Сум ја фатил Интер 2-1 точен резултат.
Јас ја имав 1 & 2-3 на едно тикетче, 4,00 квота, милина, ама џабе на друго кога ќе паднеш.
За утре тениси, колку да сакаш, а заедно со тоа колку да сакаш намештаљки
Еве ви можни изненадувања за утре, тие што имате на интернет сметки, пробајте на ситно околу 100 квота (5 мечеви).
Dolgopolov - Garcia Lopez - 2 @ 2,90
Долгополов не е во некоја посебна форма, се игра во сала, одлична подлога за Шпанецот кој преферира да игра на ваква подлога, го тепаше и Надал пред 2 години во Бангкок. Надал беше тогаш во животна форма, но сепак загуби од Гарсија Лопез, значи супер квота, 2,90, може да се проба изненадување и победа против нестабилниот Долгополов кој изгуби од Фаља минатиот турнир.
F.Lopez - Harrison 1 @ 1,65
Сервис-волеј играта е специјалитет на Фелисијано Лопез, токму поради тоа тој е голем фаворит во овој меч. Рајан Херисон е сепак млад и неискусен играч, Шпанецот мора да ги бара шансите на овие турнири во сала бидејќи тука тој може да покаже нешто повеќе, а овие се исклучително платени турнири, зборувам за Пекинг, исто така носи и добар број на АТП поени. Доста голема квота на Феки, не очекував до толку, ваљда нема некоја повреда или хендикеп што е волку голема квотата, играјте тука 1, без размислување.
Tsonga - Istomin 2 @ 5,30
Можеби и преоптимистички, но Тсонга е Тсонга, знае да губи мечеви на оваа подлога. Не е дека не му оди на подлогава, но Истомин едноставно сервира одлично, има добри шанси за два тајбрејка, а дека е невозможно да го совлада Тсонга... епа не баш, има шанси против Тсонга и убеден сум дека ќе може да го совлада, сепак АТП 500 турнир, тука ја бара шансата Денис Истомин со одличните сервиси и форхенд, а Тсонга " мање-више " и не го боли многу за овие турнири.
Verdasco - Querrey 2 @ 1,75
Нешто чудно се случува со Вердаско, не може никако да влезе во форма, не е онај истиот од 2009та година кога играше полуфинале на АО. Квери сервира одлично, тоа ќе биде огромна предност во овој меч, нестабилноста на Вердаско уште толку ја потврдува фаворизираната улога на Сем Квери.
Troicki - Haase 2@ 2,30
Двајцата се големи сервери, ама овај Троицки е исто нестабилен како што и Вердаско. Хасе сервира многу поопасно на моменти, знаеше да биде ноќна мора за Надал пред 2 години на Вимблдон, нешто слично како Росол годинава, но сепак во 5 сета тепаше Надал тогаш, знаеше да води и 2-0 во сетови против Мареј, Робин Хасе. Квотата е океј, 2,30 е солидно и може да се проба.
Квотите се од WWin.ba и таму планирам да го уплатам тикетов на 0,10 EUR за потенцијални 10 евра (околу 100 квота), значи не сум при повеќе пари, иначе би го уплатил и повеќе. Мечевите се на утро, па токму поради тоа и нема да може да се типуваат во нашите кладилници, затоа кој има акаунт на некоја онлајн обложувалница, слободно нека го проба тикетчево на 10-20 центи.
