И четвртава епизода беше прејака! Каков само почеток... Колку многу толкувања и дискусии можат да произлезат од него, а и од цела епизода: за борбата меѓу материјалното и духовното, судирот на верувањата со разумот, минатото со сегашноста, дискусија за патиштата кои сме ги одбрале во животот, за тоа што би се случило доколку би направиле поинакви избори, за грешките што сме ги направиле, за причинско-последичните врски и коинциденциите, дискусија за религијата (а да е надвор од подфорум Религија, фала Богу), за овоземното и оноземното, за изгубеното и ова тука сега...
Белите се повеќе и повеќе ме нервираат. Како би им ја учукал по една! Особено па на онаа на Гарви. Мислам кој кур и е? Има „совршено“ семејство, љубов, среќа, здравје, скоро се што може некој да посака во животот... А што бара она? Да избега од се тоа заради некаква кауза која не само што нам како гледачи не ни е позната, туку верувам дека и она појма нема која е. Не велете ми дека дефиницијата за среќа е релативна и различна за секоја единка. Се гледа по нејзините очи дека за нејзе дефиницијата за среќа е иста како и кај секој нормален човек. Зошто инаку би се вратила назад по запалката? Ама кој кур и е, е тоа стварно ни ние знаеме, ни она знае.
Едвај чекам да дојде понеделник сега...