Серијата е одлична, да ама преееееемногу е развлечено. Три епизоди пред крајот на сезоната а тие уште повеќе ги замрсуваат работите. Апсурдно е! Сепак, интересна е. Се случуваат доста интересни работи меѓутоа ништо не се има разјаснато од самиот почеток. Само натрупуваат и натрупуваат. Не ми е јасно кога планираат да излезат некои (барем некои) од работите на виделина. Во петта, шестта сезона? Со вакво темпо можат да идат до десет сезони.
Инаку, седмата епизода беше превозбудлива. Цело време беше интересна. И да, оние од култот ми станаа ОДВРАТНИ! Стварно немаат никаква улога освен да се појават пред некого и да испафтаат по една цигара. Нема смисла!