Да кажам и јас нешто поопширно. Ептен ми е мерак шо загина конечно гнасата дегенска. Зошто, што беше со овој тип, беше негативец само ради негативност. Што му беше целта, уште на почетокот, го имаше Вудбери, совршена тврдина, добро организирана заедница, но не мораше да го има и затворот а не дека му требаше за нешто. И после нормално доби шо заслужуваше.
А сега, шо му беше целта сега, знаеше дека нема да го добие затворот по мирен пат, нели многу ги сакаше женската и новата „ќерка“ и ги изложи на опасност од неговата психотична желба за освета. Е па колку мерак ми беше кога ја виде и неа мртва, си го доби шо заслужуваше.
Како шо претходно во епизодата со епдиемијата кажав, Хершел е страшен лик и штета шо нема да го гледаме ама некој мораше да замине, дури ќе се осмелам да кажам дека можеби требаше да загине уште некој од групата на Рик, сепак беа нападнати од добро вооружена банда со неколку бивши војници, мене не ми беше баш реално како Мишон успеа да побегна заробена пред очите на целата гувернерова банда. Или пак фактот колку сите беа лошо стрелци, оној црнецот го гаѓаат со аутомати овој позади саксии се крие ништо не му е. А за Дерил пак ептен беше исфорсирано, го фаќа зомбито и прави штит од него а повторно пукаат со автоматско оружје и ништо не го погодува.
Но како и да е, беше одлична епизода, сега повторно ќе имаме нов почеток, иако сеуште имам сомнеж дали навистина загина ќерката на Рик, тоа ќе видиме во февруари.
Ама најепик момент ми беше тоа плавото девојче, ученичката на Керол, која фаца ја има прав психопат каков Гувернер, мислам дека голема е веројатноста Керол да ги немаше убиено оние двајцата. Девојчето со Карл заедно ќе прават ептен убивачки пар. Кога и го свирна куршмот на таа женската у глава буквално се изнасмеав на цел глас од радост.