Знаев дека колку и да сакаат, нема да можат да ја направат појака од минатата. Ама тоа не значи дека не беше на ниво со другите.
Нема да пишувам за епизодата, се случи што се случи, едноставно со два-три збора, не можеше на друг начин да се заокружи овој прв дел од третава сезона, за да испадне вака одлично како што испадна.
Сакам нешто да напишам за ликот на Клаус, кој што и даде посебен шмек на серијава од кога се појави.
На почетокот кога го спомнуваа, очекував да се појави некое старо вампириште налик на оној од Underworld, мислам дека Виктор се викаше, не ме држете за збор, одамна не ми е гледан. Исто очекував неговата појава да биде пропратена со повеќе класичост, онака, old fashion.
За разлика од тоа, дојде Клаус каков што го знаеме, физички сосема спротивен на сите очекувања, но затоа пак, премали беа чевлите на тој Клаус што го очекував, за овој досега што го видов. Извонредна интерпретација на тоа што само можеш да си го замислиш во главата додека читаш книга. Уште кога ќе се додади начинот и акцентот на кој зборува, се создава таа желба да се поврзиш со тој карактер, да го сватиш и се' повеќе да сакаш да го проучуваш и гледаш. Секоја чест на момакот што го глуми, досега заврши огромна работа за серијава.
Исто тука е и Дејмон. Карактер кој мислев дека ќе остани ненадминат до крај на серијата. Потоа и Аларик кој со својата оригиналност ме плени од самиот почеток.
За мене овие тројца се најјако скроените ликови во целост во серијава. Досега.
Исто, морам да се согласам дека не ми се допаѓа во кој правец заминаа со ликот на Кетрин. Мислам дека ова мора да биде крај во вакво светло, мора да се врати кај што беше и кај што припаѓа, меѓу badass-ите. (не дека има bad
ass или слично)
And now we wait...