Ете и јас се приклучувам на списокот фанови на серијава. Да бев блогер или да пишев коментари на имдб ќе ја насловев серијава како Twin Peaks + 24 = The Killing
Ако ја опишам во еден збор - совршенство.
Ако почнам да го образложувам тоа, ќе се мислам од каде да почнам. Како прво, серијава ме навлече уште од првата епизода, т.е. од пилотот - двете епизоди заедно. Имаше се што сакам во една серија - мистерија, драма, брзо дејствие и повеќе приказни со многу ликови, па сето тоа проследено со напнатост и одлична атмосфера.
Дождот и мрачната атмосфера беше ко стенкањето што е во порничите - 50 посто од тоа што ја прави серијата одлична. Без тие елементи немаше да го имам истото чувство, а симболиката е одлична, секогаш скоро имаше дожд кога приказната се заплеткуваше, на детективите им беше тешко да се справат со случајот и си кризираа на моменти, па за после во претпоследната епизода за прв пат да видиме еден поинаков ден дури и малку сонце, за на крај да има сегменти од Сиетл - водата, небото, мирот, се тоа да биде онака... чисто. Уште еден убав детаљ е времето во последниот филм на Рози, мирно, како и таа. Она што цело време го гледавме беше душата на нејзиното семејство, детективите и кампањата Ричмонд, што ниту едно од овие немаше ни малку радост, освен Рози.
Интересно колку беше присутно нејзиното отсуство и нејзиниот лик во серијата, како што беше со Лора Палмер во Твин Пикс. Затоа д Килинг многу ме потсети на Твин Пикс, поради тоа што иако никогаш не сме се запознале со Рози, таа беше тука повеќе од сите други. Сигурно сценаристите научиле многу од Твин Пикс за таква мистерија и комплексност на ликовите да прикажат во ваква серија.
Па тука се тие ликови за кои мислам дека ни еден, ама баш ни еден лик не беше промашен. Најомилен лик ми беше Стен, човекот мислам дека се надмина себе си, толку совршено прикажан лик ретко кога сум видел во друга серија. Исто и Холдер, кој лик еј... Не може да не го сакаш, па па па... каков избор направиле за овој актер, секоја им чест. Заедно со Линден направија многу добар пар. Кога сме кај неа, само што ја видов се вљубив.

Совршена жена, кога ќе го исклучиме фактот дека одот и беше како на пингвин, немаше ни една мана актеркава. Светла кожа, тажни и долги погледи, подочњаци и... и џемперите никогаш не изгледале толку секси како тука. А во плачењето ме потсети на Џулиен Мур во Магнолија

My kinda woman.

Дарен Ричмонд и неговите консултанти Гвен и Џејми исто беа совршен избор, лесно можеш да се поврзиш со нив затоа што се лајкабл. Исто и мајорот Адамс ми беше интересен лик, ама имаше мала минутажа и штета.
Најодвратен лик ми беше Мич. Мислам дека единствена замерка што ја имам околу серијата беше преголемата минутажа што ја имаше овој лик и сцените кога побегна за да се "пронајде себе си". Се што добив од оваа жена беше само плачење, што секоја чест на одглуменото, ама ми немаше некоја голема поента како што имаше од друга страна онаа на Стен, Тери и децата.
Ако размислам подобро, поодвратен лик ми беше Џастин Биберот, т.е. синот на Линден, Џек. Абе на клоци би го зел детиштето. Немаше апсолутно никаква смисла епизодата (и патем која мислам дека само таа беше досадна) кога синот и избега. Беше во првата сезона од последните сезони.
За другиот аспект од приказната, делот кој ме потсеќа на 24 беше тоа што ме тераше да пуштам епизода по епизода. д Килинг ја употреби истата формула што ја користеше 24 и Џек Бауер за да го крене адреналинот и не напнува на моменти. Секоја епизода завршуваше со некој пресврт, додека во позадина идаше тоа музичето (сега ќе отворам јутуб, многу јак саундтрак). И како во 24 така и овде, се повеќе и повеќе ликови се дознаваа преку веќе постоечките. Така знаев во првата сезона дека не може да биде учителот убиец (па и по малку расистички ќе делуваше ако црниот Тоби Мегваер беше тој), па иако стигнаа доказите до Ричмонд, не бев убеден ни за него.
Тоа е тој трилер што ми се свиѓа и што го барав од една серија, а оваа е единствена во која го најдов тоа после напнатоста што ја доживеав со Кифер Сатерленд.
И така, откако ја изгледав третата епизода од втора сезона седнав за прв пат сериозно да размислам кој би можел да биде убиецот. И гледајте каков мастермајнд е Џими

, абе да не беше толку сложено дури и го погодив убиецот. Како? Епа размислив каков е концептот на серијата околу осомничените, нели детективите секогаш имаа осомничен и никогаш осомничениот не им испадна дека е убиецот. И почнав да мислам кај кои луѓе само не отидоа. Ги издвоив настрана Мич, мафијашот Коварски, Гвен, Џејми и црнецот што му беше консултант на мајорот Адамс. Мич и Гвен ги отфрлив оти нели од ударите и раните на телото на Рози, немаше шанси да беа од жена. Коварски го отфрлив затоа што не ми личеше ко да е тип што се замара со Стен, а црнецот помошник знаев дека нема никаква врска со убиството, туку само со сликата и тие некакви докази... Епа остана Џејми. И реков на мачкава (пошо заедно си гледаме) - абе овај мислам е убиецот.
И за малку ќе бев во право. Браво за сценаристите што направија таков мајндфак и ми објаснија дека во Килинг не е се црно-бело. На крајот, секој си добива претстава кој е најголемиот виновник, дали тетка и Тери, дали Џејми затоа што го започна се тоа, Ејмс, или индијанката. Ништо не испадна едноставно.
Сцената кога Ричмонд ги собра сите на едно место и ги ослободи од обвиненијата всушност ни покажа дека good guy turned bad и дека стана уште една жртва на политиката. Колку само ми се свиѓаше целиот тој дел од серијата - манипулациите, игрите, жртвите што ги направија за една кампања. Совршен крај на совршена приказна.
Не сакав да кажам, ама кога ги прочитав коментариве на темава видов дека и други си пуштиле по некоја солза на последниот филм од Рози... ме наежи сцената и ми ги насолзи очите

Не сум видел толку добар крај на серија,
толку добра сцена.
Не знам што друго да кажам сега. А да, и дека ја сакам Гвен исто, многу ми беше убава.
Фамилијата многу ме потсети на филмот The Lovely Bones.
Тери и флешбекот кога ја турна колата... нема да го заборавам.
Исто и Рози. И овие три дена дружење со серијава. Вреда. Фала @Io Sono Interista за предлогот. Многу потценета серија и штета што била засенета поради ГоТ (затоа што читав во ист термин се прикажувала).
Серијата имаше се што ја прави една серија ремек дело.