Tип на денот (Читај правила во прв пост)

  • Креатор на темата Креатор на темата tufekciev
  • Време на започнување Време на започнување
Сабота ак сака некој добра утакмица ... за уплата .. нек пише ! :) Првата е фри ... после ак ви се аресе ќе платате :)
 
Утре за Манчестер Јунајтед нема да настапат Валенсија, Сколс, Керик, Гигс и Видиќ. Речиси цел стандарден среден ред, плус Видиќ во одбраната. Имајте го тоа на ум! :)

А што мислите за Д. Киев - Д. Загреб? 1.45 е коефициент во SportLife. Ќе биде кец? Хрвативе ми се најскапан тим годинава.
 
Бате - Баерн 2хен
Ајакс - Реал 2
М.Сити - Дортмунд т1 2+
Арсенал - Олимпијакос 1
1000=6300
 
Утре за Манчестер Јунајтед нема да настапат Валенсија, Сколс, Керик, Гигс и Видиќ. Речиси цел стандарден среден ред, плус Видиќ во одбраната. Имајте го тоа на ум! :)

А што мислите за Д. Киев - Д. Загреб? 1.45 е коефициент во SportLife. Ќе биде кец? Хрвативе ми се најскапан тим годинава.

Искрено иако навивам за нив мислам дека утре ќе изгубат.Реално најслаб тим се од сите во ЛШ..Динамо Киев изгуби поштено од PSG со доста парчиња во својата мрежа и утре им е шансата да победат и тоа на домашен терен и да се замешаат за второто место..

Mене за утре ми фаќа око Charlton-Watford 1/2 или 2/1 некако на гости многу мести Watford а до сега имаат еден прелаз во меѓусебните овие изиграно..
 
Spartak M-Celtic
Спартак играат пред своја публика и на свој терен.Селтик го пратам одамна и гледам дека прима по миниум еден гол во Шкотската лига.
На Спартак им фалат 4 играчи
Romulo (Игра во првите 11 и е играч од средниот ред тој го даде голот против Барселона)
Jose Manuel Jurado(Играч од средниот ред и не е прво тимец влегувал од клупа НЕ ТОЛКУ БИТЕН!)

Soslan Gotagov ( Дефанзивен и мислам дека доста време е повреден и нема играно ни една утакмица)
Селтик немаат повредени
ТИП: T1 2+ (1.65) / ГГ (1.90)

CFR Cluj-Man.Utd

По мене досадна утакмица за гледање. Ќе се префрлам одма на повредените играчи.
На Cluj им фалат 4 играчи

Ciprian loan Deac (MF)
Adam Vass (MF)
Bakary Sare (MF)

Ronny Carlos da Silva (FW)
На Манчестер им фалат 4 играчи

Nemanja Vidic
Chris Smalling
Ashley Young
Phil Jones
ТИП: 2&2-3 (3.35) / T2 2+ (1.85)
Benfica-Barcelona
Ова два тима се со брзи играчи што можат да постигнат гол кога ќе им се укаже шанса затоа ќе биде многу добра утакмица за гледање. На двата тима им фалат клучни играчи во составот сега ќе ги пишам
На Benfica им фалат 2 играчи
Luisao suspend
Oscar Cardozo
На Barcelona им фалат 2 играчи
G.Pique
C.Puyol
Да напоменам Барселона кога нема двајца централни дефанзивци како Пујол и Пике знаете примаат гол
ТИП: GG (1.65) / T2 2+ (1.55)

Доста се 3 утакмици ме мрзи веќе
 
Galatasaray - Braga 1
Juventus - Shakhtar 1
Nordsjaelland - Chelsea T1 Не дава гол

5.9 коеф
 
Азиска Лига на Шампиони , 1/4 финале - реванши

Гуангзоу -Ал Итихад ( 2:4 прв дуел )

Менаџерот на кинескиот тим Гуангзоу, Марсело Липи за денес ќе ги има на располагање двојцата клучни футбалери кои му беа суспендирани на првиот натпревар во кој загубија со 4:2,иако на двата пати имаа водство против клубот од С.Арабија. За денес морат да постигн
ат 2 гола и да не примат ниту еден.
Менаџерот на Ал Итихад најави дека ќе игра со иститот тим кој победи во првиот дуел и дека нема да се откаже од офанзивнатафилозофија и дека ќе тргне со напад од првата минута.
Тука мислам дека е добро да се одигра или ГГ3+ ии Т1 2+.

Ал Ахли Џеда - Сепахан ( 0:0 прв дуел )

Првиот дуел заврши 0:0.
Кај домашните се враќа важен играч од нападот, напаѓачот Симонес, меѓутоа ќе им фаат двојца првотимци ( еден среден ред и еден дефанзивец ), додека нивниот капетан има мала повреда и не е сигурен неговиот настап денес.
Менаџерот на Сепахан, Крањчар, нема проблеми со составот , сите футбалери му се на број, во првото коло се изнапромашуваа и денес се надеваат дека ќе обезбедат пласнам во 1/2 финалето.
Тука мислам дека добра опција е 0-2 гола.

АБА лига

Олимпија - Сплит

И двете екипи се со целосен ростер и двете екипи го отворија првенството со победи. Олимпија го победи Раднички со 71:65, а Сплит ја изненади Ц.Зведа и победи дома со 87:81.
Олимпија има добар состав, додека Сплит е воглавно составен од млади, талентирани , но неискусни кошаркари. Се мислам тука за Сплит под 71,5 поена. Против Звезда ја имаа домашната публика која им даде ектра сила и анемичната Звезда, сега против посилната Олимпија на гости мислам дека ќе имат повеќе проблеми.

Задар - Ц.Звезда

Кај Задар ништо не се смени од петокот. Сеуште голем дел од кошаркарите им се болни, па не сум сигурен колку ќе можат да издржат против Звезда која во првото коло тотално разочара, исто како Партизан.
Се мислам тука за под 156,5 поени, мислам дека Звезда ќе одигра подобра агресивна одбрана. Не верувам дека Задар е способен да изненади уште една против еден од фаворитите за титулата оваа сезона во АБА лигата.
Победа на Звезда и под 156,5 поени.

WTA Пекинг

Азеренка - Лисички

Азеренка „Ураганот“ против Лисички „германската манекенка“.
Лисички оваа сезона игра многу лошо, а повеќе се фокусира на манекенство отколку на тенис.
Беше елиминирана во првото коло во Токио, Монтреал и УС Опен , и тоа од тенисерки кои се 2 класи полоши од Азеренка.
Азеренка е позната по тоа што во првите рунди од турнирите ги гази своите противнички со 2 сета ( затоа и ја викам Ураган :D ), a гледам денес против Лисички има понуда за збир на гејмови 18,5. Мислам дека ќе биде 6:3 6:2 , не верувам дека Лисички е способна да направинешто против Азеренка , која во првото коло ја згази Корнет со 6:1 6:0 , а на тврда подлога има скор од 36-3 оваа сезона, наспроти скоро на Лисички 9-9.
Под 18,5 гејмови.
 
Да се товарат ли Баерн, Арсенал, Јуве и Реал? Ме плашат Баерн и Јуве, дај помогнете и кажете ваше мислење. :)
Исто така се мислам и за Челзи, ама мислам дека тие ќе тепаат, скапаници се тие Нордсјеланд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom