Tаксират 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Дубиоза растур систем направија, а и Пекиншка Патка исто така одлични!
 
Многу добар Таксират, мислим дека боље беше и од лани. Дубиоза беше врв на вечерта. Едино не ми се свиѓаше што имаше многу редари и ептен полиција надвор. Ја само што излегов од кола, ми направија претрес, среќа немав ништо :kesa:
 
Осеќам дека цел живот ќе жалам што не ги глеав Пекиншка Патка и Џентлмен. За другиве гајле ми е.
 
Супер Таксират! Но да почнам од почетокот.

Идам накај Метрополис и гледам вонземјанци. Премногу странци годинава што е одлично! Си го наоѓам друштвото и идам внатре. Пред тоа ме претресоа и обезбедувањето ми ги претресе гениталиите. Влагаме внатре и празно. Да, да. Во 7 саат влеговме. Smut. Кога почнаа имаше накај 200 луѓе максимум но одлично со оглед што колку беше часот а и популарноста на бендот. Направија одлична свирка за наши стандарди па зашто не и више. Ајде пауза и пополека почнува да се полни Метрополис. Јас за цело време не палам цигара, зашо нели затворен објект ау но гледам си пушат цигарчиња па ај и јас. Почнуваат White Lies. Одлично звучеа во живо и голем дел од публиката ги знаеше скоро сите песни, на пример како еве јас. Професионалност до крај. Уште повеќе се полни Метрополис и за Пекингшка Патка беше веќе полно. Старите панкери изненадија со енергичниот настап како да имаат по 20 години а не како да се бенд кој 29 години нема извадено сингл. Опет пауза и си земам пиво. Не се лоши цените. Веќе Метрополис е преполн е нема место за дишење плус вратите затворени. Gentleman and Revolution. Според мене најдобриот настап на вечерта. Човекот кој не го ни знаев нешто добро но после вчера вечер, не баш. :) И се спрема нели настапот на вечерта. Ману Чао. За мене подобро да беше чао порано. Многу едноличен настап. Секоја песна импровизирана на истиот начин. Поспор ритам и потоа убрзување во тотално ист ритам во секоја песна. Јас веќе бев умрен и Дубиоза ги ислушав од страна. Гужвите беа неподносливи. После Дубиоза си отидов дома како и голем дел од публиката а за Onyx немам коментар.

Се на се, одличен настан, по малце слаба организација, пушење внатре па дури и многу често марихуана, немање воздух но сепак одличен Таксират!
 
Ние тргнавме од Штип накај 7, па додека јадевме во Скопје, влеговме околу 10. Претреси имаше, ама не толку страшно и беа културни од обезбедување па немаше проблеми. Внатре гужва, таман оставив палто дојде Џентлмен. Човекот имаше супер настап, мене ми се свиѓаше што рашири позитивна енергија, ама некако брзо кидна од сцена - можеше повеќе да свири. Ману Чао мене не ми се допадна, беше еднолично и малку досадно - цело време исти финти, идеме полека па на панк, досадно во секој случај. Едвај чекав да заврши да дојдат Дубиоза. А Дубиоза брате, развалија, свиреа некои скроз нови песни, ја свиреа Боснафариа, свиреа од Фирма Илегал и од новиот албум, дечките развалија едноставно... Трава се пушеше секаде, ама што да им правиш, треба полиција пола Метрополис да затвори. :)) Од Оникс ислушав 5-6 песни пред да си одам и ми се допаднаа многу само што не сум ги слушал повеќе време па да им ги знам песните. :) Ама ми се свиѓаа пошто беа ептен расположени и со ептен олд-скул песни настапија. :))
 
Ајде сеа и ја да се исповедам. Вчера сабјле имав колоквиум од 10 саат. Вечерта пред тоа спиев бедни 3 саати. И цел дена вчера на нозе (освен јадење и кафе) чекав Таксират. Дојде 7, отидовме со дечко ми. Обезбедувањето ми ја претресе ташњата, настана мала збунка пошто чадорот ми беше мокар и сум го ставила во ќесе и девојката од обезбедување мислеше кој знае што е.
Влеговме на SMUT. Немаше гужва воопшто во споредба со гужвата подоцна. Како и да е, вокалот беше многу расположен, направи атмосфера меѓу луѓето кои им ја слушаат музиката. И ај некој нека ми каже како се вика таа песната Мајка ми често збореше. Сум ја слушала порано али сум ја заборавила тотално, па сакав да се потсетам.
White Lies - да ми извините ама освен Добра вечер, ништо не рекоа. Луѓето да не им ги знаеа песните, ќе беше лошо. Цело време типците стоеја на сцена, не мрднаа, седеа во место цело време и свиреа/пееа. Со публикава ни комуникација ни ништо.
Пекиншка патка - секоја чест. Која атмосфера човече. Не им знам ништо, али тие кои ги слушаат се изнажуркаа.

И сеа следи заплетот. Пошто вчера немав седнато на компјутер, врска немав дека Onyx ќе бидат последни. А дечко ми отиде специјално за нив, животна желба му било да ги види, нема песна што не им знае. И он отиде у први борбени редови и таму чита дека следни нема да бидат тие. И туку го гледам доаѓа. Кога дознав дека ќе почнат во 3 саат, скиснав максимално. Со оглед на тоа што сум од Тетово, дома ќе стигнев во 6 сабајле. 48 саати, од кои само 3 спиење. Се изнапцув.

Почна Џентлмен, добар беше многу. Гужва максимално. После тоа Ману Чао Ла Вентура. Отидов многу напред, али не сум многу задоволна од настапот. Песни како Me gustas tu, Bongo bong ги испеа во една минута, ама затоа 20 минути најмалку викаше Ооо ооо оо. Цел настап му беше Ми корасон ооооооооооо. И многу, многу на панк тепаа. А публикава леле еј која неписмена раја. Значи луѓево влагаат во шутка со пивото во вис. И тоа за инает. Идиоти. Цела бев поплавена. И не можам да верувам дека некои луѓе не чуле за постоењето на стик јеботе!!!!
После беа Дубиоза, јас веќе бев умрена, одвај чекав да завршат за да почнат Оникс и да кинисаме. Дубиоза имаа настап и пол. Секоја чест. Народот збесна.
И конечно - Оникс. Почнаа накај 3 и 15. Ццц мрднати еј, многу беа закон. Едниот цела публика ја поплави со вода. Го изнапцуја диџејот и микрофонот. Жал ми падна за диџејот. И после ми беше криво, не видов кога го истепале тој некој кој бил на сцена со нив. Многу енергичен настап. Рецитираа саат време.

Во салата немаше воздух, имаше многу гужва, милиони испиени пива. И народов беше цел издрогиран. Еј дете саглам не можеш да начекаш. Се разочарав од народов.
 
Ехх... имаше саглам, тие старите рокери кои решиле да се свртат кон природата и здрав живот, природен живот, без психотропни супстанци. Малцинство сме, ама не има. Уствари стари рокери сме :)

Мене позитивен впечаток од публиката ми оставија едни дечиња што беа лево од мене на настапот на ОНИКС. Почнуваат црнците и овие соблакаат јакни, дуксови, мајции само по синдикалки почнуваат да се шуткаат. Облеката ја фрлија под нив, like they just don't care.
 
Ме мрзи да пишам, само можам да кажам дека си поминав одлично и све беше топ... освен ова озвучувањето што не беше нај...
Влегов накај 18:30 ваму-таму се пошуткав по малце и дојде 19:00, настап на SMUT... за загревање беа одлични. White Lies ништо посебно, ми скурчија после 2 песни... „Тенјку, тенјку“... А Пекиншка Патка беа врв!... ај доста толку... све нај нај топ беше :D
 
Што беше тоа ганџа бре човече на секој 10 минути по еден минимум се палеше...
 
Што беше тоа ганџа бре човече на секој 10 минути по еден минимум се палеше...

На еден пред мене му се искриви џоинтот ко шпагета, типот падна у депресија :pos:

Туку да ја залепам фотката на фестивалот.
154111_475805708663_5824498663_5635378_4936676_n.jpg

Ирфан Реџовиќ
 
И ај некој нека ми каже како се вика таа песната Мајка ми често збореше. Сум ја слушала порано али сум ја заборавила тотално, па сакав да се потсетам.

Песната се вика - "Татко ми често збореше" :)

И да...одличен Таксират.
 
Што беше тоа ганџа бре човече на секој 10 минути по еден минимум се палеше...

Абре само ганџа да беше, добро ќе беше! Еј ниеден саглам немаше, сите на трипови. Дечко ми вика, некое девојче, цело црвено во носот, ја оставило јакната на земја до неа. И после кога завршиле Дубиоза почнала да ги моли луѓево да и ја дадат јакната. А прати, да пружи рака ќе ја земе, до нозе и бил. Ама девојчево промашувало. До толку што било. И сите и се смееле. И после некој и ја подал јакната и она цела таква леле фала фала.
 
Ехх... имаше саглам, тие старите рокери кои решиле да се свртат кон природата и здрав живот, природен живот, без психотропни супстанци. Малцинство сме, ама не има. Уствари стари рокери сме :)

Мене позитивен впечаток од публиката ми оставија едни дечиња што беа лево од мене на настапот на ОНИКС. Почнуваат црнците и овие соблакаат јакни, дуксови, мајции само по синдикалки почнуваат да се шуткаат. Облеката ја фрлија под нив, like they just don't care.

Дечките се од Штип, на Таксират дојдоа за Оникс специјално. :)) А инаку дуваа многу луѓе, ама и многу се журкаа трезни или барем не под дејство на халуциногени ствари. =) Јас цела вечер бев на едно пиво, па се утепав скокајќи - because drugs are baad, mkey? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom