TOEFL & SAT

Член од
19 јануари 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Луѓе не ми ја отвора страната никако...дали може да ми ги пушти некој линковите од материјалите за подготовка на ТОЕФЛ тестот? Или па на емаил..marijanatalevska@yahoo.com.Ви благодарам
 
Член од
24 август 2011
Мислења
12
Поени од реакции
1
Добро е што има тема од овој тип бидејки сум заинтересирана за да го полагам TOEFL тестот, но претходно сакам да соберам што повеке информации за тестот, за неговата тежина, кое постигнато ниво на знаење е потребно за да можеж да поминеш на тестот, и дали воопшто доколку нивото на знаење е некаде higher intermediate два месеци се доволно за да се спремам за тестот? Каде се полага во Битола? И дали некој знае во која школа Битола може да се спремам бидејки таму сум средно четврта година и сакам да конкурирам на универзитет во англија...
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Здраво дечки .. Доколку има ваква тема - ќе го замолам администраторот да ја спои :smir: :)

Значи вака, ми требаат и двата теста за упис на факултет ( и TOEFL и SAT ) па ме интересира дали некој ги има полагано скоро, како сте задоволни од резултатот, и секако нешто повеќе околу прашањата и деловите ( дали има усно, писмено, и сл. )

Доколку имате некои битни информации, околу тоа на што треба да се внимава при полагање, би ви била ептен благодарна!

:* <3
 
ArsVivendi

самовработена невработена
Член од
15 април 2007
Мислења
603
Поени од реакции
31
Имаш супер книга од College Board за SAT со плус 10 practice tests. Искрено според мене тие ти се баш average тестови, проблемот е во времето. 4 часа да ги потрошиш на тест, губиш концентрација ии понекогаш избрзуваш ради време. Досега имам земено само practice tests не е лошо, се пријавив за SAT ќе го полагам на 2ри Јуни па можам да ти помогнам повеќе тогаш. За TOEFL не знам ништо, затоа што не треба да го полагам :)
/edit Имаш математика, есеј на англиски и reading (два дела, наоѓаш граматички грешки и reasoning, колку си го разбрал текстот). Oд трите дела мислев дека најтежок е математиката, испанда Англискиот. Но се` на се`, сите прашања варираат од лесно до тешко, така да не можеш да му дадеш оverall опис на тестот освен како што спомнав, average.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
За TOEFL не се спремав, имав 108/120. На Speaking делот најмногу се губат поени, така да внимавај на тој дел, не мора премногу смисла да ти има тоа што го зборуваш, најважно е да не се здткаш или замрзнеш во сред зборење.
За SAT треба доста вежбање, зависи какви резултати бркаш, ако бркаш над 2000, ќе ти треба многу вежбање. Critical Reading делот е најтежок, но сепак јас кикснав на Математиката, а баш Critical-от ми беше доста добар. Ти препорачувам да отидеш на курс за SAT, многу помага.
 
математика? што математика?

па мах. поени сакам .. имаш нешто материјали за SAT?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
математика? што математика?

па мах. поени сакам .. имаш нешто материјали за SAT?
Максимум поени сакаш? 2400?
Искрено, заборави на 2400 поени освен ако имаш медали од светски првенства по математика и перфектно зборуваш англиски од осмо одделение.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Максимум поени сакаш? 2400?
Искрено, заборави на 2400 поени освен ако имаш медали од светски првенства по математика и перфектно зборуваш англиски од осмо одделение.
аман? за курс неможам, од Виница сум, не ми се исплаќа да одам секој ден за Ск. на курс -.-
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
аман? за курс неможам, од Виница сум, не ми се исплаќа да одам секој ден за Ск. на курс -.-
Што очекуваше?
ЅАТ ти е приемен испит за универзитетите во Америка, тестот е наменет за ученици на кои англиски им е мајчин јазик.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Што очекуваше?
ЅАТ ти е приемен испит за универзитетите во Америка, тестот е наменет за ученици на кои англиски им е мајчин јазик.
баш за на American University ми треба ..
за математика, што треба да спремам знаеш? некако, скарани сме со неа :P
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Знам дека имаше тема отворено за ТОЕФЛ, разлистај ја, имаат повеќе членови пишано. http://forum.kajgana.com/threads/toefl.17547/

Инаку добар совет ти даде членот горе, САТ бара огромно познавање на англискиот и огромен залак е јазичниот дел, дури и на американците им задава главоболки. Реално математичкиот дел е полесен од јазичниот. Ти препорачувам да го гледаш филмот Perfect Score, кој е направен специјално за испитов, да видиш тензии што ти се. :D

ТОЕФЛ е полесен во поглед на нивото на познавање на јазико што го бара. Имаш 4 секции и зезнат тајм лимит на секоја вежба. Незгоден е малку speaking делот, кога ти даваат топик, ситуација и во рок од 1 минута треба да дадеш свој став околу истото. Мене конкретно кога полагав ми се падна, Што мислиш за воведувањето на стаклените шишиња млеко и како истото би се одразило врз сегашната состојба ? Дргуите 3 секции би требало да ти се полесни, ако го владееш англискиот.

САТ е прича сама за себе. Три пати помал тајм лимит имаш во однос на ТОЕФЛ, а 3 пати повеќе прашања и долги текстови за читање и анализа. Ѓаволски е тешко направено, пред се' поради недостатоткот на време и нервозата која по дифолт ќе ја собереш. Ти треба ептен јака тајминг припрема неколку месеци, пред да му седнеш да го полагаш. Математичкиот дел е полесен, јас тука повеќе поени извадив.

Еве ти стр. на ТОЕФЛ каде може да се регистрираш за да полагаш, а имаш и тестови за вежбање. http://www.ets.org/toefl
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
ја па целата као, не бе, ќе ги положиш .. :tapp:
 
ArsVivendi

самовработена невработена
Член од
15 април 2007
Мислења
603
Поени од реакции
31
Не е тешко да ги положиш верувај, само треба да немаш „лесни“ живци, да издржуваш добро под притисок, тесни временски граници, а прашањата не се толку тешки. Плус не верувам дека за American University (ако збориш специфично за овај нашиот) ќе ти требаат повеќе од 1600. Знам дека звучи лошо и некако деградирачки, ама 2000+ резултати се бараат за универзитети како што се Yale, Harvard, Princeton, Berkeley, UPenn и остала компанија.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Сеуште јас мислам дека IELTS тестовите од Кембриџ се подобри од TOEFL бидејќи се потешки а и дипломата ти трае цел живот за разлика од тоефл кој што имаат рок на траење од 2 години како беше
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Сестра ми извадила 78 од 120 на Тоефл тестот, многу се растревожи, може некој да ми каже со колку се рачуна положен тестот? Која е границата да се рачуна за успешен тестот? Инаку нејзе и треба за запишување на постдипломски во Турција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom