Почитивани,
Ве известуваме дека Телекабел ја активираше можноста за автоматско подредување на канали.
Доколку опцијата за автоматско подредување на канали е поддржана од Вашиот ТВ приемник или дигитален ресивер, опционално можете да ја активирате преку менито. Во зависност од уредот опцијата може да биде прикажана како LCN (logical channel number) или како автоматско ажурирање на канали.
Доколку ја активирате опцијата за автоматско ажурирање на канали, истите ќе бидат подредени по редослед дефиниран од страна на Телекабел, односно по типот на самиот канал.
Доколку Вашиот ТВ приемник ја поддржува опцијата за автоматско подредување на канали, но каналите не се подредени по редослед дефиниран од Телекабел, ќе биде потребно најпрво да ја овозможите опцијата за автоматско подредување на канали и по потреба да ги прескенирате уредите (ТВ приемник или ресивер).
Скенирањето на канали можете да го направите преку целосно или мрежно прескенирање.
Доколку скенирањето го правите преку опцијата “мрежно прескенирање“ кај одредени уреди ќе биде потребно да се внесе бројот на мрежа, односно бројот 1.
Сите претплатници кои сакаат каналите да ги подредуваат по сопствен редослед потребно е претходно да ја исклучат опцијата за автоматско подредување на канали.
За какви и да било дополнителни прашања поврзани со автоматското подредување на канали обратете се на еден од контакт телефоните достапни на нашата веб страница.
На кои телевизори го има ова???