Телекабел Аналогна и дигитална кaбелска телевизија (РОБИ) -генерална дискусија (новости, прашања.)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Прашање до корисниците на Телекабел кои не се од Скопје: Дали имате превод на “E! Entertainment“?
 
Прашање до корисниците на Телекабел кои не се од Скопје: Дали имате превод на “E! Entertainment“?
Не нема плус и сликата не е баш нај нај , на дигиталната е како на аналогна
 
Прашање до корисниците на Телекабел кои не се од Скопје: Дали имате превод на “E! Entertainment“?
Не, пред некој ден имаше Германски превод, ама само тој ден, сега нема превод, а точно дека сликата е како аналогна што е случај и со Универзал.

Sent from mobile phone
 
Овозможете му на Вашиот стар ТВ приемник да биде во чекор со времето!

ТЕЛЕКАБЕЛ Ви го нуди новиот ХД дигитален ресивер со кој имате можност да гледате ХД и дигитални канали, да се конектирате на интернет, да ги снимите и прегледувате Вашите омилени содржини.

Набавете го Вашиот нов дигитален ресивер во еден од наплатните центи по цена од 1.990 денари.

:tapp::tapp:
 
Прашање за оние од Велес кои се корисници на телекабел,дали последно време приметиле дека сигналот им е се послаб па полека се губат каналите бидејќи не може да ги најде на скенирањето.Дојдоа нивна екипа но рекоа дека е поради поврзани повеќе телевизори и слаб е сигналот, а факт е дека со истите тие поврзани телевизори до нова година си ги фаќаше сите канали ама од нова година наваму полека фреквенција по фреквенција се губат
 
Јас во Струмица имам сличен проблем, последните недела две сите спортски канали , СК1,2,3 и Еуроспорт 1и2 по цел ден треперат се губат.. ТЕХНИЧКА ПОДРШКА НЕ ОДГОВАРА сите броеви им се исклучени во централа во Штип. ПИЧКИ!!! доста беше 8 години, време е за ПРОМЕНА НА ОПЕРАТОР!
 
Го има некој купено новиот ХД Дигитален ресивер? Мене може да ми се најде за снимање и за youtube, па ако има некој земено нека сподели искуство.
 
Дечки некој да не има проблем со дигиталната, еден куп исклучени телевизии, и тоа на пример Алфа ја нема, да не знаете нешто??
 
Дечки некој да не има проблем со дигиталната, еден куп исклучени телевизии, и тоа на пример Алфа ја нема, да не знаете нешто??
Има соопштение на инфо каналот дека ги менувале параметрите и треба да се прескенираат каналите на дигиталната[DOUBLEPOST=1468958703][/DOUBLEPOST]
Дечки некој да не има проблем со дигиталната, еден куп исклучени телевизии, и тоа на пример Алфа ја нема, да не знаете нешто??
Има соопштение на инфо каналот дека ги менувале параметрите и треба да се прескенираат каналите на дигиталната
 
Почитивани,

Ве известуваме дека Телекабел ја активираше можноста за автоматско подредување на канали.
Доколку опцијата за автоматско подредување на канали е поддржана од Вашиот ТВ приемник или дигитален ресивер, опционално можете да ја активирате преку менито. Во зависност од уредот опцијата може да биде прикажана како LCN (logical channel number) или како автоматско ажурирање на канали.

Доколку ја активирате опцијата за автоматско ажурирање на канали, истите ќе бидат подредени по редослед дефиниран од страна на Телекабел, односно по типот на самиот канал.

Доколку Вашиот ТВ приемник ја поддржува опцијата за автоматско подредување на канали, но каналите не се подредени по редослед дефиниран од Телекабел, ќе биде потребно најпрво да ја овозможите опцијата за автоматско подредување на канали и по потреба да ги прескенирате уредите (ТВ приемник или ресивер).
Скенирањето на канали можете да го направите преку целосно или мрежно прескенирање.
Доколку скенирањето го правите преку опцијата “мрежно прескенирање“ кај одредени уреди ќе биде потребно да се внесе бројот на мрежа, односно бројот 1.

Сите претплатници кои сакаат каналите да ги подредуваат по сопствен редослед потребно е претходно да ја исклучат опцијата за автоматско подредување на канали.

За какви и да било дополнителни прашања поврзани со автоматското подредување на канали обратете се на еден од контакт телефоните достапни на нашата веб страница.

На кои телевизори го има ова???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom