Z
zmej gorjanin
Гостин
Непочитување од мој агол односно од агол на тоа што мене ми се допаѓа. А од мој агол серијава ми личи на - склопи производ кој ќе можеш да го продадеш. Кога сме кај филмска уметност тоа ме иритира. Второ ќе се осеќам ко невидена ретарда и ментално ограничен доколку знам дека нешто навистина добро и оригинално кое доаѓа од друго поднебје, треба да се прилагодува на вкусот и преференците на некој просечен американски аудиториум во кој би спаѓал и јас. Па дури и да не ми се допаѓа од љубопитство би сакал да ѕирнам што е, а не некој да ми го преџвакува.Зошто непочитување? Си плаќаш за правата и си снимаш за своја публика. Ако биле навредени авторите, немало да дозволат некој да им снима нивни материјал.
Адидас е поквалитетен од Адибас затоа што има стручњаци, опрема и средства да направи врвен продукт, додека вториве произведуваат во некое село во Кина. Американските телевизии исто така имаат буџет, актери, сценаристи, режисери... се што им треба. Нормално, некогаш ќе се направи добар избор и серијата ќе успее, некогаш не.
Скандинавците>Клингонците>30 метри гомна>Американците... е стара приказна на подфорумов. Сепак и понатаму Американците во продукција се Кока Кола за сите останати. Чат-пат ќе излезе нешто на нивно ниво, како Кокта, и овде ќе бистриме како тоа има и боље од нив и тие појма немаат ем глупави се... Можам да ти набројам еден куп филмови на кои им е склепан Американски римејк набрзина за заработка, но тоа не значи дека ќе плукам по квалитет кога го има. А Killing ти е квалитет во секој поглед.
Се сложувам дека Американците во однос на продукција се Кока Кола. Па и срамота би било да не е така на толкави буџети со кои располагаат. Само па и не ми е јасно како на толкави буџети, опрема, стручни лица не успеваат или барем ретко успеваат да склопат една приказна која нема да те потсетува на нешто што претходно си видел или ај да бидам малце посуров не е досадна? Можеби одговорот лежи баш во тоа дека се имаат претворено во индустрија со сериско производство.
Зависи што за тебе претставува квалитет. За мене во данската верзија ова беше квалитетот
И што е најважно во Forbrydelsen ја има тензијата, постојано те држи на работ, секоја епизода изобилува со нови докази, осомничени, напнати сцени што даваат чувство дека во секој момент серијата ќе ја премине границата од крими драма во хорор, јас толку плот твистс немам сретнато уште од времето на Лост. Исто така дејствието е реално, баш ко да е земено од нечиво секојдневие, а и поприлично ги одсликува Скандинавците и нивниот менталитет ако го тргнеме на страна фактот дека е ова ТВ серија и невообичаени нешта сепак се случуваат.![]()