цел организам.
Што и да праиш никако нагло. Срцето не ти навикнато, другите мускули, тетивите не ти се доволно затегнати - со брзање само беља можеш да напраиш. Кондиција за долги дистанци се гради систематски и долго време.
 
Имам фудбал тренирано последни припреми ми беа во зимата и кај март се откажав

Немам сила засега да истрчам 5км трчам по 2км пон,сре,пет еве денес имав време 6:57мин/км а последното трчање т.е во понеделнико ми беше на 8мин/км.
Аман бе, за 6 месеци си паднал да не можеш да истрчаш 5км а едвај да маваш 2 со вакво никакво темпо.

Боље земи пешачи 10км него да се заебаваш со 15 мин за 2 км.
 
Мавам 2 без престан,а 5км со паузи би ги истрчал без проблем

И сеа баш глеам дека во miles ми мерело шо значи по 2 милји дено трчам т.е 3км

Сепак фала за советите
 
Последно уредено:
Истрчано 10 000 м во Белград вчера на "We Run Belgrade" со време од 40:58, можеше и подобро но сменета беше патеката и ме изненади со 7-8 угорници, а и стотина метри повеќе од предвидената дистанца. Сега ќе има 10к м и во Скопје исто во тој стил нешто, така да ќе има прилика да се сруши времето од вчера (y)
 
Последно уредено:
Истрчано 10 000 км во Белград вчера на "We Run Belgrade" со време од 40:58, можеше и подобро но сменета беше патеката и ме изненади со 7-8 угорници, а и стотина метри повеќе од предвидената дистанца. Сега ќе има 10к км и во Скопје исто во тој стил нешто, така да ќе има прилика да се сруши времето од вчера (y)
Уште те држи еуфорија со 10к км и 10 000 км изгледа :D
 
Викендов е Крали Марко во Прилеп. Се очекуваат многу добри трки заради пријавената конкуренција. На кого му е во близина Варош може да пројде на некое Крале Марко пивце (иако мислам дека воопшто не е спонзор), а тие што трчате на кеј разгледајте ја опцијата за трчање во природа. Бара малку повеќе концентрација, ама сосема поинакво искуство е. Тие што трчаат во Скопје 21км тука без проблем ја трчаат 16-ката, а со малку повеќе ангажман и 31. Ништо не е неможно.
 
На смарт рејс регистрирајте се имате инфо за сите вакви трки
 
Еве денес колку истрчав,се е до балансот во трчањето јас на почеток се силев брзо па после паѓав и зато имав слабо време од 8 мин км вака мислам дека е подобро коментари?
e451b92f7af2f9ec215f66d3e208da91.jpg
673b19bbd071ca866f997816f384777a.jpg


Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Еве денес колку истрчав,се е до балансот во трчањето јас на почеток се силев брзо па после паѓав и зато имав слабо време од 8 мин км вака мислам дека е подобро коментари?
e451b92f7af2f9ec215f66d3e208da91.jpg
673b19bbd071ca866f997816f384777a.jpg


Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
Супер е, бравос, продолжи. Претерувај ама НЕ ПРЕТЕРУВАЈ. Некое правило е да додаваш дистанца од 10% неделно, не повеќе.
Ако те фати мрза за трчање некој ден, излези, мрдни 10 минути, ако уште те мрзи, тогаш врати се. Но најчесто нема да те мрзи.
Некои трчања може да бидат тапа поради непознати причини. Помири се со фактот и продолжи даље.
 
Супер е, бравос, продолжи. Претерувај ама НЕ ПРЕТЕРУВАЈ. Некое правило е да додаваш дистанца од 10% неделно, не повеќе.
Ако те фати мрза за трчање некој ден, излези, мрдни 10 минути, ако уште те мрзи, тогаш врати се. Но најчесто нема да те мрзи.
Некои трчања може да бидат тапа поради непознати причини. Помири се со фактот и продолжи даље.

Тешкото е од дома да излезам после е лесно
 
viber image.jpg

Милина беше денес на кеј. Летово 7-8 пати дали трчнав, повеќе се фокусирав на Водно но беше навистина жешко и тешко за трчање.
Но денес раат, ептен ме мавна некоја доза на среќа... а планирав само 3.8 да истрчам, затоа што пред 2 недели 3.2 трчав и мислев ќе загинам.
Па на крај и убрзав... ме интересира утре нозете какви ќе ми бидат :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom