Ајде сеа и ја да се исповедам. Вчера сабјле имав колоквиум од 10 саат. Вечерта пред тоа спиев бедни 3 саати. И цел дена вчера на нозе (освен јадење и кафе) чекав Таксират. Дојде 7, отидовме со дечко ми. Обезбедувањето ми ја претресе ташњата, настана мала збунка пошто чадорот ми беше мокар и сум го ставила во ќесе и девојката од обезбедување мислеше кој знае што е.
Влеговме на SMUT. Немаше гужва воопшто во споредба со гужвата подоцна. Како и да е, вокалот беше многу расположен, направи атмосфера меѓу луѓето кои им ја слушаат музиката. И ај некој нека ми каже како се вика таа песната Мајка ми често збореше. Сум ја слушала порано али сум ја заборавила тотално, па сакав да се потсетам.
White Lies - да ми извините ама освен Добра вечер, ништо не рекоа. Луѓето да не им ги знаеа песните, ќе беше лошо. Цело време типците стоеја на сцена, не мрднаа, седеа во место цело време и свиреа/пееа. Со публикава ни комуникација ни ништо.
Пекиншка патка - секоја чест. Која атмосфера човече. Не им знам ништо, али тие кои ги слушаат се изнажуркаа.
И сеа следи заплетот. Пошто вчера немав седнато на компјутер, врска немав дека Onyx ќе бидат последни. А дечко ми отиде специјално за нив, животна желба му било да ги види, нема песна што не им знае. И он отиде у први борбени редови и таму чита дека следни нема да бидат тие. И туку го гледам доаѓа. Кога дознав дека ќе почнат во 3 саат, скиснав максимално. Со оглед на тоа што сум од Тетово, дома ќе стигнев во 6 сабајле. 48 саати, од кои само 3 спиење. Се изнапцув.
Почна Џентлмен, добар беше многу. Гужва максимално. После тоа Ману Чао Ла Вентура. Отидов многу напред, али не сум многу задоволна од настапот. Песни како Me gustas tu, Bongo bong ги испеа во една минута, ама затоа 20 минути најмалку викаше Ооо ооо оо. Цел настап му беше Ми корасон ооооооооооо. И многу, многу на панк тепаа. А публикава леле еј која неписмена раја. Значи луѓево влагаат во шутка со пивото во вис. И тоа за инает. Идиоти. Цела бев поплавена. И не можам да верувам дека некои луѓе не чуле за постоењето на стик јеботе!!!!
После беа Дубиоза, јас веќе бев умрена, одвај чекав да завршат за да почнат Оникс и да кинисаме. Дубиоза имаа настап и пол. Секоја чест. Народот збесна.
И конечно - Оникс. Почнаа накај 3 и 15. Ццц мрднати еј, многу беа закон. Едниот цела публика ја поплави со вода. Го изнапцуја диџејот и микрофонот. Жал ми падна за диџејот. И после ми беше криво, не видов кога го истепале тој некој кој бил на сцена со нив. Многу енергичен настап. Рецитираа саат време.
Во салата немаше воздух, имаше многу гужва, милиони испиени пива. И народов беше цел издрогиран. Еј дете саглам не можеш да начекаш. Се разочарав од народов.