Тијана Дапчевиќ ќе ја преставува Македонија на Евросонг 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мене ми се допаѓа, али можам само Македонската верзија да ја слушнам, Ги блокира овде моменталните видеа на англиски што се од Тијана.

.

На официјалниот канал на Евровизија ја имаш англиската мислам.

Инаку делот после рефренот потсетува на The Monster.
 
Ееее еве почнавме со мрчење :D

Песната ми се свиѓа, не е лоша... @scary не и треба ни ремикс ни ништо :D
Само треба да ја пее на Македонски јазик, добра кореографија и да избере добра позадина и осветлување на сцената.

Пратечки вокал ќе и била сестра и, Тамара... гласот на Тамара не е за пратечки вокал на ваква песна, според мене.

Јас ви викам дај да се организираме мене да ме испратите на Евровизија...... освојуваме 1 место ;):):D

Болдираното е клучниот момент. И јас мислам дека песната не е лоша но проблемот е во просечноста. Вакви песни има со лопата да ги ринеш а тоа не е поентата. Според мене Дарко Димитров е ОК момак има многу направено и сеуште прави но на Евровизија според мене треба да се праќаат свежи идеи. Затоа јас многу повеќе би им дал шанса на млади композитори да си ја испробаат среќата. Мислам дека тие би имале посилна мотивација. Зошто мене Дарко ми е некако истрошен со идеи.
Незнам дали е до мене ама јас очекувам многу повеќе од нашите представници и убеден сум дека можеме подобро. Единствена евровизиска песна која потполно досега ги има исполнето моите очекувања е Црно и Бело на Калиопи.
 
На кој јазик ќе се пее официјално??
На Македонски :)

Песнава е супер, па ај ако не освоиме добро место на Евровизија, бар песнава ќе стане хит и ќе се врти по радија :)
 
На Македонски :)

Песнава е супер, па ај ако не освоиме добро место на Евровизија, бар песнава ќе стане хит и ќе се врти по радија :)
На англиски ќе се пее. Не за џабе ја прикачија англиската верзија на нивниот канал
---------------------------
Иначе убава песна, ми се допаѓа. За првпат немам многу за мрчење околу нашата ЕSC песна. Само Тијана изгледа малце како транвестит али ваљда ќе ја опраат :)
 
Ubava e pesnava ne se pravete avangardni.
Ne bila dovolno inovativna bla bla, momentalno vo svetot vakva muzika vladee, bez razlika dali po vasite licni standardi ne cini.
Samo krivo mi e sho uste prakame pesni na edno politicko shou.
 
Песнава е баш мех,исто како Тијана што не ни знаев дека уште знае Македонски да зборува,осеќам дека и настапот ќе биде мех.
Работата е што не е некоја балада со убава мелодија,или некоја така лесна певлива песна како Нинанајна,ко некоја електронска средина бледа,тоа е глупото. Башка веќе видено е од минатите години.

Нас нешто друго ни треба или некоја што ќе покаже атриБУТи со певлива песна=Елена Нинанајна или некоја моќна мелодична песна ко Црно и Бело на Калиопи.

Се надевам следната година на некоја комбинација од Кајмакоски и Жељко,тоа би ни донело висок пласман.
 
Песнава е ептен добра . Тијана ептен добро ја испеа ,музиката е тоа што се слуша во европа и светот .
 
Ја баш мислам дека ќе догураме до добра позиција со песнава :)
Од друга страна, тоа и се бара - такви песни се бараат иако ги има „да ги вадиш со лопата“. Масата паѓа под вакви песни реално.
Баш тоа што е ваква, треба да е моментален хит, впрочем како и сите песни на радио што се вртат. Малце се популарни, после веднаш пропаѓаат. Фората спрема мене е да не ја пуштаат на радио и да може да уживаме во неа на самиот контест.
 
Мене ми се допаѓа, али можам само Македонската верзија да ја слушнам, Ги блокира овде моменталните видеа на англиски што се од Тијана.

Според музиката и енергијата е подобра од сите после Елена Ристеска. Само Тијана многу еротика да не произведува на сцена, зошто нема таква ѕвезда. Се надевам ќе смисли убав сценски настап, ќе биде и она подвижна не да изгледа како Вера Јанковиќ на Макфест.
Кога веќе песната е чист рандом од студио, Тијана треба да покажи некаков адут во Данска :) Барем за глумење ја бива.

Инаку песната така така. После Есма неможам да речам дека е лоша, ама како што кажав песнава ми е како произведена со сила. Без душа без ништо карактеристично. Евровизија е таква што мислам дека треба нешто маркантно за да биди забележано. Тијана колку и да не ја почитувам како уметник мислам дека можеше да изведи некој циркус. Мислам дека песнава ќе се потопи без соодветна кореографија.
 
Треба неколку ремикси да и направат диџеи од балканов Грамофонџие,Марко Настиќ,Кирил Џајковски,Севдах бејби ... и тоа да го спакуваат у цд и да напраат повеќе цд-а од истото, да го делат гага каде и да одат по настапи и така да ја промовираат песнава пред почетокот на евровизијава.
 
Иако можеше уште некои нијанси да се дадат на матрицата, песнава е доста музички богата...Има разновидност од строфа, рефрен, не е монотоно нешто да се врти нон стоп. Ми се допаѓа вака на неколку слушања.
 
Кога веќе песната е чист рандом од студио, Тијана треба да покажи некаков адут во Данска :) Барем за глумење ја бива.

Инаку песната така така. После Есма неможам да речам дека е лоша, ама како што кажав песнава ми е како произведена со сила. Без душа без ништо карактеристично. Евровизија е таква што мислам дека треба нешто маркантно за да биди забележано. Тијана колку и да не ја почитувам како уметник мислам дека можеше да изведи некој циркус. Мислам дека песнава ќе се потопи без соодветна кореографија.
На Тијана не и е адут еротични потези и фаци, баш напротив изгледа одбивно. За тоа треба некоја ко Елена.

Сега ја слушнав и Англиската верзија, убава е не е лоша, подобра е од Македонската верзија. Само јас би додала посилни делови, ваљда ќе ја досредат. Ајде Македонијо пола се откажаа, наше е првото место :D
 
Добро е почна македонскава мрежа на социјалниве страни со хејтање се загрижив што вчера ретко кој спомна нешто, али изгледа гледале Бубамара.
 
На Тијана не и е адут еротични потези и фаци, баш напротив изгледа одбивно. За тоа треба некоја ко Елена.

Сега ја слушнав и Англиската верзија, убава е не е лоша, подобра е од Македонската верзија. Само јас би додала посилни делови, ваљда ќе ја досредат. Ајде Македонијо пола се откажаа, наше е првото место :D
Никој не вика дека и е :) Едноставно сакам циркус :) За Евровизија прајме муабет. И нормално Тијана си е сосема ок за циркус.
 
Никој не вика дека и е :) Едноставно сакам циркус :) За Евровизија прајме муабет. И нормално Тијана си е сосема ок за циркус.
Топ е Тијанка за циркус, ќе изигра одлично во неа немам сомнеж.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom