The Walking Dead

Се согласувам. Почнав да ја гледам серијата пред 2-3 недели и уживав во првите 4 сезони, 5-та сезона едвај ја изгледав, некои епизоди и по 3 дена ги гледав. Премногу непотребни throwbacks, и некако не се чуствуваше возбудливоста како во претходните епизоди. Еве сега 6-та ја почнав до 8 епизода сум. ама и оваа некако слабо...
 
Не е работата за возбуда невозбуда, мене пример ми е цело време интересна зошто не барам нешто Wow во некои серии, но едноставно мора да ја завршат веќе, си кажавте и самите, стана клише скоро се', или нека најдат лек, или нека ги убијат сите.. а не вака секоја сезона по некој нов негативец, па нова група, па ова па тоа..се надевам последна сезона ќе е ова, ме мрзи да барам дали се планира уште една :)
 
Мене прва сезона ме привлече. Само 6 епизоди имаше, одлично спакувани. Втората ми беше досадна, што докажува и фактот што ја стопирав до одредена епизода и ја продолжив по година-две.

Трета, четврта одлични, петтата си имаше добри моменти, али при крај затупе. 6та и 7ма веќе лоши ептен. Се надевам дека ќе имаат лош рејтинг сезонава и конечно ќе стават крај. Доста го тупеа.
 
Тешко за лоша сезона, сега го адаптираат најдоброто од стрипот, секако и најхапјпаното Volume 20 и Volume 21 All out war Part 1 и Part 2. Тоа е моментот кој сите го чекаат, доколку не го претерано усерат ова може да биде солидна сезона, секако зависи од тоа колку верна адаптација на стрипот ќе успеат да пренесат.
 
Па реално рејтингот со секоја сезона паѓа, со исклучок на првата епизода од седма сезона со 17 милиони гледачи, останатите епизоди беа гледани во просек по 10 милиони, што во споредба со претходните сезони од по 14 милиони е лошо.
 
Работата е што имаат т.н филер епизоди, од што ако го пренесуваат само тоа во стрипот ќе завршат за 3 епизоди, се обидуваат да ги подетално објаснат настаните кои водат до ситуацијата во стрипот. Земи ја за пример 1вата сезона со само 6 епизоди, која колку толку верно ги прикажа настаните, по мене и останатите сезони требаше да имаат по толку заради побрза акција.
 
Апсолутно. Поарно е да чекавме 6 епизоди и која од која да бидат подинамични и подобри, отколку да трупаат материјал од кој реално 3-4 епизоди од сезона вредат.
 
Според мене Првата сезона најдобра, потоа малце досадна втората, третата почна одлично но заврши катастрофа.
4, 5 и 6 сезона одлични, 7 малце послаба ама си имаше добри моменти :)
 
По Неган треба да заврши серијава без разлика дали уште има материјал во стриповите, едноставно актерот го крена плафонот за негативци во серијава и се по него ќе биде нула.
 
Се согласувам потполно! Колку и да продолжат по ова, ништо не би било на нивото на смачкувањето на главата од Глен. Ништо! Се надевам дека нема да им текнуваат нови глупости откако ќе завршат со Неган. Само има уште еден проблем - колку долго ќе ја развлекуваат со Неган, зашто и тоа не чини. Да не заборавиме, Неган не е се уште победен и не е мртов во серијава
а не е ни во стриповите.
 
:love::love::love::love::love::angel::pipi::pipi::pipi::pipi::pipi::backa::backa::backa::backa::backa::backa:Андреа оооо Андреааа:kruna:

andrea-walking-dead.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom