The Walking Dead

Јас престанав на пола сезона од претходнава сезона. Се мислам дали да ја продолжам пак.
 
Дефинитивно ја оставам, ми се собраа доста квалитетни серии, па неможам и со ова срањево да губам време.
 
Почна новата сезона а? И јас сум на ум да ја оставам, нема смисла, има многу подобри работи за гледање, ретко прекинувам серии ама веќе со години гледањето ми е како некоја обврска
 
Порано имаше и хајп по социјалниве мрежи, да не беше активирана темава, немаше појма да имам дека почнала нова сезона.
 
Порано имаше и хајп по социјалниве мрежи, да не беше активирана темава, немаше појма да имам дека почнала нова сезона.
Ќе си направиш TVTime, затоа, и ќе те потсетува. Да не е тоа, јас би изгубил track.
 
Ќе си направиш TVTime, затоа, и ќе те потсетува. Да не е тоа, јас би изгубил track.
Ја имам со години ама не е до тоа, се изгуби секаков хајп за серијава.
 
Никогаш не сум бил помалку возбуден дека почнала нова сезона од некоја серија...
Ми даде нотификејшн твтиме и дури и глупо ми падна, си реков, кој ќе гледа сеа... аххахаха
 
Никогаш не сум бил помалку возбуден дека почнала нова сезона од некоја серија...
Ми даде нотификејшн твтиме и дури и глупо ми падна, си реков, кој ќе гледа сеа... аххахаха
Исто :pos:
 
Ја имам со години ама не е до тоа, се изгуби секаков хајп за серијава.
За тоа сите сме со иста мисла. Посложни не сме биле од времето на Тито.
 
„Детево“, заслепено од својата љубов кон копитата на коњите, трча по коњов и не гледа дека тука има одма зомби што ќе го залапа.
Дерил неќе да биде лидер ама му наредува да се снајде како знае и умее на тој да го офарбаат ѕидот.
Маги ја напаѓаат, нападот завршува, наместо детето да си го види или да го провери девојчето што ја тресна главата у камен обидувајќи се да ја спаси, иде право кај Грегори.
У меѓувреме 2-3ца што и помагаат си клечат надвор наместо да идат да видат Маги дека се брца со ножеви со Грегори.

Иначе, пред една недела, починал глумецот што го глумеше Хершел

YxlmvW6.jpg
 
Не знам дали ви излегува на фејсбук рекламата од FOX, најавуваат "велико опраштање" на нивната страна, најверојатно ќе си оди на сред сезона.

44468802_2763536667005257_2413606831046787072_n.jpg
 
Почнувам да ја мразам Меги. Иначе сезонава добро почна. Се надевам дека нема да ја расипат понатака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom