G
grande-juve
Гостин
Сестра ми ме тераше да ја гледам серијава уште од кога почна да се емитува, и сега видов зошто. Отиде експресно за 3 дена, ме зарази со атмосферата, напнатоста пресвртите и најмногу од се, Сара Линден
. Знам дека и Џимеј се вљубил во неа ама јас ќе ја женам
. Значи се топев кога Линден ќе се насмевнеше, таква насмевка не се сеќавам дека сум видел на друго место, па како си ги џвакаше мастиките а бе милина, па џемперчињата... мераци. Исто и Холдер беше топ, многу јак лик, како и сите други.
За дејствието во серијата, ги читав коментарите од тие што ја чекале премиерно и кај дел имаше реакции поради развлеченост, убеден сум дека ако одеднаш сте ја гледале подруго ќе ви било, креаториве замислиле дека дејствието ќе трае 26 дена, ама ти ако ја гледаш со толкави паузи една по една епизода, нормално дека ќе се жалиш зошто чекав една недела за да гледам како Линден си го бара синот цела епизода. Мене од тој поглед ми беше апсолутно погодена, нормално дека ќе има погрешни траги во истрага за убиство и сигурно во реалноста не ги откриваат за 5 дена убијците. Исто и музиката на крајот од епизодите беше прејака, едвај чекав да ја слушнам.
Завршна оцена, не би ја ставил во рангот на Сопранос, Жицата и ББ, ама многу блиску, нијанси, 9.5/10. За сите, а посебно за тие што се по детективските приказни, ова е задолжителен материјал.
Во скоро време и оригиналот обавезно ќе се гледа.
А, и морам да кажам кога го гледав Стен таткото, само на Луи ме потсеќаше, исти движења и градба, исто и Ричмонд беше плукнат Фил од модерн фемили, само сериозен.
И мислите заборавив...