The Walking Dead

Од тој аспект имаш право, али си имаше симболика тоа М. М како Марко, како Мајка, како што и да беше… него пази и ко имаме убави наслови на македонски филмови не знаеме да ги сочуваме - дебитантскиот на Волкашин што е во пост-продукција и имаше преубав наслов - “Слатката горчина на зрелите калинки” - го смениле сега во “Сладоста на горчливите нешта”. :(
Мене „Колнати сме Ирина“, веројатно ми е број 1 наслов на наш филм. Иако нема ништо посебно и ништо патриотско, македонско, ми зрачи со македонштина тој наслов.
 
Немаше врска М со TWD. Си го гледал филмот? Јас повеќе би рекол дека беше A.I. Artificial Intelligence во зомби апокалипска, или пост-апокалиптичен Пинокио, отколку било што поврзано со TWD. Баш мислам дека е еден од најоригиналните наши филмови.
Го немам гледано. Затоа и спорев околу годината на издавање. Друг го категоризираше во зомби срвајвал апокалипса.
Автоматски споено мислење:

Мене „Колнати сме Ирина“, веројатно ми е број 1 наслов на наш филм. Иако нема ништо посебно и ништо патриотско, македонско, ми зрачи со македонштина тој наслов.
За да биде апла патриотски треаба да боде К`лнети сме.
 
Како и да е, сите имиња се подобри од M. Многу мразам такви наслови - M, Z, ЧКЉ... На форумов не можеш ни да ги пребаруваш насловите.
Од тој аспект имаш право, али си имаше симболика тоа М. М како Марко, како Мајка, како што и да беше… него пази и ко имаме убави наслови на македонски филмови не знаеме да ги сочуваме - дебитантскиот на Волкашин што е во пост-продукција и имаше преубав наслов - “Слатката горчина на зрелите калинки” - го смениле сега во “Сладоста на горчливите нешта”. :(
М значи и Mark (Ознака/Жиг) на англиски. На крајот од филмот таа странкињата вика: Relax, he has The Mark.
Ама Сашко Коцев нели на почеток му вика ти си Марко затоа имаш М на раката.



Тоа што во Русија е така преведен нема никаква врска со идејата.
Секој пазар си го преведува како што сака, за подобар пласман и подобра кино гледаност.
Американскиот продажен агент го смени името во Beyond the Wasteland, во Бразил и Мексико е пуштен ко ‘Последната надеж’, во Германија ‘М: Мисија Надеж’, во Франција бил пуштен ко ‘The End of Silence’, во Филипините имаше друг назив…
Тоа што во Русија е така преведен не е случајно, верувај.

Немам ништо против македонска кинематографија или балканската воопшто, ама фали оригиналност у сценаријата. За глумците нејќам ни да зборам, се едни те исти ги гледаме, мислиш сериски филм снимаат. Го снимија Врба, па после Нема да бидеш сама, а филмовите да не речам исти се буквално, и тоа ги снимија со истата глумица.

А за да биде уште поиронично Бугарите освоија Евровизија а ги бие глас дека се најголеми плагијатори у свет.
Автоматски споено мислење:

Мене „Колнати сме Ирина“, веројатно ми е број 1 наслов на наш филм. Иако нема ништо посебно и ништо патриотско, македонско, ми зрачи со македонштина тој наслов.
Постарите филмови се баш македонски, ама таа прича со комити, турци и востанија е просто веќе истрошена, истото важи и за Втора светска војна и НОБ. Македонски народни приказни уште снимаат, преснимуваат исти изданија со други глумци, наместо да снимат нешто што е у тренд. Можат барем некој ситком или комедија филм, студијата у МРТ зјаат празни.

За македонски филмови trackermk има доста материјал, а и на YouTube може да се најдат филмови.

Еве еден ирско македонска копродукција со Наташа Петровиќ и режисер Митко Панов, објавен на профилот на режисерот.

The Witness 2018
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom