The O.C.

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Ја гледам ..
едноставно ..убава ми е серијата ..

зошо денеска реприза од вчера имаше ?
 
Абе гледам на јутјуб трејлери за 5та сезона 6та и 7ма. Лажни се или стварно има?
Рајан иде со тејлор, Сет и Самер се мажат

Да фејк се тие сезони.
Има 4 сезони.
4тата сезона има 16 епизоди.
Рајан иде со Тејлор во оваа сезона, конечно ќе ја преболи со Тејлор Мариса и со неа останува до крај.
Во последната епизода, во последната минутка идат неколку години нанапред што се дешава. Сет и Самер прават свадба, тоа трае 5 секунди и то е то. :)
И последната сцена е всушност како Рајан здогледува еден тинејџер ептен сличен на него којшто веројатно има премногу проблеми. Па у стил нешто дека ќе го земе да му помогне како што и овие родителиве на Сет го посвоија. Јас бар така го протумачив тоа :icon_lol:
 
Леле земјотрес имаше братче :)
 
Леле земјотрес имаше братче :)

Аман бре? :icon_lol:

Иначе ја имам изгледано епизодата, добра е иако секоја сезона некои работи беа толку сличи и се повторува... освен четвртата сезона која ми беше многу тапа.
 
Стоп посто кога го пишувале сценариото им здрмало земјотрес, не би нашол некое друго логично објаснување за него.
Секоја чест за сценаристот!
 
Стоп посто кога го пишувале сценариото им здрмало земјотрес, не би нашол некое друго логично објаснување за него.
Секоја чест за сценаристот!

Немале што да стават интересно па ај земјотрес. Едино глупо беше што баш во ист момент на истите луѓе во слична ситуација им паѓаат плакар, сијалица и таван. Тука можеле поубаво да го разработат.
 
Во понеделник последната епизода.. :)
 
Не ми се допаѓаат тинејџ американските серии кои немаат цел во приказната, ами само животот на тинејџери е прикажан. Најлош вид на серии, дефинитивно.
Беверли Хилс новите исто ми се тиња од серија, Госип Грл бетер. Иам ко неколку епизоди фатено на времето и тоа е тупење во мозок исто ко турскиве.
Оваа ни на тв кога ја даваа не ја гледав, едино песнава ми се допаѓа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom