The Vampire Diaries

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Људи мои шта се то догодило :vozbud:
 
Последна беше..? Дури Јануари? Fuck.
Претпоследната повеќе ми се допадна, даде повеќе контекст околу Оригиналите.. мада и оваа беше like awesome and stuff. Мислам дека треба сега да заблеска Стефан. Прво беше геј, ама попрво беше the reaper. Е сега кога веќе не е под контрола на Клаус ќе му дадат баланс помеѓу ѕверот и тој новиот сладок секогаш што размислува рационално и со план. Ако не е лукав ќе ги убијам. Нешто налик Дејмон.

Друго Катерина ми ја уништија, како лик. Нека дефинираат убаво што е вампир. Доста само ги прават контрадикторни ликовиве, сите добри станаа, на крај по логиката Клаус ќе се вработи во добротворни цели. Катерина секогаш нејзината безбедност си ја ставаше прва. Лејм ми е ова со "сакањето" од страна на сите. Форсираат.
 
Искрено не можам веќе да коментирам на темава зашто ме оставаат без зборови... :vozbud:

Ама дури у јануари :place:

Абе немој вакви клипови да постираш веќе...ќе ме фати некој срчан удар :D Па ќе се пореметам до Јануари... :(
 
леле кој ќе дочекат да дојдит Јануари :( .. таман почна
Никогаш не ми е доста од оваа серија

НАЈДОБРА серија до сега. Цело време не изненадуваат.
Иначе имаше пост погоре дека ќе се појавела жена му на Стефан (ваљда вистинската жена, во вистинскиот живот е) и мое мислење е може да биде во тие кофчезите.
 
Aј да те цитирам. Не :D не е жена му на Стефан во ковчезите.

Be Strong :pos:

он: Се надевам ќе умре Џереми у 10 епизода (на трејлерот ко демек кола ќе го мавне) , оти многу иритира, и онака не врши улога.
Плус само проблеми и праи на Бони. Also, да не беа духовите ќе го пречкртаа уше на почетокот :)
 
Знаев дека колку и да сакаат, нема да можат да ја направат појака од минатата. Ама тоа не значи дека не беше на ниво со другите.
Нема да пишувам за епизодата, се случи што се случи, едноставно со два-три збора, не можеше на друг начин да се заокружи овој прв дел од третава сезона, за да испадне вака одлично како што испадна.

Сакам нешто да напишам за ликот на Клаус, кој што и даде посебен шмек на серијава од кога се појави.
На почетокот кога го спомнуваа, очекував да се појави некое старо вампириште налик на оној од Underworld, мислам дека Виктор се викаше, не ме држете за збор, одамна не ми е гледан. Исто очекував неговата појава да биде пропратена со повеќе класичост, онака, old fashion.
За разлика од тоа, дојде Клаус каков што го знаеме, физички сосема спротивен на сите очекувања, но затоа пак, премали беа чевлите на тој Клаус што го очекував, за овој досега што го видов. Извонредна интерпретација на тоа што само можеш да си го замислиш во главата додека читаш книга. Уште кога ќе се додади начинот и акцентот на кој зборува, се создава таа желба да се поврзиш со тој карактер, да го сватиш и се' повеќе да сакаш да го проучуваш и гледаш. Секоја чест на момакот што го глуми, досега заврши огромна работа за серијава.
Исто тука е и Дејмон. Карактер кој мислев дека ќе остани ненадминат до крај на серијата. Потоа и Аларик кој со својата оригиналност ме плени од самиот почеток.
За мене овие тројца се најјако скроените ликови во целост во серијава. Досега.
Исто, морам да се согласам дека не ми се допаѓа во кој правец заминаа со ликот на Кетрин. Мислам дека ова мора да биде крај во вакво светло, мора да се врати кај што беше и кај што припаѓа, меѓу badass-ите. (не дека има bad ass или слично):icon_lol:

And now we wait...
 
Не сфакам зошто мислите дека Кетрин е толку сменета?!
Точно, она секогаш гледа за неа, да избега, да се спаси ецт.
Овој пат го спаси Дејмон, шо е чудно? Некогаш го сакала, повеќе го сакала Стефан, но и Дејмон. Плус, она и Дејмон многу пати си помагаат во текот на серијава, мене не ми е чудно шо им помогна.
Ваљда ја сфакам како лик, којшто помага таму каде што неможе да биде повреден :)
 
Нешто не ми е јасно за Клаус. Во крајо на втора сезона мислам беше, кога беше во телото на Аларик и бараше ново тело во кое ќе влези. Го најде ова шо го "носи" до ден денеска. :D А сега во епизодиве кај шо имаше флешбек од времето ко настанале оригиналниве вампири тој е во истото тело. Јас лошо го сфатив то или е грешка на серијата ? :cautious:
 
Повремено го користеше телото на Рик заради планот нели, неговото тело остана во неговиот стан со вештерката која му помогна, мислам така беше, тоа му е телото отсекогаш и не ми се верува дека помисли на оваков огромен фејл во серија од калиброт на TVD.
 
Нешто не ми е јасно за Клаус. Во крајо на втора сезона мислам беше, кога беше во телото на Аларик и бараше ново тело во кое ќе влези. Го најде ова шо го "носи" до ден денеска. :D А сега во епизодиве кај шо имаше флешбек од времето ко настанале оригиналниве вампири тој е во истото тело. Јас лошо го сфатив то или е грешка на серијата ? :cautious:

Не е грешка на серијата, он кога бараше ново тело тоа го направи само за да не се појави тој (мислам на вистинскиот Клаус). Значи за да не го познаат одма и да биде изненадување влезе во телото на Аларик, а не дека немал свое тело.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom