Тајзи/Tyzee

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
@doorsi еднаш ти го бришав мислењето. Втор пат истото го лупаш без везе. Нареден пат казнени.
 
Закон е човеков бре што ви е на вас. После незнам колку време во телефон имам македонска музика. Уникатен глас, убави летни песни. Се надевам дека ќе си продолжи исто.
 
Tyzee - Regeton

Ова текстов личи ко за деца од 15 години и јас барем тоа и го имам приметено сите вакви фаци како тајзи, скипи и остала компанија ги слушаат тинејџери/ки кои се палат на нив и тек тук по некоја 22 годишна која сеуште е дете во мозокот. Моабетот е што ваквите ликови на македонската сцена многу брзо пропаѓаат или пак остануваат некои 1-2 години како "популарни" и после тоа тек тук како печурка ќе никнат негде на некој си "фестивал" каде што ќе испејат некоја си детска песна...

Твое право е да не ти се допаѓа. Но факт е дека музиката не е поезија иако може да биде (ЕКВ, ДОРС и други). Но на прво место музиката служи за опуштање и добро расположение. А музиката на Тајзи според мене е токму таква. Нарачуваш коктел, легни на тераса или на плажа опушти се и уживај. Текстовите се од таа причина лесни но воглавном имат некоја порака која е многу секојдневна и секој може да ја разбере. Дали му се допаѓа или не тоа е индивидуално. Да заклучам има еден куп песни кои ги слушаме а вооптш немат текстови, имат банални текстови или пак текстови кои не ги разбираме па сепак ги слушаме.
 
Тајзи е новиот слаткар

Сега ќе го билдат доста време ќе прават пари со него ама ќе пројде и тајзи и ќе дојде друг тајзи и тн
 
Тајзи е новиот слаткар

Сега ќе го билдат доста време ќе прават пари со него ама ќе пројде и тајзи и ќе дојде друг тајзи и тн

Со ова се согласувам иако во секое правило има исклучок. Но тоа не е проблем со Тајзи или Слаткар туку воопшто денешната музика. Особено овој вид на музика каде што се раскажуваат најчесто ситуции од сопствено искуство. Мое мислење е дека Тајзи има повеќе потенцијал од слаткар и слични да опстане на сцена зошто музиката не му се заснова исклучиво на текстовите како што е тоа случај во класичниот рап.
 
Твое право е да не ти се допаѓа. Но факт е дека музиката не е поезија иако може да биде (ЕКВ, ДОРС и други). Но на прво место музиката служи за опуштање и добро расположение. А музиката на Тајзи според мене е токму таква. Нарачуваш коктел, легни на тераса или на плажа опушти се и уживај. Текстовите се од таа причина лесни но воглавном имат некоја порака која е многу секојдневна и секој може да ја разбере. Дали му се допаѓа или не тоа е индивидуално. Да заклучам има еден куп песни кои ги слушаме а вооптш немат текстови, имат банални текстови или пак текстови кои не ги разбираме па сепак ги слушаме.
Точно така јас сосема се сложувам со тебе, еве и јас слушам музика на пример Goa Trance што јас мислам дека ти не ја слушаш така и јас не го не можам да го слушам, моабетот ми е што мене јас таква музика кој тој ја прави на не можам да ја слушам, текстовите не ми се океј, музиката на многу минимално ниво е според мене и тоа е тоа.[DOUBLEPOST=1402590854][/DOUBLEPOST]
Со ова се согласувам иако во секое правило има исклучок. Но тоа не е проблем со Тајзи или Слаткар туку воопшто денешната музика. Особено овој вид на музика каде што се раскажуваат најчесто ситуции од сопствено искуство. Мое мислење е дека Тајзи има повеќе потенцијал од слаткар и слични да опстане на сцена зошто музиката не му се заснова исклучиво на текстовите како што е тоа случај во класичниот рап.
Ако веќе правиме споредба помеѓу слаткар и тајзи реално гледано и двајцата би ги ставил во ист кош, но според мене тајзи некако е подобар од Слаткар сепак малку е поразличен од него.
 
Точно така јас сосема се сложувам со тебе, еве и јас слушам музика на пример Goa Trance што јас мислам дека ти не ја слушаш така и јас не го не можам да го слушам, моабетот ми е што мене јас таква музика кој тој ја прави на не можам да ја слушам, текстовите не ми се океј, музиката на многу минимално ниво е според мене и тоа е тоа.

Сум ја поминал и фазата Гоа Транс и други видови на Транс најповеќе по журки. Иначе го респектирам твоето право да не ти се допаѓа некоја музика и тоа е сосема во ред. Лично мислам дека пред 10 или 15 години и мене не би ми се допаднала музиката на Тазји зошто сум бил во разни фази на музичко созревање и некогаш ми било ова поважно некогаш она и така натаму. Со времето полека разбирам дека музиката е воглавном забава и опуштање па така се отвараат други хоризонти во тој поглед. Па така ако вчера слушав Iron Maiden негледам причина зошто денес не би си пуштил некое песниче од Тајзи.
П.С. Секако колку и да се хоризонтите отворени за мене некој видови на музика никогаш нема да дојдат во прашање.
 
Точно така јас слушам скоро се секаков вид на жанр никогаш не сум се определил на на еден жанр но ако правам разлика помеѓу гоа транс и тајзи каде каде е подобро да слушам гоа транс отколку тајзи тоа е мое мислење. Музиката како музика е создадена за слушање кој си сака тоа си слуша. Тајзи јас до сега никогаш не сум имал желба да го слушам едноставно е неговата музика и тој тоа што го прави мене не ми се допаѓа бидејќи јас за на плажа, базен и сл. преферирам електронска музика да си слушам и тоа мене на пример ме опушта додека ете тебе и некои други ги опушта тајзи и јас против тоа немам ништо да вие си го слушате. Но коментарите од тоа тој што го слуша е глуп и ретардиран малку е невкусно тоа или пак тие што не го слушаат дека ние сме луѓе со диплома дека ние се разбираме од музика а остнатите не и тоа не е во ред да се разбереме.
 
Последно уредено:
Мене ме фаќа срам кога ќе го чујам типчево негде.

Ама сепак, поарно да се слуша сегде тој, отколку случајни ј̶у̶г̶о̶с̶л̶о̶в̶е̶н̶с̶к̶и̶ балкански поп-фолк-рок ѕвезди.
 
Не знам зашто воопшто ја отварате темава ако не ја почитувате неговата музика.
На која тема да го пцујам неговиот sellout правец во кариерата?
М? На темата за Битлси?

Ме боли уво за неговата и за музиката

Еве пак ќе кажам - не сум го слушал и немам ни намера да го слушам, но ја имав таа несреќа да го прочитам текстот. Каде да го коментирам текстот на тој?

Уредено од модератор: .Sky.
 
Последно уредено од модератор:
Да не кликнувам за негативни поени така да нека оди темата во контекст оффтопик и сл. ќе биде избришано.
 
И ако не се премислат да се бомбардираат така?
Никако.
Секој има право да слуша тоа што сака, без другите да го заебаваат НЕГО за тоа.
Но, секој има право да си каже што мисли за песните на некој кој јавно ги објавува.
 
Тајзи е ок под претпоставка да имаФ 7-8 години, да немав допир со странична музика, да гледам Три Метри Над Небо и да омилен поет ми беше Лешовски, а роман Белешките на Лајла..........

Сите 5 наброени работи се меѓузависни и само кога се надополнуваат и истите присутни Тајзи е ок.
Е сега то шо едно 7-8 годишно дете нема шанси да ги оствари истовремено сите работи го исклучува ок на Тајзи и преминува во неОК..
Толку ми е неок шо чинам да бев мртов и да му заѕвонеше на некој на гробишта телефонот со песна како рингтон на Тајзи, че станев од ковчег, че откопав земјата, че лупнев дрвото, и че му го акнев од гла :D

Не го моам......многу сака да е реге, а регето се знае на кој му припаѓа. Со сила и вештачкост убајни не бива. :)

p.s слободно коментирајте за изведувачот, што ви душа сака, ама од музички аспект, не влегувајте во политики, партии, мартии и што е најбитно во НАВРЕДИ кон членовите на форумот. Тема е, нормално е да се дешава нешто, но зачувајте си ги навредите и почитувајте правила.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom