GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
не обрнав внимание на овие два сегменти, ми ѕвонеа на моб...
:sleep:
Blasphemy!

Филм се гледа со исклучен мобилен Блонди. Тежок минус. :anco:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мене филмот ме остави емоционално потресена. Буквално. Не можам да објаснам како се осеќав кога заврши. Мене ме воодушеви. Клише или не, не ми е ни битно, феноменално обработено, одличен филм. Ептен ќеиф ми направи.
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
filmot e ok cist prosek....veke videna tema...niso WOW....J.K veke go iame videno da glumi mn poopasno ko na primer u Oz....sve na sve malce nad prosekot...
 
Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
А да се оживее темава шо викате ? нешто како Мад Макс, Авенџерс или Екс Машина као за почеток
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.043

Aјде да смениме малку, земајќи предвид дека има драстичен gap во или-го-обожаваш-или-ти-е-срање филмот.

Секако, тука се дискутира со спојлери па читате на ваш ризик.

Eден од најконтравезните филмови у последно, Гаспар Ное со цел да ја прикаже интимата како никој до сега, што според мене го надмина и Ларс кој ни ветуваше секс на платното како никогаш до сега па заврши со користење даблс, ги преминува границите на секоја цензура, секоја зашеќерено-симулирана секс сцена. Па колку е во ред што поради тоа добива на популарност и ќе го изгледат мнооогу луѓе, за кои не познавајќи го како режисер, ќе им биде премногу - не знам. Ама не може да се оспорува експлицитноста кога е во 3D и има shot кој е всушност money shot во камерата. Сепак филмот не е ориентиран околу сексот, туку сексот е само алатка, начин Ное да си ја прикаже визијата, пораката и целта.

Приказната е за дечко кој е сеуште заљубен у својата бивша девојка и се потсеќа како-каде-и-зошто стигнал каде што е сега, заглавен. Начинот на снимање, освен секс сцените, е класика Ное, позади луѓето, само главите, по кој станува веќе препознатлив. Наративниот метод доста интригира, нешто во кое режисерот исто така е навежбан и поентира. Фората е што на сите тие што ќе го обожаваат е, многу помалку заради техничките аспекти и визуелните убавини кој ги нуди режисерот туку затоа што филмот hits too close to home. Mногу ситни детали и допири кои ја обликуваат интимата, врските и љубовта. Пионерски филм и според мене ремек дело.

Имено тоа што читав поодамна е дека филмот му е passion project кој сакал одамна да го сними, дури го предложил на Белучи и Винсент кои иделе во тоа време ама бил премногу интимен за нив, а веќе биле букирани па парите ги насочил у создавање култниот Irreversible. Штета. :D

Ваше мислење?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.691
Браво за рецензентов: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121015154446&id=16&prilog=0&setIzdanie=23635

Како да ми влегол во мозокот и ги извадил од него сите впечатоци кои ги имав за време и по гледањето на ова претенциозно и егоцетрично парче ѓубре. Ако Ио имаше сличен став за едно ремек дело како Blue is the Warmest Color, се прашувам каков ли би му бил ставот за Love. Веројатно само ќе ја зголеми оценката за првиот, зашто подолу од најслаба за вториот не може да даде.
 
G

grande-juve

Гостин

Како да ми влегол во мозокот и ги извадил од него сите впечатоци кои ги имав за време и по гледањето на ова претенциозно и егоцетрично парче ѓубре.
слично и кај мене, само со оваа рецензија

А Blue is the Warmest Color ми е далеку од ремек дело(освен у споредба со Љубов), али ок филм, 3/5 за мој вкус
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.043
Браво за рецензентов: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121015154446&id=16&prilog=0&setIzdanie=23635

Како да ми влегол во мозокот и ги извадил од него сите впечатоци кои ги имав за време и по гледањето на ова претенциозно и егоцетрично парче ѓубре. Ако Ио имаше сличен став за едно ремек дело како Blue is the Warmest Color, се прашувам каков ли би му бил ставот за Love. Веројатно само ќе ја зголеми оценката за првиот, зашто подолу од најслаба за вториот не може да даде.
слично и кај мене, само со оваа рецензија

А Blue is the Warmest Color ми е далеку од ремек дело(освен у споредба со Љубов), али ок филм, 3/5 за мој вкус
Леле ама површни рецензии. Детево од синема мк, демек компетентно да збори за љубов и како таа треба да изгледа, пак како да го гледал само за да може да пишува за најконтраверзниот филм годинава. Воопшто не ја сфаќаат поентата дечките и само читаме за екплицитноста и филмови со слични тематики, у стил као еве знаеме и стари филмови, не збориме на памет, ги фативме сите референци у филмот. 9 ипол недели ако е квалитетна еротска драма што има да понуди повеќе ќе си го сечам и ќе го донирам за следниот филм на Ное. А Blue is the warmest color aко е ремек дело.. ретко се погодувавме со Ио, ама штом сме истомисленици за нешто - сигурно е така. Дури на девојка ми која е би не ѝ се допадна. Дај не зезај... Едино не би се бунел за 3д моментот, не го гледав така и не знам која му била намерата или како воопшто го искористил 3д-то, освен за moneyshot-oт.

Пишете нешто ваше, искрено познавајќи ве, се вреѓате со муабетиве демек рецензииве кажале се што вие мислите.
Јас ако имав мислење како „претенциозно и егоцентрично парче ѓубре“ за некој ААА наслов, тоа го разглабав до детал со енормни рецензии.

Ќе ги префрлам мислењата тука ако не е проблем.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Meне ми беше ок филмот, можеби не дотолку колку Enter The Void кој и до ден денешен знам да го репризирам понекогаш, онака да одлетам со мисливе малку во друг амбиент, но ми беше добар. А добар ми беше зато шо братов на еден поинаков начин успеа да опфати емоции, мисли и да ги прикажи истите стокмени во далеку поразличен филм од оние на кои сме навикнати, а обработуваат ваква тематика. На почетокот првата сцена реков wtf чоече, да не го утнав филмот :D Ама понатаму со самата нарација и тек на настаните фино ми легна. Особено да, нарацијата која ја потенцирал вот, според мене крева доста на филмот. Онака со некое заебано придушено гласче, влегува поткожно и вози неусетно.

Да не се повторувам погоре со wot, тоа што го кажал, тоа отприлика и го мислам.
 
G

grande-juve

Гостин
Леле ама површни рецензии. Детево од синема мк, демек компетентно да збори за љубов и како таа треба да изгледа, пак како да го гледал само за да може да пишува за најконтраверзниот филм годинава. Воопшто не ја сфаќаат поентата дечките и само читаме за екплицитноста и филмови со слични тематики, у стил као еве знаеме и стари филмови, не збориме на памет, ги фативме сите референци у филмот. 9 ипол недели ако е квалитетна еротска драма што има да понуди повеќе ќе си го сечам и ќе го донирам за следниот филм на Ное. А Blue is the warmest color aко е ремек дело.. ретко се погодувавме со Ио, ама штом сме истомисленици за нешто - сигурно е така. Дури на девојка ми која е би не ѝ се допадна. Дај не зезај... Едино не би се бунел за 3д моментот, не го гледав така и не знам која му била намерата или како воопшто го искористил 3д-то, освен за moneyshot-oт.

Пишете нешто ваше, искрено познавајќи ве, се вреѓате со муабетиве демек рецензииве кажале се што вие мислите.
Јас ако имав мислење како „претенциозно и егоцентрично парче ѓубре“ за некој ААА наслов, тоа го разглабав до детал со енормни рецензии.

Ќе ги префрлам мислењата тука ако не е проблем.
Епа не знам дали е компетентен да збори за љубов, или можда има некој тест па добиваш сертификат:icon_lol:. Важно поентите и главните работи ми се слични ко и у рецензијата на детето... у ниеден момент не видов/почувствуев било шо поврзано со љубов, а тоа божем е главната цел на филмов, да не зборам за приказната и ликоите, со ништо не се поврзав, затоа и ми беше ултра досаден... едино шо имаше некои убаи кадри, затоа доби 3/10 место 2 или 1...
А, и начинот/тонот на нарацијата премногу ме нервираше, не можев да го слушам.

"ретко се погодувавме со Ио, ама штом сме истомисленици за нешто - сигурно е така."
:D :D

И не знам зошо би се вреѓал ако се согласам со нечие мислење:unsure:
 
Еве вака wot-е: јас во филмот го видов само Гаспар, и ништо друго. Пред да го гледам, затоа што знаев за што се работи, прочитав еден куп интервјуа, и со Гаспар, и со актерот (поим немам како се викаше), и во секое од нив он напоменуваше која му била поентата да сними таков филм. И почнува филмот. Го гледам, го гледам, и на неколку места, од устата на Марфи излегуваат истите реплики кои веќе ги бев прочитал во интервјуата на Ное. Сфатив дека Марфи не може да се нарече ни алтер-его на Ное, туку Е Ное самиот. Не беа само репликите - синот си го крсти Гаспар (не знаеш каков facepalm си лупнав на тоа), па уште кога слушнав како се вика ебачот на Електра, Ное - тоа беше капак на сѐ. Ное, Ное, Ное насекаде... Затоа пишав дека е егоцентричен.
За претенциозен - и врапчињата знаат: секој филм му е направен за да шокира. Се прашувам што ќе биде следно: некој перверзен поп како силува детенце од 10 години, и со камерата снимена пенетрацијата? Мислам бљак. Ми се повраќа од тоа што сексот кај него не само што не прикажа никакви емоции, туку и беше искористен како средство за да шокира, а не да направи на некому да му биде убаво. На фејсбук го нареков порнич со оправдание, но овој не е ни тоа. Порничите се прават за да ни биде убаво, овој не прави да ми е убаво, барем не мене.
Ете зошто.
 
Де бе па ти, го мислев како комплимент. Не за согласувањето, туку како вие да сте ги пишувале, а ве знам дека не сте ни блиску лоши ко дечкиве. :D

Jaс како највечи фан на Ное многу одамна не изгледав ниту едно интервју, не знаев кој е кастот... само знаев за постерот и дека ќе нема цензура. Не знам зашо толку си навлегол пред гледање на филмот, што до некоја мера си си го уништил сам. Но, сепак не мислам дека е тој случајот. Муабетов ме потсети на @Anon у темата за GoT мислам, кога хејташе една јака епизода само затоа што покажале пенис. За разлика од другите негови филмови, овој ми е најмалку шокантен, бидејќи е нормален несимулиран секс, што би го ставил во паралела со првиот бакнеж меѓу црнец и бела жена на екран, кога ги цензурираа бакнежите во уметноста. Овој е пионер. Ги руши границите за понатаму. Во Enter the Void имаше сцена со ејакулација од перспектива на вагината, во Irreverssible имаше едно од најгрдите силувања на платно... ама затоа е сега една од најкултните сцени нели? Секогаш ќе има луѓе на кои ова ќе им е премногу, ќе искочат од театар неколку стотици можеби на сцената, ама on the long run како се памти сцената? Култна. И не само затоа што шокира, туку затоа што пренесува нешто најблиску до реално на екран. Дали мислиш ако таа сцена беше цензурирана со класичните холивудски кадри, користеќи бади дабл ќе го имаше истиот статус денес? Истиот статус филмот? Не. Ама сепак одговори ако сакаш.

Ное прави филмови од љубов, негови визии, нешто како Јодоровски. Тоа дека го прави само за да шокира, да добие на публицитет, воопшто не е случајот. Нека се преваспитаат врапчињата. Тоа дека е егоцентричен во филмот беа баш интересени моменти, бидејќи не претставува фикција во филмот, сака да претстави нешто што нему му се случило, мене, секој втор-трет што ќе го гледа филмот. Сексот во филмот воопшто не е табу, според мене (можеби не во толкава застапеност) треба да биде редовно така прикажан кога има секс сцени. Затоа постојат класификации нели? Pg 13, rated R, 18+...

Навистина не знам зашо сте згрозени од НОРМАЛЕН секс. Мака ми е што тој ви го поебал цел филм и секое чувство што сака да го пренесе Ное.
Мислам секој што се ставил таму надвор бил некад изневерен, се има дерено у такси, имал фантазии за тројка, бил опседнат со некој/а или сакал да го стави у се шо мрда. И тоа само како споредни моменти, близината што Ное ја прикажа у филмот, интимноста (не мислејќи тука на сексот) во ниту еден друг не сум почувствувал, приметил. Ти си само згрозен, не го оценуваш филмот. Треба објективност, мене не ми се дигна 3 дена после Српски Филм, ама филмот има толку многу други квалитетни елементи...
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
И плус по мое како доста значајно, по 30 години ако сме здрави живи, предвидувам дека филмов ќе има загарантиран статус како заебано култен филм, нешто налик на Salo, или 120 days of Sodom, кој кркал огромен хејт и кренал фама, за до ден денешен сакале ние или не си го носи приматот на специјален филм кој отскокнува од останатите.

Така овој и сега. Експериментира братот и оригинален е во тој експеримент шо без разлика дали ни се допаѓа или не, ми иди во моментов да се кладам по се шо имам дека по одреден период ќе остани како актуелен филм кој ќе го гледаат и клинците :D

Нешто налик ќе се навратам на говорот од Јодоровскиот, кој кажа дека уметничкото во филмот, после гледање мора да те раздрма од внатре, па макар тоа било во случајов и негативно со гадење.

Инаку wot претпоставувам дека ти е гледан I stand alone пошто го сакаш режисеров. Е тој ми беше ептен филмиште во секој поглед, кој исто задира во табу теми (татко, ментална ќерка однос и болни фантазии при крајот).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
W

wicked_1

Гостин
Мислам дека поголем дел од негативните критики не се упатени на тоа што филмот е премногу експлицитен, тежок за гледање и слично, него заради ефтиниот начин да се маркира филмов како дел од артхаус без некое подлабинско разработување на сторија, карактери итн. и Requiem for a dream се потпира у добар дел на шокантни сцени, ама има еден тон материја разработено..

Комплетното потпирање на вадење shock value според мене е ефтино и го чита публиката, овој филм е баш тоа.. исто и Srpski Film, Irreversible, Baise-moi итн итн..
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.691
Де бе па ти, го мислев како комплимент. Не за согласувањето, туку како вие да сте ги пишувале, а ве знам дека не сте ни блиску лоши ко дечкиве. :D

Jaс како највечи фан на Ное многу одамна не изгледав ниту едно интервју, не знаев кој е кастот... само знаев за постерот и дека ќе нема цензура. Не знам зашо толку си навлегол пред гледање на филмот, што до некоја мера си си го уништил сам. Но, сепак не мислам дека е тој случајот. Муабетов ме потсети на @Anon у темата за GoT мислам, кога хејташе една јака епизода само затоа што покажале пенис. За разлика од другите негови филмови, овој ми е најмалку шокантен, бидејќи е нормален несимулиран секс, што би го ставил во паралела со првиот бакнеж меѓу црнец и бела жена на екран, кога ги цензурираа бакнежите во уметноста. Овој е пионер. Ги руши границите за понатаму. Во Enter the Void имаше сцена со ејакулација од перспектива на вагината, во Irreverssible имаше едно од најгрдите силувања на платно... ама затоа е сега една од најкултните сцени нели? Секогаш ќе има луѓе на кои ова ќе им е премногу, ќе искочат од театар неколку стотици можеби на сцената, ама on the long run како се памти сцената? Култна. И не само затоа што шокира, туку затоа што пренесува нешто најблиску до реално на екран. Дали мислиш ако таа сцена беше цензурирана со класичните холивудски кадри, користеќи бади дабл ќе го имаше истиот статус денес? Истиот статус филмот? Не. Ама сепак одговори ако сакаш.

Ное прави филмови од љубов, негови визии, нешто како Јодоровски. Тоа дека го прави само за да шокира, да добие на публицитет, воопшто не е случајот. Нека се преваспитаат врапчињата. Тоа дека е егоцентричен во филмот беа баш интересени моменти, бидејќи не претставува фикција во филмот, сака да претстави нешто што нему му се случило, мене, секој втор-трет што ќе го гледа филмот. Сексот во филмот воопшто не е табу, според мене (можеби не во толкава застапеност) треба да биде редовно така прикажан кога има секс сцени. Затоа постојат класификации нели? Pg 13, rated R, 18+...

Навистина не знам зашо сте згрозени од НОРМАЛЕН секс. Мака ми е што тој ви го поебал цел филм и секое чувство што сака да го пренесе Ное.
Мислам секој што се ставил таму надвор бил некад изневерен, се има дерено у такси, имал фантазии за тројка, бил опседнат со некој/а или сакал да го стави у се шо мрда. И тоа само како споредни моменти, близината што Ное ја прикажа у филмот, интимноста (не мислејќи тука на сексот) во ниту еден друг не сум почувствувал, приметил. Ти си само згрозен, не го оценуваш филмот. Треба објективност, мене не ми се дигна 3 дена после Српски Филм, ама филмот има толку многу други квалитетни елементи...
Ајде, тогаш од друга перспектива: и во Blue is the Warmest Color имаше експлицитен секс, па за мене беше одличен. Ај, да не речеш дека таму немало курови - и во Antichrist, In the Realm of the Senses и Intimacy имаше екцплицитен секс, курови, ејакулации, дури и СЕЧЕЊЕ НА КУР, па ни еден од нив не ми беше толку површен и лош колку Love. Јас пробував да најдам нешто, макар и ситница за која би се фатил и би го бранел филмот како што го правиш тоа ти. Не успеав. Освен сексот, таму нема ништо друго. Не отскокнува ни глумата, ни кинематографијата, ни музиката, ни ништо од вообичаеното. Едно време се загледав во светлото, мислев дека сигурно има некаква логика што на моменти собата на Марфи е осветлена, а друг пат затемнета и со црвеникаво светло. И таму не најдов никаква логика каква што лесно се наоѓа во филм на Кишловски, на пример. Веројатно само така им дошло. Сериозно, јас не најдов ништо што отскокнува во филмот. Мене ми беше екстремно досаден, неинтересен, неубав...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom