The Pacific

  • Креатор на темата Креатор на темата D_NazGUL
  • Време на започнување Време на започнување
The Pacific (HBO)

1opu10.jpg


Значи постерот кажува се. Од креаторите на Band of Brothers сеа ни доага уште еден серијал од 10 епизоди со име Pacific .. :vozbud:
Band of brothers ги имам глеано и ги имам на оригинали и секако дека бев задоволен од прикажаното ,па очекувам и ова да биде нешто во тој стил..
Ја сеуште не сум изглеал ништо од серијава,а глеам веке излегоа 2 епизоди .. Така да ако има некој што ги има изглеано на HBO ,или симнато па глеано нека пренесе импресии :D.



Еве и мало објаснување,превземено од http://pacific.hbo.mk

На 8-ми Декември, 1941 година, малку повеќе од 24 часа по изненадниот напад на Јапонците врз Американската поморска база во Перл Харбор, конгресот официјално ѝ објавил војна на Јапонската империја. Тензијата помеѓу Јапонија и САД растела цела деценија, со проширувањето на освојувањата на Јапонците на поширок регион вклучувајќи поголем дел од Кина и Југоисточна Азија. Како резултат на бомбардирањето на Перл Харбор, САД официјално влегуваат во Втората светска војна која веќе три години беснее помеѓу земјите на Алијансата, меѓу кои Обединетото Кралство, Советскиот Сојуз, Кина, Канада и Австралија, против здружените сили на Јапонија, Германија и Италија.

Практично преку ноќ, воените служби за регрутација се пренатрупале со илјадници Американци кои брзале да се пријават во вооружените сили. Многумина од тие млади луѓе избрале да се пријават во Маринските сили, кои тројно ги зголемиле своите редови во период од шест месеци по нападот на Перл Харбор.

Додека минисеријата "Браќа по оружје" ги следи искуствата на една паравоена чета во Европските операции, ПАЦИФИК ја опишува војната во од другата страна на светот, во операциите во Пацификот, кои го опфаќале поголемиот дел од Тихиот океан и неговите острови, вклучувајќи ги Филипините, Холандските Северо-Индиски острови, Нова Гвинеја и Соломоновите острови. Минисеријата ги следи испреплетените патешествија на тројца мажи од првата Маринска дивизија, пешадиска дивизија со прекар "Стара сорта" поради нејзината положба како најстара и најширока активна дивизија во Маринските сили на САД. Со поддршка на останатите Маринци и соборците од Морнарицата, Воздухопловните сили и Армијата, првата Маринска дивизија била на чело на голем дел од најтешките походи во војната во Пацификот.
 
Симни ги во HD и има да се почуствуваш како да си таму ,јас ја изгледав првата епизода и беше феноменална ,многу јаки беа борбите
 
Вчера ги гледав првите 2 епизоди. ФЕНОМЕНАЛНО значи одлична приказна како шти си сакам баш јас.

Ефекти убави море 10 од 10.
 
Moже да ми кажете термини?

ако си на Макс тв и ако го имаш пакетот HBO во видеотеката HBO digital ја имаш серијата
ако немаш HBO пиши ми ПП ќе ти дадам линк за симнување на серијава во HD
 
Јас имам HBO на сателитската.Ама кој термин е не сум сигурен 8 ипол или 9 ипол?
 
Болен сум за серијава. Марко те молам линкот по ПП :smir:
 
Пратено ти е линк
сега ја симнувам серијата Band Of Brothers :vozbud:

колку е глупаво ради пацифик да го гледаш Band of borthers а не обратно...или го гледаш Господар на прстените враќањето на кралот и викаш добар е филмов и ги глеаш другите 2 предходни дела...
 
колку е глупаво ради пацифик да го гледаш Band of borthers а не обратно...или го гледаш Господар на прстените враќањето на кралот и викаш добар е филмов и ги глеаш другите 2 предходни дела...

епа не сум знаел дека постоело серија Band of borthers и била давана на HBO
цело време мислев дека е филм Band of borthers некој си постар
 
фино изгледа серијава, само знаејќи колку се навлекувам на серии а особено која пасија ми се ваквите посветени на 2св а и таквите филмови воопшто, ќе се стрпам да излезе цела сезона па да ја изголтам наеднаш... вака епизода по епизода ќе полудам - знам :D
 
колку е глупаво ради пацифик да го гледаш Band of borthers а не обратно...или го гледаш Господар на прстените враќањето на кралот и викаш добар е филмов и ги глеаш другите 2 предходни дела...

:pos2: Коментаров значи ти е ... :tapp:.

Пацифик не е продолжение на Band Of Brothers. Кај нас мислам дека ниедна тв станица не ја прикажа таа серија, па од каде да знаат луѓето за неа?
 
фино изгледа серијава, само знаејќи колку се навлекувам на серии а особено која пасија ми се ваквите посветени на 2св а и таквите филмови воопшто, ќе се стрпам да излезе цела сезона па да ја изголтам наеднаш... вака епизода по епизода ќе полудам - знам :D
Многу е добра серијава ,се заразив уште на првото гледање сега ќе ја гледам втора епизода.Гледај ја сега серијава додека е премиерно така е поќејфски некако кога гледаш премиерно серија

:pos2: Коментаров значи ти е ... :tapp:.

Пацифик не е продолжение на Band Of Brothers. Кај нас мислам дека ниедна тв станица не ја прикажа таа серија, па од каде да знаат луѓето за неа?

сум чул ја уште одамна за Band Of Brothers ама цело време мислев некој филм е а не мини серија на HBO

Глупо е вака две мини серии со војна од HBO место да ја напраат една серија во повеќе сезони
 
Aко ви се допаѓа Pacific ко серија, тогаш Band of Brothers обавезно најдете ја, серијалот е феноменален, случајно на времето на Канал 5 го начекав ( средно дур бев ) и останав зинат, не очекував такво ебење од war серијал да добијам, поготово не на наша телевизиска куќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom