The Vampire Diaries

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе се појави некој вистински вампир во серијава пишете ПП да продолжам и јас да ја гледам :smir: :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Кога ќе се појави некој вистински вампир во серијава пишете ПП да продолжам и јас да ја гледам :smir: :)

Не не не не не...Ако очекуваш експлицитни сцени како во Дракула или Блејд, гледај Дракула или Блејд.:)
А ако мислиш дека е Твајлајт материјал, јок, везе немаат. Знам дека е прашање на вкус, ама what's not to like? Мистерија, акција, сај-фај, Нина Добрев...:)
Ете во прва сезона ја зачнаа темата и за врколак, ќе биде во вторава многу и со тоа.
А гледај ја вечер Кетрин дали ќе ти го задоволи вампирскиот вкус.:)

п.с. Како/што/колку имаш гледано од серијава?
 
Кога ќе се појави некој вистински вампир во серијава пишете ПП да продолжам и јас да ја гледам :smir: :)
Мислиш дека стварно постојат? :pos:
Иначе вечер каде и во колку ќе ја има вторава сезона(ради таа Кетрин да ја видам)
 
Иначе вечер каде и во колку ќе ја има вторава сезона(ради таа Кетрин да ја видам)

For those of you who have been patiently waiting since season one wrapped up, tonight is your night- the “Vampire Diaries” season two premiere hits the CW at 8pm ET!

Е сеа, според мои (не гарантирам за точност:)) пресметки би требало кај нас во 2 часот вечер да оди премиерата.
 
^ У седум по америчко време иде, значи у 2 саати сабајле по наше. Таман си пресметал.:D
 
Не не не не не...Ако очекуваш експлицитни сцени како во Дракула или Блејд, гледај Дракула или Блејд.:)
А ако мислиш дека е Твајлајт материјал, јок, везе немаат. Знам дека е прашање на вкус, ама what's not to like? Мистерија, акција, сај-фај, Нина Добрев...:)
Ете во прва сезона ја зачнаа темата и за врколак, ќе биде во вторава многу и со тоа.
А гледај ја вечер Кетрин дали ќе ти го задоволи вампирскиот вкус.:)

п.с. Како/што/колку имаш гледано од серијава?

Се сетив дека ве имам замарано на почетокот на темава. Која Нина Добрев бе луѓе, алооооо :pos: Ем што не знае една работа што е многу битна во случајов, како беше овај... аха... да глуми, нема ни никаква посебна причина зошто би се навлекол на еден женски лик кој нема никаква харизма од типот на Evangeline Lilly во Lost и ред други... Гледав некои 12-13 епизоди и искрено барав причина да продолжам со гледање, ал не могу. Некои од причините:


Просек... ме разочара малку... очекував посериозна серија во секој случај.

Прва работа што очигледно ми падна во очи е тотално промашената главна женска улога, што е прилично огромно промашување пошто главните не можат да бидат изедени за вечера. Серијата за да биде хит или барем блиску до тоа мора да има актери оки публиката ќе ги засака, најмногу ова важи за актерките, посебно главните. Мене никако не ми доаѓа во глава како она чупето добило главна улога во серија, од многу причини во кои нема ни да навлегувам.

И Paul Wesley кој го глуми Стефан не е којзнае колку над просекот. Единствен вистински подгодок е Ian Somerhalder во улогата на Дејмон. Дечкото ги добива најдобрите линии, уверлив е, има стил, и ја краде секоја сцена. Барем да му беа блиску другите.

Освен него, неколку споредни улоги се добри, но пак ќе речам, кај главните пропустот е огромен и ненадоместлив.

Уште еднаш, очекував посериозна серија, нешто што ќе биде за публика од разни генерации. Ова е премногу тинејџ, премногу twilight. ОК, треба да гледав врски во кои 15 годишни деца одат во кревет? Се граничи со педофилија, врските стануваат се помлади и помлади.

Нејсе, не е толку страшно што заликува на Twilight. Туку имам чувство дека како ќе се одвива, се повеќе ќе личи на Charmed. Е тек тоа би било капак на се.

Просек... ќе гледам одвреме навреме, ако имам слободно време. Колку да сум во тек. Не е така лошо, ама далеку е од добро.
 
^ Ауу да бе, го имав читано ова лани. Вкус бе брат, тоа е. Мене некако под кожа ми се пикна уште на почетокот серијава и не се ни обидувам да барам пропусти (секако дека ги има, кај ги немало), туку едноставно се соживувам и уживам во гледањето.
А да ја видиме Нина како ќе глуми вампирка во вторава сезона, можеби тоа ќе и легни.:)
 
Има ли пренос на други телевизии? Тешко се наоѓа стриминг за CW
 
Има ли пренос на други телевизии? Тешко се наоѓа стриминг за CW

Еве разбарував до сега, снимав некои програмчиња, отворав сомнителни страни, и на крај си ја добив наградата - добри два тројанци закачив. Моментално ја апдејтувам антивирусната, па се фрлам на чистење, така да ништо од гледањето вечерва за мене. Со среќа ако бараш, само не оди во крајности и не симнувај нешто што се вика Грабоид видео или така некако, мислам дека од таму ги закачив.
 
Хехе сепак не :D еве сме, фино лепо си ја најдов целосна иии сега со импресии (1-0 за мене :P)

Добра епизода, навестува големи заплети, и ќе ви пружи навистина изненадувачки интересни последни минути. Серијава фаќа добар пат (Иосоно, почнувај да гледаш) Мислам дека насловот на епизодава можел да биде saved by the ring* :icon_lol: И да, Тајлер...


p.s
She is a real bitch :*
 
За 2 минути ќе ми се симни (конечно), па пишувам за 1 саат импресии.

--- надополнето ---

Аааа, добро е, добро е. Не очекував ваков развој на настаните, ама ова е и повеќе од добар старт за нови заплети.
Нема да пишувам сеа ништо за тоа што како се случи, да почекаме да ја догледаат другите и после ќе правиме муабет.
Само ме интересира, Салцман ќе го има во втора сезона?
 
@ Никола_пп

Колку шо иам читано низ интернетот, Салцман го нема во другите книги, освен првата. Иде на некое си патување, и само си пишуваат писма со Џена. Мене ми беше фаца, би сакал да го има.

Импресии после, некои од нас се и ученици.:)
 
@ Никола_пп

Колку шо иам читано низ интернетот, Салцман го нема во другите книги, освен првата. Иде на некое си патување, и само си пишуваат писма со Џена. Мене ми беше фаца, би сакал да го има.

Нема да биди исто без него. Но ај можеби нема да одат според книгите за тоа, секако и за многу други работи не ги следат книгите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom