Додека ми се свежи сеќавањата да напишам ред-два-три.
Одејќи од железничка накај саем група момци и девојки од јужна србија ме прашаа каде е Метрополис арената. Им кажав да ме следат. Како што се наближував кон арената забележував дека има мнооогу народ.
Енивејз, влегов пред да почне Џентлмен. Барајќи го другар ми Аце, застанав да напишам СМС и кога завршив една девојка што стоеше таму ме праша нешто на некој чуден јазик, потоа ме праша на англиски каде ќе спијам вечерва? И одговорив дека дома ќе спијам, и таа кажа супер. Ама јас фатиф фитиљ од таму. Пред да тргнам кон саем, Хич ми кажа помалку секс енд драгс, повеќе рокенрол
Џентлмен енд Д Еволушн беа баш фини, и некако кратко ми се виде нивниот настап. Не му го знам целото творештво, ама неколку песни што ми се допаат ги испеа. Метрополис арената беше поооолна, и сите креваа раце, што посебно ми направи ќејф.
Оскар Трамор, или Ману Чао ко што го знаат повеќето овојпат беше дојден со уште двајца момци и заедно го сочинуваа триото Ману Чао Ла Вентура. Идејата за таквиот состав е полесно да се прават импровизации на сцена, да се менуваат аранжмани и слично. Затоа песните звучеа многу поразлично од она што сме ги навикнале. Бонго бонг, Ме густас ту, Политик Килс, Мр. Боби, Ла Вида ес Томбола, Кинг Конг Фајв... во секоја од песните имаше помали или поголеми промени. Мене лично ми се допадна нивниот настап иако беше далеку послаб од настапот 2002ра на Лизгалиште.
Затоа пак Дубиоза Колектив свиреа како на ЦД

Откако бендот го напушти Адиса (водечки вокал на првите два албума) колективот имаше малку мака со настапите затоа што нејзиниот уникатен глас никако не може да се замени. Во меѓувреме го издадоа извонредиот „5 до 12“ албум кој речиси цел го отсвиреа вечерва. Од старите хитови тука беа Доста и Марихуана. Доста е песна која е слабо позната на нашата публика но ДК обожаваат да ја изведуваат. Затоа пак Марихуана е химна на оние кои го конзумираат ова растение. На една од песните им гостуваа Димче и Жути од Суперхикс на труби. Се на се, одличен настап, по кој почна да се празни Метрополис арената.
И на крај бендот од кој знаев само една песна СЛЕМ

Пред нивниот настап ја најдов другарка ми Никол Шерцингер Милер со која отидов во првите редови. Аце ме предупреди дека раперите прават опасни шутки, ама си викав во себе, е да бе, рапери и шутки

Меѓутоа ОНИКС се еден од најенергичните бендови од старата школа. После првиот скреч се вжешти атмосферата. Успеав да ја зачувам Никол од удари и успешно ја извлеков на страна, и се препуштивме на уживање во бенд кој ужива култен статус меѓу љубителите на вистинскиот рап. Момците беа дојдени да се забавуваат во својот настап и успешно ја вклучуваа публиката во сето тоа. Не знам како се вика членот на бендот, а и ме мрзи да гуглам посабајлечки, ама типот направи стеџ-дајв. Нешто што ретко се гледа. Потоа се качуваше по конструкцијата на сцената, скокаше по звучници и го истепа тонецот кога се приближи до миксетата што беше поставена на бината.
Од досегашните 12 мислам дека имаш присуствувано на 6 таксирати и овој беше најдобар од тие. Бендовите беа одлично одбрани и почнуваа на време со своите настапи.
Како негативни страни ќе ги издвојам озвучувањето... никако Пасворд Продакшн да изрента озвучување соодветно за овој фестивал. И тоа што имаше само два шанка па за да купиш пиво се чекаше мноооооогу време.
И интересен податок. За да се најдам со Аце внатре ми требаше многу време. Прво затоа што лошо се координиравме меѓу себе, но и поради големата гужва. Со неколку луѓе се договарав за да се најдам таму, а за неколку знаев дека ќе бидат таму, ама не се договарав за да се најдам. И испадна спротивното, оние со кои претходно се договарав не ги видов, додека ги видов другите.
Како и да е, јас си поминав ТоБ.
До следниот Таксират.
п.с. Ада и Серпико, немојте да сте ми краделе делови од текстов, ќе ве тепам
