The Walking Dead

Ја изгледав и втората епизода.

Разочаран сум од оваа епизода, немаше ни адреналин ни ништо, како трилер филм. На крајот работите излегоа од контрола, па очекувам поинтересна наредна епизода, со повеќе акција и зомбиња. ;)
 
немаше ни адреналин ни ништо

па ти кога ја гледаш епизодата? во сред бел ден со пријатели? : D

гледај кога пука ноќта и сите спијат со слушалки подесени со јачина на звук скоро до крај по можност 720п да со сочувствуваш со екипата која бара излез од навидум безизлезна ситација па ќе има андреналин ти гарантирам : P

за епизода две очекувам да изрипи од некаде и братот на Daryl
 
Според мене доста добро почна вторава сезона . Сега нормално дека текот на настаните ќе биде многу побавен и на моменти подосаден , бидејќи се 13 епизоди во прашање за разлика од првата сезона која се гледаше во еден здив .

Се на се многу добра серија .
 
415928_460s.jpg
 
Ги изгледав трите епизоди... Јака еее, Јака!! Многу поинтересна за разлика од почетокот на прва сезона, многу трагедии... ми се допаѓа што првите 2 епизоди завршија онака да те тера да сакаш одма да видиш што ќе се случи понатака...

Многу трагедии/полу трагедии има.. првата епизода таман си реков ќе заврши среќно, ќе го најдат девојчето тоа да ти испадне дупло понесреќно со детево Карл... ме нервираат песимистите, плавава(Аманда мислам) и црвенава(Лори) меѓутоа мора да има различни размислувања... Третава епизода се изнервирав зашто знаев што ќе испадне со Шејн и дебелиов... пошо ми нема логика, онака цело време дур бегаа од зомбите си помагаа и се грижеа еден за друг и на крај Шејн му го направи тоа...
Омилени ликови ми се Дерил(со стрелата) и Дејл(старчето). Црнецот треба да го тргнат :) А и азијчево слабо нешо сезонава...
 
Денес официјално почнав да ја гледам, втора епизода од прва сезона, вечер уште две ќе поминам. Сега за сега е солидна, по коментариве очекувам во продолжение да качи левел.
 
Интрoто/музиката се страшно, СТРАШНО ДОБРИ! ми влегoа под кожа! серијава е феноменална!
 
Последнава епизода беше дефинитивно најдобрата епизода досега (1+2 сезона). Алал да им е на AMC, лето-Breaking Bad Epicness, зима- Walking Dead awesomeness :)
 
Ја изгледав прва сезона, морав :rolleyes:
Импресии... одлична е, ептен занимлива, ликовите доста интересни. Thumbs up.

404804_700b.jpg
 
дечкото праи пепел

во една од сцените во последната епизода каде што безпомошното тело на зомбито испушташе иритирачи звуци си велам во себе "shut up, shut up, shut up..." и ете ти го Дерил со стрелчето му ја светна меѓу очи "shut up'' - fuck yeah момент дефинитивно

искрено не очекував таков крај, мислев Шејн така се однесува бидејќи навистина не успеал да го спаси ловецот... плус го спомнаа братот на на Дерил па кај и да е ќе изрипи од некаде
 
Многу бавно некако се одвива вторава сезона, може подобро ќе беше пак 6 епизоди да беа. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom