The Walking Dead

После премиерата конечно одлична епизода, многу ми се допадна, посебно делот со турата низ империјата на Ниган.
 
1. Ниган е психопат.
2. Сега ми е јасно за фацата на Двајт.
3. Една од Мишон или Росита ќе направи беља/хаос и ќе го налутат Ниган.
4?. Дали местото што го најде Рик е на Сејвиорс или на други?
 
Веројатно е некоја друга група или некој друг лик, неповрзан со ниедна група.
 
конечно малку поасална епизода.... не ми е јасно што пробуваше да изиграва карл копукот со тоа пушкичето... као он ке ги спаси од ниган сите со 1 потег? - епте нереално и сосема глупо...
ниган е психопат оболен до даска ама ке направи некоја опасна грешка у скоро време мислам и ке си го добие заслуженото па дури и повеќе од тоа.... прашањето е што ке се случи после толкава огромна група без ниган....
 
Осеќам дека ќе се спојат екипата на Исус, феминистките у џунглата, овие од Александрија против Ниган. Исто и Двајт има големи шанси да испадне еден од добрите ликови. А, може и самите Сејвиорс ќе се освестат и сите заедно ќе го рејпаат психото. Глумата на Ниган е одлична, но има некои гестури кои му се монотони и здосадуваат.
 
Замислете Двајт да го скине Ниган...е тоа јако ќе биде. Двајт има голема омраза кон него.
 
B8l3OI6.jpg
 
Не сум пишувал на темава, но ја читам цело време, исто и серијата ја имам изгледано секоја епизода и можам да кажам дека оди само во надолна линија, гледам последнава епизода ви била подобра од останативе освен првата нормално, мене ништо посебно не ми беше дури имаше и преглупи моменти со Карл, детиште влегува во камион на групата што и во Александрија им се тресат, им убива двајца луѓе им вади пушка во нивна зона и уште им вика не мора никој да биде повреден Ниган ми треба :pistoldz: седи бе мали не се резили... :facepalm: Капак на се психово го прашува што да направи со него, а овој му враќа да се фрли од прозор да не мора да го убие човекот што му испасира пред очи двајца од неговата група... :facepalm:
Друга работа што не ми се допаѓа, на страна тоа што Ниган е извонреден негативец, неговата група и не е некоја велесила, барем до сега тие што ги прикажаа не се некоја бројка што може да држи како робови неколку групи кои скоро се колку нив бројчано...Како да не можеа некако да ги заебат да ги отрујат, запалат или рокнат со некое RPG или наједноставно групите на Рик, Исус, тој со тигарот и жеништата здружено да ги нападнат, сите имаат над 20 луѓе, знам дека не е интересно одма да се решат, ама вака изгледа наивно...Многу поинтересно ми беше кога менуваа локации и беа во движење, сега зомбињава никој не ги ни регистрира не памтам кој последен настрада од зомби, :cautious: сега само седат на затворено и чекаат да дојде Ниган да им ја собере зимницата и намештајот :icon_lol: (и уште овие па на земја спијат, пошто многу е тешко кревети да се најдат од милион напуштени куќи) и да напиња и ќе чекаме финална пресметка, а во меѓувреме ќе гледаме скоро еден час посветен на Тара која најискрено заборавив дека постои :гик:
 
Исто и јас не сум задоволен како оди серијава, после првата епизода која беше прејака. Ова се друго после неа е живи глупости. Тотално се распадна групата од Александрија, кој што сака прави. Ниган најпрвин го претставија како луд психопат, за сега во последнава Карл да му влезе среде камп да му скине двајца и ништо да не му прави.

Тоа со Тара беше непотребна цела епизода, можеше многу пократко да се реализира тоа, со случувања од другиве места, вака беше премногу лоша епизодата.

Јас мислам дека останативе групи ќе се здружат и ќе се обединат против Ниган, на сите им е заеднички непријател. Инаку би требало да бидат поинтересни наредниве епизоди, Мишон и Росита се готови да прават некоја беља, Рик најверојатно ќе најдат оружје таму, Дерил доби клуч за бегање... ама сепак нема да го смени тоа што последниве епизоди беа доста неинтересни.
 
Ај што Карл наивно влезе кај нив, без леснотија упука двајца од нив ама Ниган коа го имаше на нишан не може да пука. Па ако толку лесно ги упука двајцава што се мисли за тој по кој што дојде. Плус Ниган сите ги малтретира ама никој нема муда да го скине дури и од неговите. Пошто не можеле да смислат како ќе успесе Исус да влезе и да се качи во камионот коаг искачаа од местово на Ниган, само едноставно покажаа како е он горе врз камионот. И порано имаше наивни моменти али сеа веќе се претерува.
 
Позитивно од епизодата со Тара беше тоа што дознавме дека постои уште една група среде џунгла која исто така е контролирана од Ниган. На друг начин глупаво ќе беше да дознаевме,а вака е океј според мене штознам ....
 
Повеќе од очигледно е дека сите овие групи ќе се здружат и ќе тргнат против Ниган. До тогаш стандард, една добра, 4 досадни епизоди и кога ќе дојде моментот да се убие Ниган ќе биде покољ на сите страни.
 
Ниган колку што прочитав и во осма сезона ќе игра, така што мало сутра сезонава да го свирнат. А и стварно не знам што глупи се, еден човек ги е*е 1000 у мозок и сите му го дудлаат. Можат комотно да го опколат и паша по паша да го дерат. :icon_mrgr:
 
Баш ме интересираше што ќе се случува следно и каде ќе се движи серијава зошто последниве две сезони ми се катастрофа со исклучок на понекоја епизода и проверив во стриповиве. Искрено сум разочаран. Нема никаков напредок, не се движи дејството никаде само се заменуваат едни негативци со други без тие да имаат никаков ефект на целата приказна. Сега едно две сезони ќе се занимаат со Ниган, па после со некои Whisperers и така до бесвест
 
Кончено најдов време да ја почнам новата сезона. Можеби беше најдобра епизода евер ама не може бе такви работи да се даваат на тв, ептем грозно и психопатски. Страв ќе ми е да искочам надвор утре, ќе мислам цело време како има некој лудак кој ја гледал епизодава и чека негде да ми е разбие тиквата.
Немаше шанси да му ја пресече раката на Карл, ептен ќе забегаа во психопатски правец тогаш. Подобро нека го утепат нормално од колку да гледам како некој татко му ја сече раката на своето дете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom