Да бидам искрен, не ми се допадна новава епизода. Има неколку интересни новости, но нема да ги откривам поради фактот што веројатно и никој сеуште не ја гледал, но не беше нешто посебно добро колку што очекував. Ме радува фактот што наскоро ќе започне нова серија за растењето на Шелдон Купер- јанг Шелдон. Мислам дека трејлерот доста ветува и очекувам да биде одлична, како првите 2-3 сезони на the big bang theory, пред да се затупи со неколку ултра досадни ликови....Иако сеуште сметам дека серијава е топ, и после сиве овие критики.
Навистина не знам како е возможно после цели 11 години пред камери и по толку заработени милиони, сеуште да не знаеш да глумиш, алудирам на Пени (Кејли). Само јас сметам дека се работи за аматерска глума!?